v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

  МАКЕДОНИЈА ОД 1941 ДО 1990 година   

10 ДЕЛ 11 ДЕЛ 12 ДЕЛ

 МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА   

-- Во 1941 година, веднаш по распаѓањето на грчката држава, четворица националистички генерали на тогашниот квислиншки диктатор, генерал Чолакоглу, во Атина ја распнале картата на Балканот и на собраните офицери, од типот на џелатот Зервас, им ги дале своите упатства: Зад Олимп е Македонија и вие морате да го дадете животот за да ни ја вратите повторно таа земја во нашите пазуви, ако одбивате да го дадете животот во името на Елада, тогаш останете во Атина и живејте како просјаци..!


грчки злосторства над македонците во Егејска Македонијагрчки злосторства над македонците во Егејска Македонија грчки злосторства над македонците во Егејска Македонија

        Откако Грција во 1941 е окупирана од Италија, Германија и Бугарија, на територијата на Северна Грција се формираат неколку организации на отпорот. Некои од нив се борат против фашистичките окупатори, како ЕДЕС ( десна организација водена од Наполеон Зервас ), додека други се колаборационистички - но заедничко за сите нив е што сите го напаѓаат невиното македонско население во северна Грција, гледајќи ги Македонците како потенцијална опасност.

грчки злосторства над македонците во Егејска Македонија

грчки злосторства над македонците во Егејска Македонија

Германска колона нападната во заедничка акција на дел од борците на Костурскиот баталјон од Првата македонска пролетеска бригада кај селата Смрдеш- Билишта, јуни 1944

грчки злосторства над македонците во Егејска Македонија

Првата македонска бригада во Пела - Постол, 1944 година

     Овој терор е продолжение на теророт за време на режимот на Метаксас, но со многу поѕверски средства. Тука е и ЕЛАС, партизанска армија водена од Комунистичката партија на Грција (КПГ). Иако ЕЛАС во неколку наврати навлегува во македонските села и врши присилна мобилизација, Македонците ја симпатизираат заради позитивниот став на КПГ кон етничките малцинства во Грција.

грчки злосторства над македонците во Егејска Македонија

Македонци од Сер пееле македонски песни

  Најзлосторната вооружена група која врши репресалии над Македонците е колаборационистичката „Тагмата Асфалиас“ (Баталјони за сигурност), која обвинувајќи ги за автономисти, буквално врши физичко истребување на македонското население во западниот дел на окупираниот Егејски дел на Македонија. Конфискации, силувања на девојки и егзекуции извршени од страна на тагматистите се секојдневна појава за Македонците.  

грчки злосторства над македонците во Егејска Македонија

Грчки злосторства над македонците во Егејскиот Дел на Македонија

жените на македонските борци тепани и силувани

Жжените на македонските борци тепани и силувани

Февруарски бесења, силувања, ѕверства и горења живи луѓе - дел од грчкиот геноцид врз Македонците во Егејска Македонија во 1946 и 1949

Солунскиот весник „Лаки фони“, како орган на Бирото на Комунистичката партија на Грција за Македонија објавил дека од 12 февруари 1945 година до 12 февруари 1946 година од грчките власти и терористичките банди биле убиени 1.300 луѓе, биле затворени 20 илјади луѓе и биле прогонувани 200 илјади луѓе. Од убиените 200 биле од Македонија, а од убиените од Леринско, во Костурско и во Соровичко – 98 отсто биле Македонци.

На 12 февруари во 1949 година грчка владина чета од специјалните единици ЛОК и вооружените припадници на реакционерната организација МАИ го опколиле македонското село Изглеби, во Костурско. Притоа ги фатиле и на најѕверски начин ги убиле Ѓорѓи Делов, Христула Делова, како и Глигор Шишков со неговата жена. Ги запалиле нивните куќи, каде што ги изгореле нивните тела. Анастасија Минџова жива ја изгореле во нејзината куќа.

Најзлосторничка оружена грчка група, која вршела секојдневно репресалии врз Македонците, е нацистичко-соработничката група „Тагмата Асфалиас“ („Баталјони за безбедност“). Обвинувајќи ги Македонците дека се автономисти, дословно вршела нивно физичко истребување посебно во западниот дел на окупираниот Егејски дел на Македонија. Оваа фашистичка група бесела и стрелала Македонци, им ги одземала имотите и вредните работи. Припадниците на „Тагмата Асфалиас“ тепале и силувале Македонки, а посебно сопругите на македонските борци.

 

Македонски Народно Ослободителен Фронт - MНОФ

КПГ отпрвин се плаши на Македонците да им дозволи да формираат своја организација, но откако увидува дека незадоволството и нетрпението на Македонците расте, како и заради опасноста од појавување на македонски про - германски организации, КПГ накрај се согласува.

нацистички колаборационист „ Тагмата Асфалиас “- Батаљони за сигурност, гордо до својата ж'ртва - Орестшен 1943 година

Нацистички колаборационист „ Тагмата Асфалиас “- Баталјони за сигурност, гордо до својата ж'ртва - Орестшен 1943 година

Првата македонска воена организација, Македонски Народно Ослободителен Фронт ( MНОФ ) е формирана во 1943 година од страна на етнички Македонци членови на КПГ. Пред формирањето на MНОФ, дел од Македонците од Грција војуваат во Народно Ослободителната Армија на Грција ( ЕЛАС ). Првата цел на MНОФ е да ја добие подршката на целото македонско население, и преку MНОФ да го мобилизира во Грчкиот Антифашистички Фронт ( ЕАМ ). Исто така MНОФ се бори против активноста на ОХРАНАТА во западниот Егејски дел на Македонија. Откако вооружениот состав нараснува, единиците на MНОФ започнуваат да водат битки против нацистичкиот окупатор во Егејска Македонија, соработувајќи притоа со КПГ.

За тоа време, MНОФ печати свој весник, а Македонците прават обиди да организираат настава и печатење на книги на македонски јазик .

Но сето тоа се осуетува со доаѓањето на крајот на Народноослободителната војна во Грција, и на Британската интервенција. Малку пред крајот на војната, увидувајќи дека Македонците успеваат да се сплотат околу MНОФ и создавајќи силна армија, да се претворат во важен фактор во Егејска Македонија, ЦК на КПГ издава наредба за расформирање и разоружување на MНОФ. Некои од командантите на MНОФ, незадоволни од решението на КПГ, предводени од Вангел Ајановски - Оче, заедно со цел батаљон и со оружје преминуваат во Вардарска Македонија. Тука тие учествуваат во завршните операции на Народно Ослободителната Војна во Вардарска Македонија, а потоа од страна на Лазар Колишевски ( да не го окривуваме само Колишевски,.. тука имаат влијание сите раководители на КП Македонија ) се пратени на Сремскиот фронт.

  * МНОФ - од грците бил признает како С-МНОФ ( словено-македонски .... )

greeks crimes against macedonians greeks crimes against macedonians

''GREEK CIVIL WAR - Operations Vitsi & Kaimakchalan
1948 British military intelligence report passed onto Australia - note the racist terms used to describe Macedonians: ''Slav''-Macedonians or bandits''.

''ГРЧКАTA ГРАЃАНСКА ВОЈНА - Операции Вици и Каjмакчалан
1948 британскиот извештај за военото разузнавање предаден на Австралија - забележете ги расистичките термини што се користат за опишување на Македонците: Славомакедонци или бандити.

 

greeks crimes against macedonians

1945 (сега декласифициран) Каблограм на Тајната Британска Надворешна Служба до Австралија - кој наведува дека сé зголемува можноста за "размена на население" помеѓу Грција и Југославија околу прашањето на Македонија - всушност етничко чистење на етничките Македонци во Грција.

