|
9
ДЕЛ - 10 ДЕЛ - 11 ДЕЛ
МАКЕДОНИЈА
ОД 1912
ДО 1941 година
Темен се облак зададе на врв на Пирин планина,
на врв на Пирин планина на ајдучката рамнина.
Орел под облак леташе црвено знаме носеше
црвено знаме носеше на знамето пишуваше:
''Станујте браќа неспите земајте пушки куршуми,
земајте пушки куршуми и тие танки ножови.
Со душмани да се биеме слобода да добиеме,
слобода да добиеме за мајка Македонија,
за мајка Македонија за нашата татковина''.
Крсте Мисирков: Опасност за дележ на Македонија
... " Во крајо на 1889 год. се префрлија во Бугарија 30-40 души ученици и студенти македонци од Белград во Софија. Тие ученици сет душата на сите собитија во Македонија от тогај до сега. Они беа запознајани со Србија и Бугарија, со нивните култури и цели во Македониа. Они и сознаа опасноста за дележ на Македонија мег'у тие две држаи, ако да бидит македонците сами да не се вооражат, за да си извоуваат сами, со свои собствени сили и средства слободија и со тоа да предупредат дележот на Македонија.",
вели Крсте П. Мисирков во својата книга " За македонцките работи " (1903)
Француски разгледници од Солун - Македонија
(Во кралството С Х С ) Македонската популација е позната по својата различност и убавина на боите во женската носија
Голем дел од македонското население било мобилизирано и се случувало најблиски роднини, вклучително и браќа, да носат различни унифиорми. Тоа значело дека тие морале да се борат едни против други и да гинат за туѓи интереси.
Прва балканска
војна
Првата балканска војна формално била започната од страна
на Кралството Црна Гора на 9 октомври 1912 година, а потоа на 18 октомври се приклучиле и останатите сојузници, што всушност се смета и за почеток на Првата балканска војна. Балканските сојузнички војски за релативно кратко време ја скршиле воената моќ на Отоманската империја која била победена на сите фронтови и била принудена набргу да побара мир.
Воените операции главно се воделе во Тракија и Македонија, со забележително учество на македонски доброволци. Балканските сојузници успеале да го исползуваат ентузијазмот и воодушевувањето на Македонците да се борат за слободата на својата земја.
Главнината на кралската српска војска под команда на принц Александар Караѓорѓевиќ ја нападнала најголемата концентрација на единиците на Отоманската империја во Куманово, во северна Македонија; втората војска минала во Бугарија, а оттаму во Источна Македонија за да ја ослабнат главната турска армија одзади; Косово била целта на третата војска, додека четвртата го зазела Нови Пазар, што преку Санџак ги поврзувал Црна Гора и Србија.
Во Тракија, двете главни бугарски војски удриле со сета сила на Лозенград (сегашен Киркларели во северозападна Турција) и Одрин (Едрине во Турција) што била влезната врата кон Истанбул. Тие биле охрабрени од патриотската хистерија што со месеци постепено растела во сите земји. Во предвечерјето на војната насловите во белградските весници ги повикувале Србите: "Подгответе се за војна! Здружената српско-бугарска офанзива само што не почнала!" Со ентузијазам се пишувало за брзиот напредок на Црногорците на патот за Скaдар (денешен Шкодер во Албанија), додека на останатите страници во весниците имало убави слики од "Стара Србија", средновековното кралство кое новата земја била решена да го поврати. Весниците исто така ги повикувале поетите да придонесуваат со патриотски стихови.
Целосниот економски живот во Кралството Србија и Царството Бугариjа бил ставен во функција на војната.
Специјално за Балканската војна, османлиската држава формирала две армии: Прва, Источна војска, и Втора, Западна војска. Командант на Источната војска, која имала околу 74.000 војници и требало да им се спротивстави на Бугарите, бил Абдулах-паша. Западната војска, со околу 193.000 војници, била организирана од три независни групи, од кои едната била Вардарската армија.
Штабот на Западната војска бил во Солун, а командант бил Али Риза-паша. Како главен дел од Западната војска, Вардарската армија, чиј командант бил Зеки-паша, имала околу 104.000 војници, и таа требало да ѝ се спротивстави на српската војска во Вардарска Македонија. Еден дел од оваа армија, таканаречената јужномакедонска група, со командантот Хасан Таксим, со околу 27.000 луѓе, требало да го спречи навлегувањето на грчката војска во јужна Македонија, односно во Солун.
На бојните полиња било уште понепријатно за војската на Отоманската империја. Девет дена по почнувањето на насилствата, србите ја разбиле главната сила на Отоманската империја во Куманово. Оваа победа го отворила патот кон Скопје, што набрзо паднало под српска контрола (види Кумановска битка).
Македонскиот поход се одвивал во свирепи услови. Дождот и снегот го направиле теренот и патеките калливи. Целиот регион бил покриен со мртви тела на војници, цивили и коњи. Додека се приближувала кон Скопје српската војска го уништувала и убивала локално албанско население. Загреани од приказните за злосторствата што Албанците ги вршеле врз христијанското население за време немирите во албанските територии, Србите ја ослободиле сета националистичка омраза против незаштитените села.
Главниот иследник на масакрите во Скопје била "Црната рака", со седиште во близина на Рускиот конзулат, во објект што набрзо потоа го нарекле Црната куќа. "Црната рака", со својата мрежа на агенти, ја избегнала контролата на воените власти и сe повеќе ја земала улогата на неформална влада на ослободена стара Србија. Неколку недели потоа, власта во Белград почнала да назначува цивилни администратори на овие територии, но оние што одбивале да се потчинат на барањата на "Црната рака" и на четниците биле исплашени. Бранислав Нушиќ, писателот кој ја поздрави војната со голем ентузијазам, се повлекол од функцијата гувернер на Битола со страв и згрозеност од активностите на овие единици.
Иако се соочиле со слаб отпор при нивната офанзива северно од Епир и источно од Солун, Грците биле неспособни да ја заземат Јанина, којашто жестоко ја бранел еден турски гарнизон. Додека се пробивале северно кон Македонија во правец на Битола, што според српско - грчките сознанија Грците требало да ја окупираат, тие станале единствената војска во Балканскиот сојуз на која Турците им нанеле сериозна воена штета. Од оваа причина, и на големо незадоволство на српската команда, Србите биле тие што требале да се соочат со турската војска кај нејзиното последно упориште во близината на Битола.