НОФ

Формирање на НОФ 

По ослободувањето на Грција и потпишувањето на Договорот од Варкиза за разоружување на ЕЛАС, почнува да излегува на површина тензијата меѓу левите сили и владата подржана од Велика Британија околу прашањето за власта во повоена Грција. Заради дијаметрално спротивните позиции на двете страни, нема никакви знаци за постигнување на консензус за возможна политичка стабилизација на државата. Демократските леви сили се изолирани од процесот, а владата во Атина, подржана од Британската интервенција прави се возможно за да ја земе целата власт за себе - успевајќи притоа во намерата. Откако ЕЛАС се разоружува и демобилизира, КПГ и демократските сили ја држат линијата за политичка борба во рамките на демократските институции, без притоа да спомнува возможност за вооружена пресметка.

нацистички колаборационист „ Тагмата Асфалиас “- Батаљони за сигурност, гордо до својата ж'ртва - Орестшен 1943 година

Одлука на 6. Конгрес на КПГ за признавање на Македонската нација и еднаквост на малцинствата во рамките на Грција (јануари,1935.)

Додека пак КПГ седнува на преговарачката маса со цел да постигне дел од своите цели во рамките на политичкиот дијалог, во Егејски дел на Македонија се активираат десничарски банди, потпомогнати од владини сили кои го тероризираат етничкото македонско население, обвинувајќи го за автономистичка и сепаратистичка дејност.

Иако за време на окупацијата “ Баталјоните за сигурност “ ( Тагмата Асфалиас ) се соработници со нацистите, Британската интервенција и грчката влада не ги расформираат, ниту ги гонат, туку напротив им ги опростуваат гревовите направени во Втората Светска Војна, и ги искористуваат како орудие за борба против комунистите и етничките малцинства. Така на пример ЕДЕС на Наполеон Зервас потпомогнати од единици на Тагмата вршат геноцид и егзодус на етничкото Албанско население во јужен Епир и Чамерија. Истото го прават во десетина Македонски села во Костурско и Воденско.

Вооружени Македонци од Воденско, организирани во НОФ, 1946 

Вооружени Македонци од Воденско, организирани во НОФ, 1946

Гледајќи дека КПГ се ориентира кон борба со политички средства, и неможејќи да го трпи секојдневниот терор и понижување, Македонците од Воден, Костур и Лерин се организираат себеси формирајќи ја организацијата НОФ ( Народно Ослободителниот Фронт ).

НОФ е формиран на 23 април 1945 година од страна на:

 

Михаил Керамитчиев,

Паскал Митровски,

Георги Урдов,

Атанас Коровешов,

Павле Раковски и

Минчо Фотев

Според првиот устав, цели на НОФ се: борба против грчките монархофашистички агресори, борба за демократија и слободна грчка република, и борба за физички опстанок на Македонците во Грција. 

НОФ било Македонско ослободиотелно движење и грците го ословувале како ''СНОФ'' - ''Словеномакедонски,...'', оттука се гледа дека е чисто Македонско ослободиотелно движење.

Млади Македонци од Костурското село Бапчор во редовите на НОФ

Млади Македонци од Костурското село Бапчор во редовите на НОФ

Од колекцијата на Александар Литовски:
На сликата се Ристана Пеова, Александра Ќаова и Кице Пејков!
Македонски партизани во Егејскиот дел на Македонија во војната против Грција 1946-1949 год!

Млади Македонци од Костурското село Бапчор во редовите на НОФ

Мора да напоменеме дека во Катланово - тогашна НР Македонија имало и болница каде се негувале ранетите борци од Егејскиот дел на Македонија. Во околината на Тетово имало и Советска база, од каде се вршеле воздушни напади, но кога се скарале Сталин и Тито, значи Тито бил проблем, базата била затворена и од тогаш работите се смениле негативно за Македонските борци.

Први акции

Отпрвин дејствието на НОФ се ограничува само на организирање на штрајкови, протести на улиците, фабриките, публикување на нелегални весници и памфлети, но наскоро создаваат и вооружени чети.

Вооружени Македонци од Воденско, организирани во НОФ, 1946 

Непосредно пред формирањето на НОФ, Вангел Ајановски - Оче со дел од соборците кои се враќаат живи од Сремскиот фронт, се префрлува илегално во Воден и таму ја формира Тајната Ослободителна Македонска Организација ( ТОМО ) со две вооружени чети.

По создавањето на НОФ, ТОМО се приклучува кон првите и вооружените сили се обединуваат. Македонските членови на КПГ и борците од Егејската ударна бригада од бившиот MНОФ кои во 1944 година се префрлуваат во Вардарска Македонија, сега почнуваат да се враќаат во нивните родни места во Егејска Македонија, и влегуваат во редовите на НОФ. Во 1945 НОФ располага со 12 вооружени чети во Костурско, 7 во Леринско и 11 во Воденско и Ениџевардарско. Овие чети патролираат по селата, и нивна основна цел е да го заштитуваат невиното население. Од средината до крајот на 1945 овие групи водат 30 битки со монархо - нацистичките патроли. Најголемата од нив се случува во близина на паланката Меглен, кога конвој кој превезува политички затвореници е нападнат од сили на НОФ, 14 владини војници се убиени, 9 заробени и сите затвореници ( Македонци и Понтијци ) се ослободени.

Вооружени Македонци од Воденско, организирани во НОФ, 1946 

Во некои Воденски села, дури и Понтијци стануваат членови на комитетите на НОФ. Во Костурско пак многу Власи се вклучуваат во НОФ, паралелно со Македонците. Отпрвин постои отворен конфликт меѓу КПГ и НОФ. КПГ верува во позитивниот исходот од една политичка дискусија и сака НОФ да се разоружи и КПГ да продолжи со преговори. НОФ пак инсистира на вооружена пресметка со монархофашистите (Имале право Македонците, не требале да се мешаат со грците) .



1941/42 грчкиот крал и југословенскиот крал во прогонство во Англија потпишуваат ''обединување - федерација'', како резултат на тоа комунисдтите на Југославија и Грција и тие потпишале ''нивна федерација'', но само на лист, другото е сé лага. Вака ги лажеле Македонците со Македонска држава во склоп на ''таа федерација''. Македонците ги вооружиле со лесно оружје, а грчката комунистичка команда која била во контакт и сојуз со грчките монархисти против Македонците, ги терале ''фронтално'' да се борат, а не ''партизанскѝ'', против тешко вооружените платеници и грчки националисти потпомогнати со авиација од Англија и САД.

Вооружени Македонци од Воденско, организирани во НОФ, 1946 

Раководителите на НОФ знаат дека владата во Атина нема да го исполни нејзиниот дел од договорот во Варкиза, додека пак Захаријадис сеуште верува дека има шанса за некаков договор со Реакцјата. Додека КПГ се реши за промена на стратегијата, т.е. за објавување на вооружено востание во 1946 година, НОФ веќе дејствува самостојно од КПГ, водејќи неколку битки против владините сили потпомогнати од Велика Британија.

Вооружени Македонци од Воденско, организирани во НОФ, 1946 

Де факто, НОФ е еден од факторите кои го стимулираат започнувањето на востанието на демократските леви сили против монархо - нацистичкита влада. НОФ создава регионални и местни комитети во сите области населени со компактно Македонско население (Леринско, Воденско, Меглендко, Ениџевардарско и Костурско).

Истакнати команданти на НОФ

Михајло Керамитчиев
Паскал Митровски
Павле Раковски
Евдокија Фотева - Вера
Вангел Ајановски - Оче
МинчоФотев  
  
   

Тој ''генерал Марко'' всушност работеше со грчките националисти против Македонците и спроведување на геноцид

Гоце Делчев неодвоив симбол на Македонските партизани

Затвореници на грчкиот остров Аи Стратис. Луѓе кои биле проблем за грчката држава во 1949 година, сите се од с. Острово, Воденско

 

Обединување на НОФ со Демократската Армија  

Кога НОФ се претвора во моќен фактор во Егејскиот дел на Македонија, КПГ решава да започне преговори со нив.