Битолска
битка
Околу 110.000 Срби биле поттиснати на север и на запад од Битола наспроти 80 или 90.000 турски војници. По три дена борби, во кои загинале 12.000 Срби и 17.000 Турци, турските сили капитулирале на 18 ноември. Речиси 45.000 мажи биле заробени од страна на Србите; други 30.000 избегале во планините на македонско-албанската граница. Со ова му било ставено крај на турското владеење во Европа.
Ослободување
на Солун
Грците не биле многу потресени околу нивната неможност да се борат во Битола. Пет дена пред почнувањето на борбите, принцот Константин церемонијално влегол во Солун, покиснат на студениот, зимски дожд. Непосредно по почнувањето на српската офанзива на Куманово, престанале да работат телеграфските врски од и кон Солун. Дури откако почнале во градот да пристигнуваат огромен број албански и турски бегалци, народот почнал да го сфаќа обемот на воената катастрофа со која се соочила Османлиската Империја. Речиси 20.000 бегалци биле сместени по локалните џамии во страшно нехигиенски услови. По нив дошле и војниците кои се повлекувале - некои од нив бегале од Србите, дел бегале од Грците кои се движеле источно од планината Олимп, а дел биле поттиснати од бугарската дивизија Рила што брзала надолу по реката Струма.
Грчките и бугарските сили очајно настојувале први да стигнат до Солун, којшто бил најголемата награда од османлиското наследство и немало никакви претходни договори за неговиот статус. Во тој случај, поседувањето ќе биде закон. Принцот Константин и единиците под негова команда ја претркрале дивизијата Рила за неколку часа. Кога влеглe во Солун, грчкото население го преплавило градот со сино-бели бои. Заедно со него бил Теоктистос, патријархот од Атина, коj му се придружил на метрополитот од Солун Генадиос во прославата на специјалната миса во црквата Свети Минас.
Учество
на Македонци
во Првата
балканска
војна
Најмногу македонски доброволци беа регрутирани во армијата на Царството Бугарија. На тракискиот фронт учествуваа 14.000 Македонци организирани во Македонско-одринско ополчение (доброволци). Македонски доброволци биле регрутирани и во војската на Кралството Србија и Краслтвото Грција.
Одредот на Јане Сандански со 500 четници, составен од реонските чети на Александар Бујнов, Тодор Паница, Таската Серски, Чудомир Кантарџиев и други дејствувајќи самостојно прво го освоиле градот Мелник со околните места. Во реонот на Мелник и Свети Врач покрај споменативе самостојни чети, под нивна команда се наоѓаа околу 400 мелничани, триста лица од Свети Врач и околу седумдесет востаници од околните села.
Откако ја пробиле Рупелиската Теснина, Седмата рилска бугарска девизија и четите под команда на Сандански со 300 востаници, во придружба на четите на Стојо Хаџиев, Димитар Арнаудов, Александар Бујнов и други, како претходница на бугарската коњаница, влегле во Солун пред настапувањето на бугарските единици.
Иако Македонија била ослободена од Турското ропство, со големо учество на свои доброволци кои се бореле за автономна држава, нејзината судбина била решена на Лондонската конференција, односно таа останала окупирана од страна на новите окупатори Кралството Србија, Царството Бугарија и Кралството Грција.
Лондонски
договор
На 30 мај 1913 година, Отоманската империја го потпишала мировниот договор во Лондон, според кој се откажала од териториите западно од линијата Енез-Мидија во корист на балканските сојузници, со тоа што било одлучено да се создаде албанска држава, чии граници требало да се утврдат дополнително. Загубите во загинати, ранети и заробени изнесувале: Отоманска Империја 153.000, Царство Бугариjа 73.000, Кралство Србија 30.000, Кралство Грција 28.671 и Кралство Црна Гора 10.000 луѓе.
Материјалните загуби на Царството Бугариjа изнесувале една милијарда и 300 милиони франци, на Кралството Србија 590 милиони, на Кралството Грција 467 милиони и на Кралството Црна Гора околу 100.000 франци. Загубите на Македонија, човечки и материјални, не се наведуваат, ниту во еден извор, иако војната се водела и во Македонија, а од глад и болест умирале најмногу деца и стари. Македонија загубила сé што имала: територијата распарчена, народ и имотот национализирани, историјата погребана, и затоа Сандански рекол дека за Македонија ќе било подобро да остане под турско ропство, оти тие што ќе ја ослободат, ќе ја распарчат и повторно ќе ја поробат.
Македонија
во Првата
балканска
војна
Писмо
на
македонскиот
сепаратистички
кружок
Непосредно пред објавувањето на Балканската војна по дознавањето за Српско-бугарската спогодба, македонското национално јадро од Битола, односно македонскиот сепаратистички кружок, на 15 август 1912 година испратил Програмско писмо до Другарството и до високи раководни органи во Русија, во кое се наведува дека Балканскиот сојуз е создаден заради поделба на Македонија од страна на Србија, на Бугарија и на Грција, а не за нејзино ослободување. Тие не ја признаваат македонската националност, па сакаат да ја србизираат, бугаризираат и грцизираат.
На Македонија, на потомците на Кирил и Методиј може да
и помогне само Русија, и тоа на следниов начин:
енергично застапување на братска Русија во полза на Македонците;
1.уништување на бугарската, на српската и на грчката пропаганда во Македонија;
2.обновување на црковната независност;
3.слободен развиток на националната свест, т.е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ;
4.отворање училишта на македонски јазик;
5.македонската интелигенција треба еднаш засекогаш да ја прекине срамната продажба на својата совест и чест на бугарските, на српските и на грчките пазари и
широка внатрешна самоуправа на Македонија...
Во писмото на крајот се наведува дека во Македонија мириса на смрт. Дека единствениот спас за нашето дело, за нашата независност, а со тоа и за спасот на Европа од војна е вмешувањето на Русија, но не во вид на поддршка на словенскиот сојуз против Турција, туку како морална поддршка на Македонија и брз, решителен притисок врз Турција за неодложно спроведување реформи во Македонија. Ако Русија му даде поддршка на Балканскиот сојуз, тогаш ќе избувне балканска воја, а Србија, Бугарија и Грција ќе ја поделат Македонија.
Македонците
во
бугарската
војска
На 17 септември 1912 година, бугарската влада објавила сеопшта мобилизација. На сите мобилизациски места пристигнувале Македонци од разни места.
Македонски чети и одреди
Поради нивната голема бројност, началникот на Штабот на бугарската армија генерал-мајор Иван Фичев, наредил да се формираат партизански (доброволни) чети и одреди за дејство од зад грбот на противникот. Задачата му ја доверил на потполковник Александар Протогеров и на мајор Петар Дрвингов. За создавањето на овие чети и одреди, Штабот на бугарската армија доделил 600 пушки и 60.000 лева. На предлог на Протогеров и на Дрвингов, во организирањето на партизанските одреди се приклучиле потполковник Стефан Николов, капетан Димитар Атанасов и капетан Стојан Величков. Од тој состав бил формиран Штаб на партизанските одреди (ШПО).
Петар Дрвингов во Седмичниот билтен за изучување на Турција и нејзината армија бр. 3 од 10 февруари 1911 година, меѓу другото, напишал:
'' Денес македонската емиграција, повеќе од кога и да е порано, завладеана е со мислата дека слободата на Македонија може да се постигне само преку силата на бугарското оружје. Поради тоа, таа емиграција не е за потценување, зашто во време на војна може да одигра решавачка улога. Може да се тврди смело дека не може да се пронајде Македонец, млад или стар, кој не би посакал да влезе во македонските доброволни дружини, кои во војна сигурно ќе се формираат.''
Со оглед на тоа дека се работи внатре во Македонија, т.е. во тилот на турската војска, бугарската Влада од македонската емиграција формирала доброволни формации што ќе мора сами да се снабдуваат и за чии дела одговорност не сноси Владата. Доколку тие формации бидат примени во редовната армија, Владата ќе мора да се грижи за нив, а тоа би било осудено и од Турција и од другите големи сили и особено од соседните земји што се подготвувале за поделба на Македонија.
На 19 септември 1912 година, односно вториот ден по објавувањето на мобилизацијата, генералот Фичев испратил наредба до Протогеров и до Дрвингов да формираат мали партизански одреди. Дрвингов изготвил Правилник за доброволните чети кои ќе дејствуваат во Македонија и Одринско во ослободителната војна. Во Правилникот, покрај другото, се предвидувало четите да дадат заклетва за верност пред бугарското отечество и пред бугарскиот цар. Клетвата имала двојно значење за македонските четници. Од една страна му се колнат на царот, а не се регуларна војска. Од друга страна, биле обврзани како полноправни војници на бугарската армија, за евентуални престапи да одговараат пред бугарските воени судови.
Според Правилникот на Дрвингов, основна задача на партизанските чети и одреди била да уриваат мостови, железнички пруги, телеграфски и телефонски линии и други објекти од витално значење во тилот на турската војска. Се предвидувало создавање на 52 партизански чети, секоја од по 20 до 30 души, односно вкупно со околу 1.250 души. Војводите имале обврска да го организираат снабдувањето од месни извори и да формираат месни чети. На тој начин, да создаваат мрежи на селски чети по примерот на илинденската ВМРО. Од објавувањето на мобилизацијата на 17 септември, па до 26 септември 1912 година, биле создадени 59 партизански чети. Секоја од нив имала свој редовен број. Паралелно со нив, бил формиран и еден партизански баталјон (составен од две чети) и четири специјални партизански чети.
Македонско-одринско
ополчение
Македонско-одринското ополчение , била македонска доброволна воена формација формирана од македонската имиграција од Бугарија за време на Балканските војни.
Воjници од
Македонско-одринското
ополчение
Формирање
Генералот Иван Фичев, со наредба од 26 септември 1912 година сите
македонски чети и одреди формациски ги вклучил во составот на Македонско-одринското ополчение. Со тоа македонските и одринските одреди и чети станале дел од бугарската армија и ја примиле нејзината организациона структура - одделенија, водови, чети. Со истата наредба, Штабот на партизанските одреди бил преименуван во Штаб на ополченските дружини, односно во Штаб на доброволни баталјони. За главен командант на Штабот е поставен генерал-мајор Никола Генев. Негов помошник е потполковник Александар Протогеров, а мајорот Петар Дрвингов е поставен за началник на Штабот. До 26 септември во 1912 година, Штабот на доброволните баталјони располагал со 6.500 доброволци и само со шест офицери.
Формацијата на доброволните баталјони ја изработил Дрвингов. Бројната состојба на баталјонот требало да изнесува 1.079 лица. Во еден баталјон имало четири чети од по 215 луѓе, една неборбена чета и органи за опслужување. Борбените чети се состоеле од четири вода по 49 луѓе и органи за опслужување. Водот се состоел од шест одделенија со по осум луѓе. До крајот на септември во 1912 година, од македонската емиграција биле формирани пет баталјони: Дебарски, Скопски, Битолски, Охридски и Солунски. Од вкупниот број на формираните чети во Бугарија при крајот на септември во 1912 година, во Македонија биле префрлени 52 партизански чети, од кои 17 во Битолскиот округ, полковник Стефан Николов, на втората потполковник Антон Пчеларов и на третата бригада потполковник Александар Протогеров. Во целост, Македонско-одринското ополчение се состоело од штаб, од три бригади од по четири баталјони, музика, воена болница, интендантска чета, огненострелачки парк, снабдувачки транспорт и инженерско-технички дел.
Вкупната бројна состојба на Македонско-одринското ополчение во пролетта 1913 година изнесувала 14.670 луѓе, од кои 11.470 од Македонија, 1.215 од Одринска Тракија и 2.512 од Царство Бугарија. По добивањето оружје од бугарската армија, Македонско-одринското ополчение веднаш бил префрлен на фронтот во Тракија. На Тракискиот фронт Штабот на Македонско-одринското ополчение бил распуштен, а бригадите препотчинети. Првата бригада е ставена под команда на Хајреболскиот одред, втората добила задача да се концентрира југоисточно од Мустафапаша (денес Свиленград) и да настапува кон Димотика и Дедеагач. Третата бригада влегла во состав на Ѓумурџинската група, односно во Крџалискиот одред. На 7 ноември 1912 година започнале борбените дејства. Македонските доброволци, се покажале мошне борбени и успеале уште во првиот налет да ги принудат силите на Јавер-паша на повлекување, при што Турците имале бројни загуби. Во меѓувреме биле формирани уште три доброволни баталјони: Кукушкиот, Воденскиот и Штипскиот. Со нив била засилена секоја бригада со уште по еден баталјон.