Преговорите се водат од страна на Михаил Керамитчиев и Паскал Митровски како претставници од НОФ, и Маркос Вафијадис како претставник на КПГ. Во меѓувреме додека трајат преговорите по наредба на ЦК на КПГ, партизанските единици на територијата на Егејски дел на Македонија, Тесалија, и Пелопонез се обединуваат во единствена Демократска Армија на Грција ( ДАГ ), на чело со генерал Маркос.

Треба да се одбележи дека во Костурско и Воденско, бројот на вооружени лица на НОФ е 3 пати поголем од оној на партизаните од ДАГ. По близу 7 месеца непрекинати преговори, КПГ и НОФ, најпосле доаѓаат до споразумание за обединување. И во средината на 1946 година, НОФ се обединува со ДАГ, предавајќи ја врховната команда на своите вооружени членови на Маркос Вафијадис.

ДАГ на НОФ и го признава правото на социјална и политичка организација на сите Македонци во Грција.

НОФ ќе го организира, обучува и просветува македонското население, и ќе се претвори во неисцрпен извор на војници Македонци за ДАГ.

За време на целиот конфликт, 60% од војниците во Демократската Армија се етнички Македонци. За сето тоа време НОФ и КПГ ја држат таканаречената „ минималистичка позиција “ за решавање на прашањето на Македонците во Грција: рамноправност на македонскиот со грчкиот народ во рамките на една демократска Грција и НОФ го осудуваат и се борат против секоја пројава на автономизам ....
  

Македонците и Граѓанската Војна во Грција

Веднаш по обединувањето на НОФ со ДАГ, партизанските единици лоцирани во Костурско, ги напаѓаат владините сили во падините на Вич планина. По едномесечни борби, Вич планина е исчистена, а по еден месец е ослободена и Грамос планина заедно со сите села таму.

На овој начин во западна Егејска Македонија се формира првата слободна територија. Во понатамошните етапи од војната слободната територија се проширува во правец Лерин - Воден - Меглена. Голем број Македонци се испратени и да војуваат во Тесалија и дури во предградијата на Атина.

организација на жените Македонки - Антифашистички Фронт на Жените - АФЖ

организација на жените Македонки - Антифашистички Фронт на Жените - АФЖ организација на жените Македонки - Антифашистички Фронт на Жените - АФЖ

организација на жените Македонки - Антифашистички Фронт на Жените - АФЖ

Веднаш по средбата меѓу Керамитчиев и претставници од ДАГ, решено е во слободните територии да се отворат училишта на Македонски јазик. Почнуваат да се печатат книги и весници на Македонски јазик, се организираат македонски театри, културни организации и др. Исто така, во рамките на НОФ, се организира организација на жените Македонки - АФЖ (Антифашистички Фронт на Жените) и младинска организација - ОНОМ ( Организација на Народно Ослободителната Младина ).

организација на жените Македонки - Антифашистички Фронт на Жените - АФЖ 

Организација на жените Македонки - Антифашистички Фронт на Жените - АФЖ

организација на жените Македонки - Антифашистички Фронт на Жените - АФЖ 

Македонски партизанки - Антифашистички Фронт на Жените - АФЖ

Во црно во преден план е Теодора Шкорнова, Скорну од Нестрам, Костурско, зад неа Елена Ковачи - Русулиоти од Дупјак, Костурско.

организација на жените Македонки - Антифашистички Фронт на Жените - АФЖ

организација на жените Македонки - Антифашистички Фронт на Жените - АФЖ

Учесници на конференција на НОФ, Д'мбени, април 1949

организација на жените Македонки - Антифашистички Фронт на Жените - АФЖ

Жени учествуваат за помош на ранетите во војната (1946-1949)

организација на жените Македонки - Антифашистички Фронт на Жените - АФЖ

организација на жените Македонки - Антифашистички Фронт на Жените - АФЖ

организација на жените Македонки - Антифашистички Фронт на Жените - АФЖ

во борбените акции на различни начини  биле вклучени и децата

Во борбените акции на различни начини биле вклучени и децата


Македонците се борат многу храбро во Граѓанската Војна и даваат огромен придонес за победите на Демократската Армија. Но наскоро се разгорува конфликтот меѓу Коминтерната и СФРЈ, и секакви врски меѓу ДАГ и СФРЈ се прекинати.

затвореници Солун 1947

Затвореници Солун, март 1947

??????? ???? ?????????

Грчките злосторства против човековата раса, се неказнети, напротив се кријат, жртвите бараат правда

 

Генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис ја прави најголемата грешка во конфликтот кога во 1948 година го разрешува генерал Маркос Вафијадис од должноста командант на ДАГ и на негово место се назначува себе си. Исто така ги распушта поважните воени команданти и на нивно место назначува партијски функционери без никаква воена обука.. Тактиката на Вафијадис во првите три години на конфликтот е многу успешна - герилски напади над монархо - нацистичките сили, со цел истоштување на владината армија.

Сведоштва од Егејскиот Дел на Македонија

Сведоштва од Егејскиот Дел на Македонија

 

  Македонците борци, кои го сочинуваат ’рбетот на ДАГ успешно ја извршуваат оваа задача, и успеваат да ја бранат слободната територија во Егејски дел на Македонија. Слободната територија во првите 3 години од конфликтот се проширува и започнува од Лерин, преку Тесалија се до Атика, а има и ослободени територии во Пелопонез (кои не траат многу).

Вафијадис и ДАГ нанесувајќи им огромни жртви на монархо - нацистите, успева да создаде слободната територија која се протега по селата и планините, додека владините сили се изолирани само во градовите. Но Захаријадис започнува нова стратегија, која се покажува смртоносна за Демократското движење. Захаријадис наредува преминување од герилска во фронтална војна. ДАГ е неподготвена за таков обрт во таа фаза на војната. Згора на тоа, британската интервенција се заменува од американска, и Американците праќаат тенкови, авиони, артилерија и муниција. Имено заради отворената англо - американска помош во логистика, парични средства и тешка воена машинерија ( тенкови, авиони и др. ) за владините сили, како и заради раскинувањето на врските со СФРЈ од страна на ДАГ, доаѓа до пресврт во текот на војната.


Поразот на Демократската Армија

сликата кажува се

Благодарение на лошата тактика на Захаријадис и на новопоставените команданти кои немаат никаква воена обука, како и под ударот на супериорно вооружената монархофашистичка армија, ДАГ почнува да ги губи ослободените територии, и да се повлекува на север. Но иако лесно вооружени, и имајќи само неколку полски топа, ДАГ (составена претежно од Македонци), се бори храбро за секоја педа земја.

сликата кажува се Фотографијата кажува сé

Од обединувањето со ДАГ, во 1946, до крајот на војната НОФ ја држи минималистичката линија, т.е. борба за ремноправност на македонскиот народ со грчкиот во една демократска грчка република. Но, на 5-от Пленум на Комунистичката Патија на Грција, со цел да се мобилизираат повеќе Македонци во ДАГ, а и за да се даде признание за надчовечката храброст на Македонецот борец, и невидената саможртва, на 31 јануари 1949 ЦК на КПГ се објавува за „ максималистична линија
“, т.е. кога ДАГ ќе ја преземе властта во Грција, на Македонците ќе им се признае правото на самоопределување - правото да формираат Hезависна Mакедонска држава обединета во нејзините географски граници. Оваа нова линија на КПГ има одраз врз темпото на мобилизација ( кое и онака е над нормалното ), но не успева да го смени одот на војната.