значки на Македонско-одринското ополчение и се кoпија на значкаите од Илинденското востание 1903
значка од Илинденското востание 1903
Знаме на Единаесета серска дружина, главно знаме на Македонско-одринското ополчение
Свидетелство за учество вo Македонско-одринското ополчение на Илија Дилберов од град Кукуш
Број и состав на Ополчението
1.Главен командант - генерал-мајор Никола Генев
2.Помошник на главниот комантант - потполковник Александар Протогеров
3.Началник на Штабот - мајор Петар Дрвингов
Бригади
1.Прва бригада, потполковник Стефан Николов, во составот: Прва Дебарска дружина, со командир подпоручик Дјанко Караџов
- Втора Скопска дружина, со командир подпоручик Иван Минков Трета Солунска дружина, со командир ротмистар Димитар Атанасов Четврта Битолска дружина, со командир потпоручик Владимир Каназирев Тринаесета Кукушка дружина, со командир капитан Тодор Пенев
2. Втора бригада, потполковник Антон Пчеларов
- Трета бригада, потполковник Александар Протогеров
Дружини
- Прва Дебарска дружина, со командир подпоручик Дјанко Караџов
- Втора Скопска дружина, со командир подпоручик Иван Минков
- Трета Солунска дружина, со командир ротмистар Димитар Атанасов
- Четврта Битолска дружина, со командир потпоручик Владимир Каназирев
- Петта Одринска дружина, со командир фелдфебел Радул Канели
- Шеста Охридска дружина, со командир поручик Константин Мановски
- Седма Кумановска дружина, со командир подпоручик Г. Светогорски
- Осма Костурска дружина, со командир капитан Стојан Величков
- Девета Велешка дружина, со командир капитан Методи Бојчев
- Десета Прилепска дружина, со командир Стојан Везенков
- Единаесета Серска дружина, со командир поручик Мгебров
- Дванаесета Лозенградска дружина, со командир подпоручик Трифон Бојаџиев
- Тринаесета Кукушка дружина, со командир капитан Тодор Пенев
- Четиринаеска Воденска дружина, со командир капитан Григор Христов
- Петнаеска Штипска дружина, со командир капитан Никола Парапанов
Инжинерен одред, со командир капитан Стојан Величков
Бкупно на број :
6.500 - 26 септември 1912 година
14.670 - јуни 1913 година (од нив 10.255 од Македонија, 2.512 од Царство Бугарија, 1.215 од Тракија, другите од Добруџа и Западни Покраини)
Македонци
во српската
војска
Во почетокот на Првата балканска војна во Македонија биле формирани два четнички одреди, кои биле под српската Врховна команда -
- Козјачкиот, кој дејствувал во реонот на Скопска Црна Гора, па се до Крива Паланка со 11 чети;
- Прекувардарскиот, кој се состоел од 16 чети;
Четнички одреди
Во летото 1912 година, во Македонија бил формиран Горски штаб на српските чети. Овој штаб извршил реорганизација на српските чети. За командант на Горскиот штаб во Македонија е поставен капетанот Воин Поповиќ-Вук, членови на штабот биле поручник Светозар Ранковиќ, поручник Никола Брзаковиќ, поручник Миливое Чолак Антиќ и потпоручник Милан Ковиниќ. Во Горскиот штаб влегле и поранешните членови на српската четничка организација Народна одбрана. Во почетокот на Балканските војни овој штаб бил засилен со седум подофицери од српската армија и со 15 нови војводи.
Со Горскиот штаб непосредно раководела Врховната команда, а бил стациониран на територијата на која дејствувала Првата армија и бил потчинет на штабот на Првата армија. Во штабовите на Втората и на Третата армија имало оддели за комитски работи. Со оглед на тоа дека Горскиот штаб бил стациониран на Козјак и се движел на релацијата Скопска Црна Гора-Крива Паланка, единиците (11 чети) што му припаѓале го нарекувале Козјачки одред. По Кумановската битка, станал Кумановски одред, а најпознат е како четнички одред на Воин Поповиќ-Вук. Штабот на одредот го сочинувале Срби, односно српски офицери, а четниците и локалните војводи главно биле Македонци.
Покрај Козјачкиот горски штаб кој станал главен за цела Македонија, биле создадени горски штабови за Порече и за Азот. Командант на Поречкиот штаб бил потпоручникот Милан Ковиниќ, а во Азот, Милан Ѓокиќ. Со оглед на тоа дека Поречкиот и Азотскиот штаб формирале чети и во околиите на Кичево и на Дебар, таа формација (16 чети) е наречена Прекувардарски одред. Составот на четите бил од 10 до 15 луѓе. Вкупната бројна состојба на четниците според формацискиот состав на двата одреда изнесувала околу 400 луѓе.
Кумановска
битка
Битката кај Куманово претставува прв поголем вооружен судир во Првата балканска војна меѓу српската и турската војска на 23 и 24 октомври 1912 година.
Во српската војска имало повеќе четнички одреди составени од македонско население, како и месни селски чети. Во турската војска, исто така, имало македонско население, особено во редифските, т.е. во резервните формации. Според планот на српската Врховна команда, првата битка со турската војска била предвидена да се води во реонот на Овче Поле, претпоставувајќи дека тука се концентрирани главните турски сили.
Српскиот
план
Според планот, српската војска на 22 октомври го имала следниот распоред: Првата армија била на позициите северно од Куманово со дивизиите во два ешалона, во првиот ешалон дивизии: Моравската од први повик на линијата село Ваксинце -село Табановци и Дринската кај Сушево, еден полк бил на претстража на Николинскиот Вис и Дунавската од први повик со два полка во реонот на Младо Нагоричани, а со другите два во Старо Нагоричани. На левото армиско крило на Сртевица бил распореден четничкиот одред, што главно бил составен од македонско население, а со него командувал војводата Воин Поповиќ-Вук. Во вториот ешалон биле дивизиите: Тимочката од втори повик кај Маминци и Дунавската втори повик кај село Бугариње, додека Коњаничката дивизија се наоѓала зад Дунавската, а два нејзини ескадрона биле пред армискиот фронт. Втората армија со претходницата на Тимочката дивизија од први повик се наоѓала во реонот на Страцин. Третата армија на 23 октомври се задржала во реонот на Приштина, иако според наредбата на Врховната команда требало да го продолжи движењето за да содејствува со Првата армија.
Македонците во српските чети, како и оние во бугарските, постојано биле уфрлувани од зад грб на турската војска, или како претходница на српската војска први стапувале во вооружени судири и главно ги ослободувале селата, па и повеќето градови.
Дејствувајќи на фронтот на Првата. српска армија, односно во северна и во Западна Македонија како извидница и претходница на српската војска, македонските доброволци на 20 октомври 1912 го нападнале турскиот логор во месноста Старец, Кумановско, заплениле големо количество оружје, а турската војска избегала. Веднаш потоа го кренале на востание речиси сето население во пошироката област, а само во Страцин се кренале 700 вооружени лица. Пред Кумановската битка се воделе жестоки борби меѓу македонското население и турската војска. Според податоците на турскиот маршал Чакмак, на 21 октомври командантот на турската 16. дивизија напишал телеграма до претпоставените, во која се наведува: Во Калиманци се водат тешки борби со македонските доброволци, ќе биде многу тешко доколку веднаш не испратите еден полк.
Поради погрешната проценка дека главните турските сили се наоѓале на Овче Поле, слабата разузнавачка и извидувачка служба и поради неправилната употреба на Коњаничката дивизија, српската Прва. армија непосредно пред битката се нашла оддалечена од соседните крилни армии, била неорганизирана на позициите и со слаба организација на врските со своите дивизии. Во штабот на Првата. армија се верувало дека турските сили што биле забележани тој ден во реонот на Куманово кај Новоселјани и Мургош имат задача само да го забават нејзиното движење кон Овче Поле
Турскиот
план
Спротивно од неизвесноста што владеела кај српската војска и неточните сознанија за спротивната страна, турската команда, благодарение на добро истурените предни одреди имала точни податоци за составот и за правците на движење на српските сили. Врз основа на тоа, Зеки-паша, командантот на Вардарската армија, во состав од 5. корпус (13., 15. и 16. низамска и Штипската редифска дивизија) и 6. корпус (17. низамска и битолската редифска дивизија, и 7. корпус (19. низамска, скопската редифска и коњаничката дивизија) одлучил да ја нападне српската Прва. армија со 5. и со 6. корпус од линијата село Новоселјани-Орашец, опфатно од левата страна, а со 7. корпус собран околу Куманово, да ја задржува фронтално. Поради тоа, солидно ги утврдил своите единици на позициите Режановци-Црно Поле.
За тоа време, 5. и 6. корпус од реонот на Штип и на Велес со засилени маршеви пристигнувале откај Овче Поле. За обезбедување на десната страна кон српската Втора. армија биле упатени 15. и 16. низамска дивизија на правците кон Кочани и Кратово. При приближувањето до Пчиња, Зеки-паша дознал дека Втората. српска армија ги фатила позициите на Страцин, па одлучил да не го изврши опфатот на левото крило на Првата. армија, туку наредил 7. корпус да остане во одбрана, 6. корпус и претходницата на 13. низамска дивизија ноќта да ја преминат Пчиња и до мугрите да ги заземат позициите на десниот брег, 5. корпус како армиска резерва да се задржи на левиот брег поради евентуална употреба на правецот кон Втората. српска армија, доколку таа изврши напад кон Куманово.
Турскиот план за разместување на силите бил остварен во целост. Меѓутоа, предноста што ја имала Вардарската армија не била искористена. Утрото на 23 октомври српските извидувачи го забележале движењето на турската војска пред српските позиции, но поради маглата и слабите врски меѓу српските единици, не било утврдено дека е тоа турска војска. Во информациите на месното население немале доверба ниту, пак, му верувале на командантот на четничкиот одред дека тоа се турски сили. Командантот на 18. полк упатил два баталјона со задача да ги зароби, мислејќи дека се работи за мал број турски војници.
Првиот
ден на
Кумановската
битка
Во битката кај Куманово на 23 октомври 1912 година 2.000 македонски доброволци, собрани од месното население, од утринските до попладневните часови сами се бореле против турската војска на фронтот кај местото Стревице близу Младо Нагоричане. Така, го спречиле опколувањето на српската војска на која потоа и пристигнало засилување. Во таа борба меѓу Македонците загинале или биле ранети шест војводи и 200 доброволци, но позициите не ги напуштале.
Потоа, околу 10.30 часот на помош на Дунавската дивизија од првиот повик и пристигнала Дунавската дивизија од вториот повик. Дринската дивизија го продолжила настапувањето и со поддршка на артилериски оган ја принудила 17. низамска дивизија на отстапување. Околу 12.30 часот, Дринската дивизија го зазела Ѕебрњак и го продолжила настапувањето кон Големиот Рид, загрозувајќи го левото крило на 5. корпус. Со овој напад бил пробиен фронтот на турската Вардарска армија. Околу 15 часот почнале да се повлекуваат сите турски дивизии, што значело дека Кумановската битка била завршена. Таквиот исход српската Врховна команда не го знаела. Таа и понатаму претпоставувала дека главниот судир ќе се води на Овче Поле. Поради тоа, наместо да го продолжат гонењето, српските сили напредувале само до караулата Бучар Хан кај село Бучинец, на околу 15 км од Куманово кон Скопје, каде што се сместил штабот на Првата. армија и подготвувала план за опколување и освојување на Скопје.
Во исто време и командантот на коњаничката дивизија (Арсен Караѓорѓевиќ) го упатил 3. коњанички полк кон Ѕебрњак, а 2. полк кон Голубица за да ја извидат состојбата. Тие се судриле со силна турска војска и се повлекле зад позициите на Дунавската дивизија од Првиот повик. Вториот баталјон на 18. полк ненадејно поради маглата се судрил со претходницата на 17. Низамска дивизија и бил целосно разбиен. Командантот на 4. баталјон од 18. полк самоиницијативно тргнал на помош, но и тој бил разбиен од 13. низамска дивизија. Тоа создало тешка криза кај Дунавската дивизија, бидејќи на позициите јужно од Куманово, кај Страцин се наоѓал само еден баталјон од 18. полк, а против него напаѓале две турски дивизии. Меѓутоа, турските сили не ја искористиле својата надмоќ.
Зеки-паша ги прекинал натамошните напади и наредил Штипската редифска дивизија (од армиската резерва) да је премине Пчиња и да изврши опфат на левото крило на Дунавската дивизија преку Сртевица, а 7. корпус да изврши посилен демонстративен напад кон десното крило на Првата. армија. Српската команда ги насетила намерите на Зеки-паша и навреме упатила соодветни сили да ги спречат турските пробиви. Ноќта на 23-24 октомври двете страни останале на позициите близу едни до други. Додека на левото крило се воделе жестоки борби, истиот ден на десното крило коњаничкиот полк на Моравската дивизија од Првиот повик при извидувањето на правецот село Ваксинце-село Слупчани бил нападнат со силен оган од артилеријата на турскиот 7. корпус, па морал да се повлече. Поради тоа, Моравската дивизија ги зазела позициите. Таа добила наредба да остане во одбрана, меѓутоа околу 16 часот самоиницијативно извршила противнапад.