сликата кажува сеСАД доставија авиони Хелдивер на Кралското грчко воздухопловство и се користеа во битката кај Грамос

сликата кажува се

сликата кажува се Ранетите без соодветна грижа - масакар

 

Сведоштва од Егејскиот Дел на Македонија

Сведоштва од Егејскиот Дел на Македонија

 

 

сликата кажува се

сликата кажува се

сликата кажува се

Мајка и ќерка, погледот на мајката лажува сé

сликата кажува се

сликата кажува се

сликата кажува се



Во битките на Вич и Грамос, под деноноќните бомбардирања со напалм бомби, и артилериски баражи, ДАГ со целиот свој состав и местното население е избркана од Грција. Заради влошените односи со СФРЈ, која ги затвара своите граници, евакуацијата се спроведува преку Албанија.

сликата кажува се

сликата кажува се

  Егзодус на етничките Македонци од Грција 

Грчките монархо - нацисти, гонејќи ја ДАГ, на најѕверски начин го уништуваат секое село што ќе се најде на нивниот пат, физички ликвидирајќи или прогонувајќи го цивилното население. Некои од нив насилно, други по своја волја ( за да се спасат од репресии или ликвидирање ) околу 50 000 луѓе Македонци и Грци пребегнуваат од Грција заедно со силите на ДАГ. На оваа бројка треба да се додаде бројката од 18 000 деца испратени во 1948 по барање на ДАГ од северна Грција во земјите од источна Европа, со цел да ги спасат од ужасите на војната. Сите овие бегалци се транспортирани во социјалистичките земји во источна Европа и во СССР.



          Затоа што линијата на НОФ е против Тито и Лазар Колишевски, на борците од НОФ дури после 1970 им е дозволено да дојдат во СР Македонија, каде тие активно се влкучуваат во стопанскиот живот и допринесуваат за изградба на нивната нова татковина.

macedonian civil refugees escape from the greek terror macedonian civil refugees escape from the greek terror macedonian civil refugees escape from the greek terror macedonian civil refugees escape from the greek terror

macedonian civil refugees escape from the greek terror

macedonian civil refugees escape from the greek terror

сликата кажува се

сликата кажува се сликата кажува се

сликата кажува се

сликата кажува се

Згрижените деца на македонските борци од Егејскиот Дел на Македонија во бегалски кампови насекаде по комунистичка Европа, надор од нивните вековни огништа ( од Егејскиот Дел на Македонија )

Еве која беше судбината на кои беа фатени од грчките националисти

greeks nasionalistik crimes against humanity

Еве која беше судбината на кои беа фатени од грчките националисти

greeks nasionalistik crimes against humanity

Еве која беше судбината на кои беа фатени од грчките националисти

greeks nasionalistik crimes against humanity

Еве која беше судбината на кои беа фатени од грчките националисти

greeks nasionalistik crimes against humanity

Еве која беше судбината на кои беа фатени од грчките националисти

greeks nasionalistik crimes against humanity

Еве која беше судбината на кои беа фатени од грчките националисти

greeks nasionalistik crimes against humanity

Еве која беше судбината на кои беа фатени од грчките националисти


     Во 1982 Грција изгласува закон за национално помирување со кој им се дава дозвола на борците од ДАГ „ со грчко потекло “ да се вратат во државата и да им биде вратена земјата. Но на борците етнички Македонци до ден денес им се негира тоа право.

      Во 1951 година Министерството за северна Грција по претходна консултација со Министерството за надворешни работи, кое било надлежно за „националните работи“, испратило упатство до Националниот сојуз на резервни офицери во Костур за постигнување на „ националните цели “.

Министерот С. Стериопулос ги советувал резервните офицери преку „ просвета и соодветен однос “ да се постигнело „ засилување на грчките национални чувства “ кај Македонците. Во упатството се истакнала потребата Македонците „ да станат не само Грци по свест туку и јазично, отфрлајќи го ксенофониот јазичен идиом, кој го зборуваат меѓусебно во своите домови “.

Во 1958 - 1963 година од страна на грчката влада биле донесени „ посебни програми “ со кои се предвидувало постепена асимилација на македонското население. Донесувањето на овие програми имало цел македонското население да се вклопи во „ националното стадо “. За таа намера во 1959 година биле донесени повеќе меморандуми со кои се барало:

 

>>>>>>> давање групни заклетви <<<<<<<

, каде што жителите на цели села се заколнувале дека нема да користат друг јазик освен грчкиот. Истиот идентичен терор бил спроведен врз Македонците во Албанија од страна на албанските националисти.

Грчката влада ја продолжила својата политика на етничко чистење во Eгејскиот дел на Македонија и во најново време. Во таа активност особено значајна улога имале грчките безбедносни служби, кои врз основа на своите искуства во 1982 година и давале препораки и инструкции на грчката влада како да продолжи со асимилацијата на Македонците во Eгејскиот дел на Македонија. Заради значењето документот го пренесуваме во целост.

Министерство за јавна безбедност и служба за национална безбедност

Атина 16. февруари 1982 година, број на протокол 16502 - 3042 –

Вовед

а) Активностите на '' скопјаните '' за автономија на Македонија може ефикасно да бидат спречени главно преку искоренување на нивниот идиом ( македонскиот јазик ) во регионите блиску до границата. Оваа теза се реализира врз реализирани активности во други региони кои порано беа центар на ‘македонизмот‘ како што е Костур (Касторија), а каде што сега скопската пропаганда веќе нема влијание бидејќи идиомот е речиси целосно искоренет.


б) Овој елемент сам по себе би требало да биде доволен за да се исклучи и самата помисла за репатријација на политичките бегалци кои сега живеат во Југославија, а кои сакаат да ја промовираат ‘ македонската идеја ‘, ‘ македонскиот јазик и македонската култура ‘, независно од нивното учество во организациите како СНОФ ( Славомакедонски народноослободителен фронт ) и НОФ ( Народноослободителен фронт ) и активности за отцепување грчки територии за време на граѓанската војна од 1946 до 1949 година.

в) како доказ важно е следново:


1. Да бидат создадени државни институции кои ќе бидат зависни од префектурите во регионите што се наоѓаат блиску до границата, кои ќе бидат опремени со луѓе кои се погодни и специјално обучени за антимакедонизам. Во овие институции мора да земат учество единствено ваков тип луѓе под супервизорство на Министерството за надворешни работи, а треба тесно, но тајно да соработуваат со безбедносните служби, како и со сите други јавни институции ( како што се даночни канцеларии, училишта, црквата, армијата итн. )

2. Јавните службеници, а особено оние кои ќе бидат вклучени во образовниот процес, треба целосно да го игнорираат локалниот ‘идиом‘ ( локалниот говор на македонски јазик ).

3. Креирање и промоција на специјални семинари за едукација и обука на сите вработени во јавната администрација кои работат во регионите во близина на границата.

4. Да се создаде мотивација за оние службеници што ќе мораат да дојдат на служба во овие региони, и за други вработени, што значи да им се обезбедат средства за да платат кирија, дополнителни парични средства итн.

5. Создавање Културни здруженија како што е ‘Аристотелис‘ во Лерин ( Флорина ), кои треба да добијат финансиска помош за реализација на нивните приредби и промоција на книги, весници, списанија итн. Потоа, овие списанија треба да бидат испратени во дијаспората која има потекло од овие региони. Тоа ќе го подигне нивното национално чувство и на тој начин ќе бидат заштитени од антигрчката пропаганда што ја вршат '' славомакедонските '' организации.

6. Да се измислат и направат различни пречки ( непризнавање на дипломите, одложување на воениот рок и сл. ) за грчки студенти кои сакаат да студираат во Скопје.

7. Во секое село да се пронајдат највлијателните поединци кои заради својата индивидуалност и популарност привлекуваат голем број соселани и на секој начин ( вклучувајќи и подмитување ) да се доближиме до нив и да ги искористиме правилно за да бидат предводници во борбата против користење на идиомот ( македонскиот јазик ) внатре во нивниот круг.

8. Во оваа смисла, мошне позитивна улога може да изврши подмладокот на политичките партии, со процена и координација на владата, кога ќе се создадат меѓупартиски договори.

9. Да се регрутираат во армиските сили, полициските органи и други јавни служби, лица од регионот на Лерин ( Флорина ) и задолжително да се испр
атат на служба во други региони во Грција. Да се охрабри раководството на армијата да има контакти и да склучува бракови со жени од регионот кои зборуваат на идиомот (македонскиот јазик).

шеф, Димитрис Капеларис.

Имајќи ја предвид наведенава инструкција во 1982 година грчката влада донела закон број 106841 со кој извршила амнестија на политичките бегалци ‘Грци по род‘, односно само на етничките Грци им се враќало државјанството. Со овој закон не се опфатени етничките Македонци.

Со овој закон е извршена расна дискриминација врз Македонците и тоа во исто време кога Грција како земја е членка на Европската конвенција за човекови права и на Меѓународната конвенција за елиминирање на сите видови расна дискриминација. Како членка на овие меѓународни институции Грција е обврзана да не спроведува дискриминација по етнички мотиви.

Во 1985 година Грција го донесе законот бр. 1540 со кој на политичките бегалци им се дозволува да побараат враќање на одземените имоти, но под услов ако се ‘Грци по род‘, со што повторно е извршена расна дискриминација врз етничките Македонци“. 

  

    СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

 

   во одбрана на вековните огништа билео вклучено масовно македонското цивилно население

во одбрана на вековните огништа билео вклучено масовно македонското цивилно население 

Bо одбрана на вековните огништа било вклучено масовно македонското цивилно население

     

Грчката колонизација во Егејскиот Дел на Македонија 1913-1953

Грчката колонизација во Егејскиот Дел на Македонија 1913-1953

Сведоштва од Егејскиот Дел на Македонија

 

    Децата бегалци и нецивилизираната Грција

       Македонците во Егејскиот Дел на Македонија, Децата бегалци и нецивилизираната Грција

 

 [1].

      Откако се расипаа односите меѓу Сталин и Тито ние останавме ниту горе ниту долу. Дојдоа руски авиони и преку Белград не однесоа во Унгарија, раскажува Фана Митревска, која нејзините деца, кои ја доживеале судбината на бегалците, си ги пронашла во Чешка!


За време на Метаксасовата диктатура се одредувале парични казни за оние кои ќе проговореле на македонски јазик. Тоа се случувало и со семејството на Фана Митревска, некогашниот учесник во Граѓанската војна во Грција. Нејзиниот татко бил парично казнуван затоа што на својот добиток му се обраќал на македонски јазик! И во училиштето учителите ги карале ако проговореле на македонски јазик. Сепак, во домашни услови, скришум во нејзиното семејство се говорел мајчиниот јазик.

Митревска е родена во село Граждано, Леринско, Егејска Македонија, во 1922 година. Како и повеќето наши соговорници, така и таа основното училиште го завршила во родното село, на грчки јазик.

Митревска како младинка го помагала ЕЛАС, им носела храна и оружје. За време на Граѓанската војна во Грција, во нејзиното село постоел народен одбор, а во 1947 година најпрво ги мобилизирале мажите. Во тој период жените им помагале, но се враќале дома кај децата. Нивниот ангажман станал поактивен на почетокот на 1948 година кога и тие биле мобилизирани.
"Не однесоа на обука во околината на Преспа. Таму бевме шест месеци, а првата борба ни беше во Лерин, во 1948 година. Еден шрапнел одмина и ме погоди во пределот на бубрезите. Со помош на еден поручник бев однесена во Ерменско. Во тамошното училиште имаше импровизирана болница. Таму ми ја преврзаа раната, но пред да интервенираат посеопфатно, болницата беше нападната. Јас и поручникот успеавме да се извлечеме и да дојдеме до Псодари. Во ова село имаше камиони кои пренесуваа песок, се качивме на нив и заминавме во селото Лак. Потоа со кајче ме префрлија во главната болница во Пешта - Граждано", се потсетува Фана.



СИ ГИ ПРОНАШЛА ДЕЦАТА ВО ЧЕШКА
Таа раскажува и за тоа како страдала поради тоа што не знаела каде се нејзините деца. Всушност, и нејзините деца ја доживеале судбината на децата-бегалци. Животниот пат на
Фана продолжил во Церје - Албанија, каде била мажена нејзината сестра, а потоа во Корча каде останала до 1949 година.
- Бев многу болна, ниту јадев, ниту пиев, само плачев. Иако доаѓаа бродови кои ги носеа војниците во Русија, ние кои бевме болни останавме. Ми велеа дека ќе умрам по патот ако тргнам со нив. Дојде еден доктор, Русин од Југославија, ме однесе на рендген и ми рече: "Ти имаш здрав организам затоа и си издржала досега, но ако продолжиш вака ниту Господ не те спасува, децата ќе ги најдеш, а ти прибери се". Го послушав неговиот совет и почнав да заздравувам. Откако се расипаа односите меѓу Сталин и Тито ние останавме ниту горе ниту долу. Дојдоа руски авиони и преку Белград не однесоа во Унгарија".
Митревска таму дознала дека нејзините деца се наоѓаат во Детски дом во Чешка. Со помош на Меѓународниот црвен крст заминала во таа земја, каде се сретнала со своите деца, со свекрвата, мајката на нејзиниот прв сопруг, кој починал во војната, и со нејзината сестра, која имала улога на "мајка" во домот.


И ВО ТЕКОТ НА ВОЈНАТА НЕ НАРЕКУВАА СЛАВОМАКЕДОНЦИ
Уште еден борец во Граѓанската војна, Стојан Трпчевски, се присетува на тие денови.
- Се боревме за татковината, тоа беше наш идеал. Во 1946 година се групираа единиците, во 1947 година се формира ДАГ, а кон крајот на истата година ДАГ доби привремена Влада. И ние имавме македонски организации како, на пример, НОФ. Направивме договор меѓу македонското НОФ и грчкото КПГ. Договорот беше дека кога ќе ја ослободиме Грција ќе добиеме автономија, јазик, школи. Со тие идеи одевме напред, не гледавме дали ќе загинеме. Но, што се случи, потоа... Паднавме на испит. И во текот на војната, во КПГ не нарекуваа Славомакедонци, на што им се спротивставувавме, а и не бевме многу сигурни дали доколку успееше Граѓанската војна, КПГ ќе ни го дадеше тоа што ни го вети", вели Трпчевски и дополнува: "Во текот на војната имаше многу предавници од редовите на ДАГ. Затоа ја одложија битката на Лерин. Нашите борци се предаваа само за да бидат со своите фамилии, а имаше и други паравоени формации. КПГ наоѓаше триста начини да не убедува како да останеме таму. Сепак, погледнато од денешен аспект, произглегува заклучокот дека некој ја смисли оваа војна за да се исчистат Македонците од Грција.


МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЦА КАКО ЈАНИЧАРИ
Евакуацијата на децата беше по наредба на КПГ. И денес КПГ не не признаваат како Македонци. Страшна беше глетката кога во април-мај 1948 година ги собираа децата. Македонците наседнаа. Веројатно тоа беше намерна чистка, а пред да се евакуираат децата, грчката кралица Фредерика имаше дадено наредба сите деца од тие села да се соберат и да се однесат во Атина за да ги направи јаничари. По војната, до 1950 година, таму останаа некои борци на ДАГ, а тоа беа оние кои беа затворани во концентрациони логори.


Трпчевски открива интересни моменти и за битката за Лерин.
"Помина 1948 година и дознавме дека Захаријадис рекол оти ќе го нападнат Лерин. Секој доби задача, јас отидов во Бела Вода, а други во Псодари. Лерин требаше да го нападнеме на 12 февруари, рано во зорите, но шпионажата добро работеше. Иако официјално е запишано дека борбата е водена на 12 февруари, всушност битката на Лерин се случи на 13 февруари.