Во острата борба во долината на Којнарската река, каде што имало големи загуби на двете страни, турските сили биле присилени да се повлечат. Поради слабите врски, штабот на Првата. армија не располагал со точни информации за состојбата на фронтот. Затоа во духот на директивата на Врховната команда, штабот на Првата. армија издал заповед на 24 октомври во 6.00 часот дивизиите да го продолжат движењето, да го заземат Куманово и да избијат до линијата Булачани-Ново Село-Биљановце-Слатина, а ноќта кога добил извештај од Дунавската дивизија од првиот повик, веќе било доцна нешто да се промени. Додека штабот на Првата. српска армија воопшто не сфатил дека, всушност, започнала битката, Зеки-паша имал впечаток дека таа се развива поволно, па им наредил на корпусите да го продолжат нападот и на 24 октомври. Така завршил првиот ден на битката, во кој Турците ангажирале 50.000 луѓе и 150 топови, а Србите 26.000 луѓе и 60 топови.
Вториот
ден на
Кумановската
битка
На 24 октомври 1912, односно на вториот ден од Кумановската битка, српската Прва. армија тргнала во офанзива. Дринската дивизија од првиот повик го започнала настапувањето во 6.00 часот на правецот Ѕебрњак-Бизлим (Красте кота 530). Шестиот корпус се обидел да ја запре, но не успеал, па таа избила со предните делови до Биљановце и ја принудила Битолската редифска дивизија да се повлече, при што на позициите оставила 9 топа. Моравската прва. дивизија го одбила нападот на 7. корпус и веднаш преминала во противнапад во содејство со Тимочката дивизија од вториот повик. Двете дивизии го принудиле 7. турски корпус да се повлече на утврдените позиции северно од Куманово.
Меѓутоа, околу 13 часот тој бил принуден и од овие позиции да се повлече кон Скопје. На левото српско крило околу 6 часот, 5. и 6. корпус ја нападнале Дунавската дивизија од првиот повик и ја довеле во тешка состојба.
Во пресудните моменти, кога 5. и 6. турски корпус ја презеле иницијативата и кога постоела реално опасност српската војска да биде разбиена, ненадејно се појавиле околу 6.000 македонски четници кои со бомби в раце и силни извикувања ја нападнале турската војска во тил. Турците избегале во паничен страв, оставајќи им ги оружјето и опремата на македонските четници. По таа силна победа на македонските четници, српската војска поминала во противофанзива. За оваа силна победа на македонските сили и придонес од стратегиско значење во конечната победа на сојузниците врз турската војска досега не пишувале ни Србите, ни Бугарите.
Во Кумановската битка на српската страна имало 723 загинати, 3.441 ранет и 603 исчезнати. Биле заробени 2.000 турски војници и запленети 61 топ, 6 митралези и големо количество муниција и друг воен материјал.
Придонес
на
македонските
доброволци
Белградскиот двонеделник „Илустровани лист“ („Илустровани лист –“ Година I у Београду, 10. 5 - 25. 5 1920 број 7.) на страна бр. 5 обајавува две фотографии од Македонија.
Првата „Од Македонија: враќање на бегалците во урнатото село Ивени“ која ја снимил г. Драг. Глишич
„На Македонскиот фронт: српски логор под котата 1212“ исто така снимена од г. Драг. Глишич, академ. Сликар.
Од описот на самите фотографии сé гледа дека дека белградскиот „Илустриран лист“ без проблем го употребува името Македонија
По Кумановската битка, македонските доброволни чети, селската милиција и другите вооружени формации се движеле пред претходницата на Првата. српска армија. На тој начин, ги зазеле градовите и селата неколку дена пред да пристигнат српските сили. Така, македонските сили ги ослободиле Велес, Свети Николе, Штип, Кочани и сите села во околиите. Откако претрпеле пораз кај Калиманци и Кочани, неколку илјади турски војници воделе борба со македонските доброволци за да го спречат нивниот пробив од Штип кон Криволак, штитејќи ја комуникацијата Скопје - Велес - Солун. Движејќи се пред српската војска, кај сртот Мукос на Бабуна, дошло до обединување на македонските доброволни чети со кои командувале српските војводи Воин Поповиќ - Вук, Василије Трбиќ и Јован Бабунски. На овие чети им се придружила селската милиција и бројни доброволци од околните места, со што бил создаден силен одред, кој четири дена водел борба со една турска коњаничка бригада и со еден жандармериски баталјон. Покрај тоа, македонските доброволци ја известувале српската војска за распоредот и движењето на турските сили, па на тој начин дале силен придонес во протерувањето на турската војска кон Битола. Во борбата на Мукос и Присад, од македонските доброволци загинале 30 борци, а бројот на ранетите не е познат.
Во некои српски извори пишува:
''Поробените народи на Балканот со своите вооружени акции во рамките на сојузничката војна против Турција значајно придонеле во победата на сојузниците.''
Српските, бугарските и грчките историчари го прикривале учеството на македонскиот народ во Балканските војни, неговата воена помош и успеси. Овие чети ги нарекувале српски, бугарски, односно грчки.
жртви кај Куманово
Според Србите, повлекувањето на турската вардарска армија по поразот кај Куманово почнало хаотично. Особено во единиците од Шестиот и Седмиот корпус. Командантите на овие два корпуса имале намера да организираат одбранбена линија во висина на селото Студена Бара, меѓутоа бидејќи војниците од Седмиот корпус ги зафатила паника и не биле способни за отпор на оваа линија, без задржување, на своја рака, продолжиле кон Скопје. Затоа и командантот на корпусот Фети-паша со својот штаб морал да продолжи кон Скопје, иако неговиот колега, командантот на Шестиот корпус, Џавид-паша, се обидувал да го собере својот полк заедно со Битолската редифска дивизија во реонот на Студена Бара. Значи, сите планови на командантот на Западната армија, Али Риза-паша, да организира одбрана на линијата Скопје - Велес паднале во вода.
Според турски извори, бегството на резервистите и загубите на редовните единици сосема ја ослабнале Вардарската армија, а Србите со своите три здружени армии речиси без отпор ги потиснувале турските сили кон Скопје и Велес, а потоа од Велес кон Прилеп и Битола, односно од Скопје кон Тетово и Кичево.