Монархофашистите го искористија претходниот ден и добро се вооружаа, а на помош им дојдоа и авиони. Иако влеговме во Лерин, сепак не успеавме да ги поразиме монархофашистите и да го ослободиме градот. Бевме сардисани. Се вративме во Преспа и се стациониравме во Желево. Дел од армијата се врати на Грамос, а таму ДАГ капитулираше. Некои војници се стационираа во Албанија, други во Русија, Ташкент, трети во Југославија, Бугарија, Романија. Единиците се распрснаа и згасна целото движење", посочува некогашниот учесник во Граѓанската војна во Грција, во која неколку пати бил ранет.

[2]

Во Грција имаше училиште на македонски јазик!




- Борбата се водеше за Грција да стане демократска држава. Не убедуваа дека се бориме за човекови права, а ни ветуваа дека ние, Македонците, ќе добиеме училишта на македонски јазик. Во 1948-1949 година имаше училиште на македонски јазик, и тоа во селото Желево. Всушност, прво се подготви кадар, а потоа се отворија училиштата, но не за долго.

Ова го објаснува некогашниот учесник во Граѓанската војна во Грција, Ѓорѓи Мацков. Тој е роден во далечната 1930 година, во село Сетина, Леринско, каде завршил и основно образование.



На прашањето дали КПГ манипулираше со македонските партизани, и со тоа што дозволи привремено да работат училишта на македонски јазик, на некој начин ги условуваше Македонците да се борат во Граѓанската војна, Мацков одговара:

"Многумина го тврдат тоа. Всушност, ни прочитаа наредба дека треба да се зборува на грчки јазик за да разберат сите. Грците не ни ги дадоа училиштата за што наводно многу се грижеле, туку македонските раководители сами успеаја да ги извојуваат, односно да ги добијат. На еден конгрес во Бапчор беше кажано дека македонското раководство само си ги извојувало правата. Во војната учествувавме под притисокот дека има потреба во неа да се ангажираат и Македонците. Училиштата постоеја кратко време, по што тие се распаднааа, вели Мацков, кој, како и многуте наши претходни соговорници, учествувал во оваа војна, која се водела против кралска Грција, бидејќи КПГ им ветувала на Македонците дека ќе добијат демократски права.

ИМ ГИ МИНИРАВМЕ КАМИОНИТЕ


Во однос на прашањето за акциите против монархофашистите, тој го истакнува своето учество во борбите кај Фалцата - Костурско, во 1947 година, но исто така, и учеството во оние во селото Загоричани, кое било опколено од монархофашистичката војска и полиција. Тогаш партизаните првпат употребиле артилерија. Ги спомнува и акциите на Вичо и во Сињачко. V
Како учесник во војната бил директно вклучен во единицата, односно во четата во состав на 18. бригада. Таму бил 12-13 месеци, а потоа во 1948 година, кога единицата била прегрупирана, се вклучил во техничката единица за минирање.

"Имавме некои информации дека ќе се врши размена на монархофашистичката војска од Кожани во Костур. Ја чекавме размената и го миниравме патот. Монархофашистите се движеа од Костур, Сињачко кон Богатско. Имаше 12 камиони. Ги дочекавме наутро, а камионите им ги миниравме. Потоа дојдоа авионите и нас не бомбардираа. Пристигна друга монархофашистичка војска од Костур. Во Сињачко војувавме до ноќта. Имавме и жртви. Тука загинаа и двајца англиски офицери", раскажува Мацков.

Овој партизан се борел и на Вичо, како и во реонот на Мала Бигла над Лерин. Не учествувал на Грамос, но сепак таму заминал поради друга задача, односно со неколкумина требало да го префрлат на Грамос генералниот секретар на КПГ, каде што всушност се наоѓал штабот на партизаните.

ИМАВМЕ МНОГУ ЖРТВИ И ГИ ГУБЕВМЕ ПОЗИЦИИТЕ

"Во февруари 1948 година Захаријадис излезе од Атина. Но, не знам дали на нашата слободна територија дојде преку Југославија или преку Лерин. Нашата единица беше лоцирана на слободната територија која го за фаќаше просторот од Смрдеж, Косинец кон Костур, близу албанската граница. Добивме наредба, десетина луѓе во кои имаа доверба, генералниот секретар да го префрлиме во штабот на Грамос. Но, откако дојде тој нареди да не се војува партизански, туку фронтално, гради в гради. Тоа беше голема грешка. Во меѓувреме слушнавме дека Захаријадис го сменил генерал Маркос. Тоа се случуваше на крајот на 1948 година. Оттогаш почнавме фронтално да војуваме, имавме многу жртви и ги губевме позициите", се потсетува борецот Мацков.

Неговата единица војувала и во Калуѓерица, на Трсјанската Планина и во Турија. Но, како што раскажува нашиот соговорник, на монархофашистите им дошла огромна помош, поради што партизаните се повлекле и ДАГ капитулирала. Во јуни 1949 година Мацков се повлекол од преспанскиот дел во Македонија.

ПОЛИТИКАТА НА ЗАХАРИЈАДИС БЕШЕ ПРЕДАВНИЧКА

Мислам дека политиката на Захаријадис беше предавничка. Не знам дали некој може да ме демантира. Како можеше Захаријадис слободно да се шета во Атина, а кога дојде на слободната територија на партизаните веднаш да им нареди фронтално да војуваат. Генерал Маркос му се спротивстави велејќи дека ние не сме подготвени така да војуваме, но веднаш потоа беше сменет. Всушност, Маркос беше во право кога на генералниот секретар на КПГ му велеше дека ние не сме вооружени за таков начин на војување, па затоа и ги губевме позициите, а фашистичката војска стануваше се посилна. Мислам дека токму поради политиката на Захаријадис се случи крахот на ДАГ, иако не верував дека ќе можевме уште многу да из држиме, сепак сигурно немаше толку брзо да пропаднеме", посочува Мацков.

[3]

Татко ми го тепаа пред цело село


Не плашеа, пукаа во воздух, но ништо не им кажавме. Не однесоа во лозјето, не врзаа за една кајсија, не тепаа. Командирот почна да ме милува и да ме наговара за да кажам каде е татко ми. Откако ништо не им реков, не соблекоа голи, не нурнаа со главата во водата во изворите Корада, не оставија да не изгори сонцето. Цел ден не мачеа, се заканија дека ќе ни ја запалат куќата и дека ќе ни ги земат сите свињи...



Ташо Чапканов Мицев е роден 1931 година во село Нисја, Воденско. Иако учел на грчки јазик, сакал да зборува на мајчиниот македонски јазик и затоа добивал многу ќотек од учителот. Се сеќава и на тоа како учителот скршил 21 прачка удирајќи го по рацете, само затоа што зборувал на македонски. Од 45 деца кои учеле во училиштето само еден се погрчил, а останатите не се покориле. Дома во семејството, па дури и надвор, зборувале на македонски јазик. Иако Воденско е чисто македонска област, според кажувањата на соговорникот, се делела на гркомани и бугарофили. Горното маало ги нарекувале бугарофили, а Долното маало биле гркомани, кои ги кодошеле Македонците, а го кодошеле и Ташо. Го шпионирале и кога тој одел во планините за да му носи храна и облека на неговиот татко кој, исто така, бил партизан.