Само еден ден пред тоа се чинело дека турската војска катастрофално ќе ја порази српската војска кај Куманово. Имено, кога Зеки-паша претходниот ден, на 23 октомври, јавил во Скопје, Солун и во Цариград дека неговата армија извршила напад на српската војска кај Младо Нагоричане, дека ги разбил Србите и тие се повлекле назад до Ристовац, во Турција сите биле воодушевени од победата.
Весниците со посебни изданија ја објавиле таа вест за големата турска победа. Меѓу Турците завладеала голема веселба, а турските министри ги информирале странските новинари за големата победа. Владата издала и посебно коминике, со кое било соопштено дека турската војска, под команда на Зеки-паша, ги победила Србите кај Куманово. Како што стоело во извештаите, по упорна борба, која траела неколку часа, четири српски дивизии се повлекле преку границата, оставајќи во турски раце една батерија, еден генерал и многу заробени и ранети војници. Според српскиот воен известувач, Станојевиќ, кога Турците објавиле голема победа на својата војска кај Куманово, завладеал страв меѓу христијанското население во Скопје, но и во цела Македонија. Ноќта меѓу 23 и 24 октомври Турците славеле по селата и градовите, предизвикувајќи ги христијаните што се затвориле во своите домови, чекајќи што ќе се случи следниот ден по победата. Извештаите говорат дека Скопје цел ден и цела ноќ бил обвиткан во страв и магла. Следното утро осамнал убав ведар ден. Голем број турски жени и деца уште изутрината излегле да шетаат по скопските улици, собирајќи се на железничката станица за да ги видат заробените српски војници. Гледајќи ги возовите се чуделе како може, и по големата турска победа кај Куманово, битките уште да траат, па дури и, наместо српски, да стигнуваат ранети турски војници.
Во текот на денот веќе биле полни болниците и сите други јавни згради. Се слушале и топови, борбата уште траела, а официјални вести од фронтот не стигнувале во градот. Се ширеле само гласини дека командантот на скопскиот седми корпус Фети-паша барал да му испратат во Куманово неколку воза војска. Полека турското население почнало да се загрижува, но сепак сè уште се верувало дека состојбата е поволна за турската војска, зашто кон Куманово непрестано заминувале возови полни со војници.
Но веќе околу 14 часот во станицата стигнал воз полн со војска што се враќала од Куманово. Тоа предизвикало паника меѓу скопските Турци. На зајдисонце градот бил сосема тивок, а улиците пусти. Сите чувствувале дека се случува нешто значајно на фронтот, но официјални информации не стигнувале. Сепак, пред мракот, стигнала веста за турскиот пораз. Почнале да стигнуваат побегнати единици на турската армија, гладни и парталави. Пред полноќ во градот веќе било хаос, влегувале илјадници војници, владеел неред, се закрчиле сите улици. Сите барале начин како да се спасат од српската војска. Кога осамнало, улиците биле празни; во мали групи претрчувале само војници што стигнувале од Куманово, а најмногу ранети што можеле сè уште да се движат сами. По скопските улици лежеле расфрлани оружје и муниција, а по сокаците врескале коњи, оседлани и товарени со сандаци муниција, врзани еден за друг, преплашени, гладни и жедни. Овие коњски колони талкале низ градот, без никаква контрола.
Запленетото турско оружје по битката кај Куманово
Странските дописници јавуваат дека во градот владее ужасна паника:
„Сите муслимани се обидуваат да побегнат, сите трчаат кон железничката станица, бегаат и сиромашните и богатите, и мажи и жени, и деца и старци. Секој земал што може да понесе со себе и бегал, не знаејќи каде. Од друга страна, христијаните, сè уште претпазливо, некако потајно, со нетрпение очекуваат првпат по близу петстотини години во градот да влезе христијанска победничка војска“.
ОЏИТЕ ВО МИСИЈА ПО ВОЈНИЦИ ВО САНЏАК!
Сепак, Фети-паша по пристигнувањето во Скопје одново се обидел да собере некаква војска и да организира одбрана на градот. Ноќта на 24 октомври со телеграма го известува командантот на Западната војска, Али Риза-паша, во Солун:
„Сега се враќам од бојното поле, каде што беше водена главната битка. Седмиот корпус е сосема уништен. Војската што се спаси сосема е деморализирана и се наоѓа околу Скопје. Се обидувам од нив да составам неколку чети и да ги распоредам околу градот за да го одржуваат редот. Утре, во петок, ќе продолжам со формирање нови единици од она што е останато и ќе се спротивставам, колку што можам, на влегувањето на непријателот во Скопје“.
Следното утро, на 25 октомври, Фети-паша испраќа нова телеграма до својот командант во Солун:
„И корпусот на Џавид-паша е преполовен и се врати од Куманово во Скопје. Неговата воена акција против Србите пропаднала поради недисциплина на Тетовската редифска дивизија, составена исклучиво од Албанци. Дивизијата тргнала во диво бегство, продирајќи низ нашите линии и ширејќи страв и паника околу себе. Сите трупи нагло почнале да бегаат. Главната битка е загубена, а Шестиот корпус е уништен.
Она што денес можеше да се собере од Шестиот и Седмиот корпус, заедно со неколкуте редифски баталјони, чии војници сè уште не се разбегале, изнесува одвај 40.000 луѓе. Јас денес и ги пратив оџите во Санџак да ги повикаат на помош за спас на муслиманите сите што можат да носат пушка, но досега се јавиле само околу 15.000 верни Албанци, кои се подготвени докрај да ја бранат татковината. Со овие трупи Џавид-паша и јас мислиме да го браниме Скопје. Дел од војниците што ги имам на располагање веќе ги распоредив на линијата од Скопје до Зелениково. Во овој момент градот е празен. Сите побегнаа, страв владее на сите страни, но ние ќе направиме сè што може за спас на татковината“.
Ослободување
на Скопје
При повлекувањето, командантот на 7. корпус Фети-паша се задржал пред Скопје, со намера да ја организира неговата одбрана. Во градот веќе дошло до пресметки меѓу Македонците и муслиманското население, во кои имало и жртви. Особено во тешка положба биле Македонците затвореници во Скопскиот затвор. Месните власти ги заплашувале христијаните. Согледувајќи ја положбата во Скопје, а со цел да го спасат градот од разурнувања, странските конзули заедно со месните првенци извршиле дипломатски притисок и заканување врз Фети-паша и успеале да го наговорат наместо да се стационира во Скопје, да се повлече кон Битола.