НЕ ОСТАВИЈА ДА НЕ ИЗГОРИ СОНЦЕТО

"Знаев каде се наоѓа неговиот штаб. Ме следеа грчките шпиони од нашето село, од Долно маало. Секогаш ме пресретнуваа и ме прашуваа дали сум се видел со татко ми. Јас кажував дека одам да берам дрва. Но, еднаш ме открија. Дојде цела чета грчки платеници и неколкумина, меѓу кои и јас, не мачеа, не врзаа со јаже, не малтретираа само за да кажеме каде ни се татковците. Не однесоа на изворите Корада, а потоа кај командирот на таа платена војска. Не плашеа, пукаа во воздух, но ништо не им кажавме. Не однесоа во лозјето, не врзаа за една кајсија, не тепаа. Командирот почна да ме милува и да ме наговара за да кажам каде е татко ми. Тогаш се појави еден наш роднина за кој знаев дека е шпион од селото. Тој ми рече дека доколку им кажам каде е татко ми нема да го судат. Откако ништо не им реков, не соблекоа голи, не нурнаа со главата во водата во изворите Корада, не оставија да не изгори сонцето. Цел ден не мачеа, се заканија дека ќе ни ја запалат куќата и дека ќе ни ги земат сите свињи. На крај јас кажав погрешна информација. По нивна наредба тргнавме на тоа место, но за наша среќа од Руселенската котлина пукна некоја пушка. Тие се разбегаа, нас не ослободија".
Наредниот ден Ташо повторно заминал во коријата каде бил татко му. По посетата тој го испратил до лозјето и му кажал дека утредента сака да се види со сопругата. Но, во раните утрински часови непријателите почнале да пукаат на два километра од нивната куќа.

ГИ ВРЗАЛЕ НА СРЕД СЕЛО И ГИ УБИЛЕ

"На 24 јули 1946 година - додава соговорникот - татко ми беше фатен на планината Ниџе, Голем Камен. Во една пештера беше скриен реонскиот комитет. Дојде четата на Коминото (платениците) и ги опколи.

Едниот го убија на лице место, другиот беше ранет, татко ми жив го фатија, го однесоа во селото и го тепаа пред сите селани. Велеа дека сме му правеле големо зло на селото, но не беше така. Истиот ден кога почна пукањето излеговме и јас и браќата. Ги пуштив свињите, а оние кои претходно ме тепаа гледаа како јас одам со свињите, ми се потсмеваа, велејќи ми - ти не ни кажа каде е татко ти, но ние сами го најдовме. Земи го коњот од гумното за да го товариш татко ти. Јас им велам - вас ќе ве товарам. Сепак, татко ми го заробија. На заминување се гушнавме, тој ми даде список со 12 шпиони од селото и ме посоветува цело семејство да одиме во партизани. Подоцна му ја исполнивме желбата".

Нашиот соговорник, со списокот кој му го дал татко му, заминал во теовската корија, каде се наоѓал Штабот на партизанската единица на реонскиот комитет. Ја пренел информацијата за заробувањето на татко му, по што тие му рекле дека вечерта ќе дојдат во селото. Како што му кажале така и направиле. Го опколиле селото, а неколку шпиони побегнале. Од 12 пронашле само четворица. Ги врзале на сред село и ги убиле, им наредиле на селаните никој до раните утрински часови да не ги допре мртвите тела за другите да гледаат дека тоа што го правеле кодошите тоа и ги нашло. Ветиле дека ќе ги најдат и останатите кодоши. Кога се разденило непријателите почнале да пукаат по партизаните, семејството на нашиот соговорник било скриено. Монархофашистите ги закопале умрените со сите почести. Братот на Ташо сакал да го посети татко им кој бил однесен во затвор во Воден, но поради тоа што ги навредил џандарите бил претепан и сместен во болница. Ташо и мајка му заминале за Воден, за тој да го посети братот во болница, а мајка му да го посети сопругот. Во болницата нашиот соговорник го видел брат му, дури и успеал да го извлече од таму. Но, не за долго. Монархофашистите го пронашле и го затвориле.

На 27 јули почнало судењето на татко му, а на 28 го стрелале. Тоа било еден ден по стрелањето на Мирка Гинова. Четата на Мирка Гинова била фатена на 22 јули, а на неговиот татко на 24 јули.

Откако го убиле татко му цело семејство заминало во планините. Прва дестинација им била Кациката во бањата "Пожарско", каде имало и болница. Мајка му подготвувала храна за партизаните, а го дале и целиот добиток кој го имале. Селото било опустошено од монархофашистите. По три-четири месеци мајка им ја пренеле во тогашна Југославија, во Булкес, Војводина. Десеттина од единицата во која бил и нашиот соговорник биле задолжени за поставување мини на патот за Лерин, на Мухарем хан.

Мини ставале два пати во Воден, еднаш нашиот соговорник фрлил бомба на гимназијата. На Кајмакчалан почнале офанзивите. Се формирала чета за Грамос. Сите штабови се споиле во едно. Преку Лерин заминале во Костурско, потоа на фронтот на Грамос.

ЗАГИНАА 700 ЛУЃЕ

"Почнаа големите борби, загинаа 700 луѓе. Нашата чета од Воденско беше составена од 128 борци, а на Грамос заминавме сите чети, вкупно бевме 3.000 борци. Борби се водеа до крај, кога се фрлија двајца младинци на ЕПОН, една девојка и две момчиња. Се фрлија од врвот Клефти на Грамос, не можеа да се спасат, беа опколени, но живи не се предадоа.

Се повлековме во Руља, Брезница, Костурско. Се собравме 14., 16., и 18. дивизија. Дојде Маркос и ни соопшти дека ќе се бориме партизански, не фронтално, бидејќи Грамос го изгубивме, планините ги браниме, градовите остануваат. Требаше од 10 до 20 души да одиме по селата и градовите. Чекавме наредби, но Захаријадис рече дека ќе се бориме фронтално, цел му беше да се истребат Македонците", вели Ташо.

Бурундарите ги силувале жените на борците



[4]

      Од Горничево добивме информација дека "бурундарите" влегле во селото и ги силувале жените на борците. Двете стражарски смени организирано, со патроли, со оружјето заминаа на планината. Почнаа заседите. Тоа се случуваше во 1945 година. По тој повод, сите Егејци кои бевме на границата со Грција, не собраа и не испратија од Љубојно, Коњско, Стење, до Свети Наум.

Лазо Поповски е роден во 1924 година во село Острово, Воденско. Детството го минал во родното село каде завршил и основно училиште на грчки јазик. Тој се потсетува дека како деца,

кога си играле во дворовите, добивале ќотек само затоа што во играта го користеле македонскиот јазик. Во селото имало многу Маџири, кои учителите ги испраќале за да ги шпионираат децата кои зборуваат на македонски јазик. Нашиот соговорник раскажува и за случката кога учителот Ташо Гошопуло, по потекло од Граматико, Воденско, кој подоцна бил командант на партизанските одреди, претепал група деца кои меѓу себе зборувале на македонски јазик. Иако и Ташо зборувал македонски, сепак поради функцијата која му била дадена во училиштето, се однесувал така лошо со децата.

Не собра десетина деца од второ-трето одделение и со стап секој од нас доби ќотек. Брат ми беше шеф на поштата, па затоа Гошопуло имаше респект кон него. Учителот ме викна и мене за да ме праша зошто сум зборувал на бугарски. Му кажав дека јас не го знам бугарскиот јазик и оти зборувам на македонски. Потоа така ме претепа што цела седмица не можев да одам на училиште. Брат ми отиде кај командирот на војската и му кажа за случката, кој му рекол дека за ова треба да го претепаат учителот. Командирот организирал една група, која намерно направила инцидент во кој се вмешал учителот, при што го добил заслужениот ќотекк, се сеќава Поповски.

ЏЕМО УСПЕА ДА НИ ПОБЕГНЕ

Во мај 1943 година тој станал многу поактивен и почнал да се движи и надвор од селото упатувајќи се се до Русилово, Кдрво. Имено, Поповски бил ангажиран во пренесувањето на партизани до одредена дестинација. Раскажува за тоа како со уште двајца другари пренеле некои личности од Југославија, кои се наоѓале во Жерви, преку Русилово за Кдрво, влашко село над Каракамен. Кон крајот на 1943 година заминал за Родево. Кога се воделе борбите на Мухарем со бугарската охранаа (заштита), која ги изгорела селата, тој бил курир. Во 1944 година, кога се насетувал крајот на војната и кога Грците сакале да ги разоружаат Македонците, а при тоа да ги измешаат партизаните со грчките единици, македонските единици кои биле поорганизирани се префрлиле во Југославија.

Се потсетува и на тоа како една група партизани од Битола тргнала пеш кон Велес, каде им бил организиран убав пречек, па потоа дошле во Скопје, по што својата единица ја пронашле во селото Врапчиште, Гостиварско. Задачата на таа бригада била да ги исчистат балистите, остатоците на фашистите. Во овој крај останале до февруари.

Имаше многу студена зима. Дури еднаш од студ ни замрзнаа и пушките. Многу пати одевме од Врапчишта до Ѓургевишта. Кога го опколивме Ѓургевишта, во последната куќа од селото се наоѓал озлогласениот Џемо, но успеа да ни побегне. Нашата бригада доби задача да се повлече. На наше место дојде 12. бригада, прилепска, која беше вратена од Сремски фронт. По неколку дена таа бригада го фати Џемо, некој го предал. Ние дојдовме во Скопје и се подготвувавме за првата парада во главниот град по ослободувањето. Таа се одржа на први мајј, раскажува за своите спомени Поповски.

ОРУЖЈЕТО ГО СОКРИЈА ВО ПЕШТЕРИТЕ

Во Југославија, како што објаснува соговорникот, дошле затоа што мислеле дека тука ќе останат кратко време и потоа ќе се вратат во Егејска Македонија. По извесно време се слушнало дека Тито собирал војска од Македонија и сакал со војна да ја отцепи Егејска Македонија од Грција. Дошла наредба да се расформира бригадата и таа да влезе во состав на југословенската војска. Така и се случило, некои заминале за Струмица, а баталјонот во кој бил Поповски бил стациониран во Битола.

Таму беше одржан состанок на кој присуствуваше еден од Главниот штаб на ДАГ и ни рече дека во Грција формирале партизански одреди. Кога се расформира ЕЛАС оружјето го сокрија во пештерите, имаше луѓе кои тоа го знаеја, па под притисок им го дадоа. Немаме верни луѓе да ни го штитат Главниот штаб - ни рече Гркот - затоа ќе ве замолиме 500-600 луѓе да дојдете како негова заштита. Една единица Вардарци, по капитулацијата на Бугарија, со пушки дојде на помош, со цел да одат во Грција, но кога видоа дека нема ништо од тоа одење се врати назадд.

ЗА ДА НЕ ОДАТ В ЗАТВОР, БЕГАА ВО ПЛАНИНИТЕ

"Од Горничево добивме информација дека "бурундарите" влегле во селото и ги силувале жените на борците. Двете стражарски смени организирано, со патроли, со оружјето заминаа на планината. Почнаа заседите. Тоа се случуваше во 1945 година. По тој повод сите Егејци, кои бевме на границата со Грција, не собраа и не испратија од Љубојно, Коњско, Стење, до Свети Наум. Таму, формиравме единица за да ја чуваме границата во реонот од Преспа до Охрид. Кон крајот на 1945 година сите бевме вратени од границата, во Битола. Ја сменивме униформата, и во камиони, преку Гевгелија, Кожув, заминавме на Кајмакчалан, Пајак Планина. Други заминаа преку Преспа. Во Грција се здруживме со партизаните. Почна второто партизанство. Поведовме борби. Народот почна да се организира, а се врати и царот кој беше избркан. Се вратија царските војски, а по договорот во Варкиза почнаа да ги гонат и партизаните. За да не одат в затвор луѓето бегаа во планините. Почна мобилизацијата. Одевме од битка во битка, а немавме ниеден ранет. Дојде наредба да одиме во Вермион. Водевме битки на Каракамен, Негуш, Воден... Како одевме, така паѓавме во заседи, но дојдовме до Кардица... По долги перипетии нашата единица мораше да се повлече. Бев во единицата на тешки митралезии.
Поповски раскажува за тоа како по повлекувањето останале само двајца и тие се упатиле во партизанската област Вргана. На патот до таа област им се придружиле уште тројца партизани. Во оваа област Поповски нашол соборци од своето село. "Гледам - се потсетува нашиот соговорник - деца зборуваат македонски и ми дојде душата. Имаше борци од Русилово и од Острово. Се сместив во таа единица додека се снајдам. Со штитот од италијанските пушки ги продупчив свинските кожи, кои цело време ги носев на нозете, и направив опинци".

несреќните македонски бегалци

несреќните македонски бегалци

несреќните македонски бегалци

несреќните македонски бегалци

несреќните македонски бегалци

Автентични сведоштва на учесниците и жртвите на Граѓанската војна во Грција што сé уште трае 

несреќните македонски бегалци

 
 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

'' ,.. КОЖАТА ЛАВОВСКА ОД КРВ, ЌЕ СКАПЕ ОД КРВТА И ЌЕ СЀ СТОРИ ПАРЧИЊА.

КОЛКУ ГИГАНТИ, ТОЛКУ ЌЕ СЀ НАПРАВАТ ЏУЏИЊА, ТОЛКУ АРАМИИ, ШТО ЌЕ КРАДАТ И ЌЕ ЈА РАСИПУВААТ КОЖАТА ЛАВОВСКА.

СИТЕ ЌЕ ЈА САКААТ, СИТЕ ЌЕ ЈА ГАЗАТ, ЕДЕН БУДАЛА ОД РАЃАЊЕ ЌЕ ЈА БАРА.
ПУРПУРОТ ЌЕ СЕ ИСКИНЕ И ЌЕ СЕ НАПРАВИ ВАЛКАН ОД КРВТА И КАЛТА.
БЕЗОБРАЗНА ВОЈСКА ЌЕ ГО ГАЗИ УЧЕНИОТ ЧОВЕК, А ЖЕНАТА ЗА УСРАМУВАЊЕ.

НА ПОП ЌЕ ГО ДАДАТ ПУРПУРОТ ЗА ЛАЖЕЊЕ.
ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА ЌЕ СЕ КОЛАТ И ЌЕ СЕ НАДЕВААТ НА РAЖЕН.
СИНОТ НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ СМЕЕ И ЌЕ СЕ СМЕАТ ДО НЕГО.

ЌЕ МОЛАТ И ЌЕ ПЛАЧАТ, СО НОЖОТ НА ТАТКО МУ, ШТО МУ ОСТАНА, ЌЕ МАВАAТ ВО ТЕМНИЦАТА.
ТРИЕСЕТ И СЕДУМ ДЕНА ЌЕ ПОМИНАТ КОГА ВИДЕЛОТО НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ УГАСИ И ПУРПУРОТ (СОНЦЕТО) ШТО ГО МИНУВА СИНОТО ВИДЕЛО НА НЕБОТО, ЌЕ СЕ ВРАТИ И ЌЕ ГО СТОЛИСА ВЕКОТ.

СКАПАНОТО СО ОГАН, ДЕЦАТА НА БОЖИЦАТА МАЈКА ( ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА), ЌЕ ГО ИСЧИСТАТ БОЛНИОТ ВЕТAР.

ЗОШТО 1000 ГОДИНИ СЀ КАКО ДЕНОТ ОД ВЧЕРА. ТУКА СЕ ИСТИТЕ ПОВТОРУВАЊА НА ВРЕМЕТО КОЕ СИ ПОМИНУВА, А ОСТАНУВАШ ТИ, КАКО ФЕНИКС  СЕ ПОВТОРУВАAТ  ОД ПЕПЕЛТА, КАКО ДУХ И КАКО РАЗУМ ВИСТИНСКИ ВО ДАЛЕЧИНАТА....''

 

 

На ден 03 / Ma / 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и сé смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 16 / Жустар / 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување HO и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

МАКЕДОНИЈА е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH  Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.