Меѓу конзулите најактивен бил рускиот конзул Калмиков, кој неколку дена пред повлекувањето на Фети-паша во соработка со градските македонски првенци успеал да организира месна власт и стражи и да ги спречи безредијата во градот. На негова интервенција биле ослободени сите Македонци од затворот. Откако корпусот на Фети-паша се повлекол кон Велес, странските конзули, на чело со Калмиков, отишле во штабот на Првата српска армија во Бучар Хан и му го предале градот, во кој српските единици влегле без борба, а потоа воспоставиле српска власт.
Во турската армија, во духот на прокламираната рамноправност уште во времето на Младотурската револуција, биле мобилизирани младинци без оглед на верата и националноста. Така, во Кумановската битка се појавиле бројни дезертерства. Не бегале само Македонците кои во согласност со пропагандите не сакале да се борат против христијанските браќа, туку дезертирале и Турци, Албанци, Јуруци и други од месното население. Тие дезертерства особено биле големи по повлекувањето од Куманово кон Велес и кон Битола.
Српската врховна команда, во согласност со Српско-бугарската спогодба и особено по повлекувањето на турската војска и освојувањето на Скопје без борби, на 26 октомври 1912 ја упатила Втората. армија преку Крива Паланка во Ќустендил, а потоа со воз до Одрин на помош на бугарската војска. Во почетните дејства бугарската 7. Рилска дивизија
и била потчинета на српската Втора армија, но фактички таа и натаму била под команда на Родопскиот одред и на бугарската Врховна команда, што дејствувала по долината на Струма кон Егејското Море.
Повлекувајќи се по Кумановската битка, Вардарската армија имала цел да ја брани Битола. Со таква цел Зеки-паша со 5. корпус го затворил правецот Велес-Прилеп кај Присад и правецот Градско-Прилеп кај Плетвар, а со 7. корпус, кој отстапувал од Скопје, го затворил правецот Кичево-Битола. На 30 октомври 1912 година српската армија тргнала во напад во следните правци: Коњаничката, Моравската и Дринската дивизија настапувале од Велес кон Прилеп, а Дунавската од Штип кон Криволак. Тимочката дивизија од вториот повик останала во Велес како армиска резерва. Во пробивот кон Прилеп, на Присад, на 3 и на 4 ноември се развиле остри борби, во кои македонските чети и овозможиле на српската војска да ги заземе сртовите на Бабуна. Исто така, македонските месни чети и четите на ВМРО дале силен придонес на 5 ноември 1912 година српските сили да ги заземат позициите кај село Алинци и да се префрлат на десниот брег на Црна Река. На тој начин, македонскиот народ кој бил мобилизиран во разни воени формации, а често и самиот се организирал, дал голем придонес во прогонувањето на турската војска кон Битола.
Ослободување
на Прилеп
Турските сили по поразот во Кумановската битка се повлекувале кон Битола. Штабот на Вардарската армија изработил план за решителна одбрана во реонот на Битола, а на Плетвар и Присад одбраната да ја организира само еден корпус со цел да го забави пробивот на српската војска. Планината Бабуна пружала поволни услови за да се организира одбраната на Прилеп. Турските позиции биле поставени на линијата Плетвар - Козјак (кота 1745) - село Крстец - караула Присад - Планина Мукос (кота 1445), а оттаму се протегале преку сртот на планината Бабуна.
Преку овие позиции минувале само два патни правци кои воделе од средното Повардарие кон Пелагонија. Едниот минувал преку Присад кон Велес и Прилеп, а вториот преку Плетвар кон Криволак и Прилеп.
Широчината на фронтот во одбраната изнесувала 10 км, а најзначајни објекти во организацијата на одбраната биле кота 1445 и височините источно од таканаречената Присатска караула. Одбраната уште повеќе ја зацврстувале природните објекти пред главните позиции: Свинска Глава, реонот Авди-пашин ан и Виорила. Одбраната на страните на фронтот ги обезбедувале планинските масиви: лево планината Караџица, а десно Селечката Планина и Дрен - планина. На тој начин поставените позиции обезбедувале цврста и долготрајна одбрана.
На 28 октомври 1912 година, Али Риза-паша му наредил на командантот на Вардарската армија да ги испрати инженерските единици во Битола и во согласност со планот да ги уредуваат одбранбените позиции.
На 29 октомври 17. дивизија влегла во состав на 6. корпус и веднаш била испратена за одбрана на Плетвар. Позициите на Присад ги бранела 16. дивизија од 5. корпус. Двете дивизии биле засилени со по една батерија топови и со по една инженериска чета. Битолската редифска дивизија и Стрелачкиот полк од 6. корпус како и Штипската редифска дивизија од 5. корпус останале во Прилеп. Заштитницата останала во селото Извор, 15. дивизија во селото Бистрица, а 13. дивизија во реонот на Авди-пашиниот ан. Али Риза-паша за да го спречи продирањето на српската војска кон Прилеп наредил на 7. корпус, кој се наоѓал во Тетово да го продложи движењето кон Прилеп. На 30 октомври во Прилеп стигнал началникот на Штабот на Западната војска кој ја известил командата на Вардарската армија дека Битола преку која минува единствениот пат кон југ силно е загрозена од грчката војска и наредил под итно да се испрати целиот 6. корпус за одбрана на Битола.
По извршеното преместување, на први ноември командантот на Вардарската армија ја изнел својата замисла за одбрана: Задржувајќи го противникот на линијата Плетвар-Присад-Барбарас-Брод-Кичево, главнината на армијата да се повлече во Битола и да организира одбрана. Петиот корпус добил задача со две дивизии да ги брани премините Плетвар и Присад, а со одредите да ги штити правците Тетово-Папрадиште и реката Треска-Брод. Штипската редифска и 16. дивизија да се префрли во Битола. Со овие две дивизии е засилен 6. корпус, додека 5. корпус бил насочен против грчките сили во реонот на Сорович, а 7. корпус добил задача да ги брани позициите на линијата Брод-Кичево.
Македонски
сили
Прилепските чети, на пример, на 20 октомври го ослободиле селото Тополчани, а на 23 октомври 1912 година влегле во Прилеп како ослободители.
Поради активноста на македонските месни чети, турската армија ја испратила самостојната коњаничка бригада во реоните на селата Габровник, Сенокос и Десово. Во селото Мало Мраморани бил испратен 39. полк засилен со една батерија. Овие единици формирале самостоен одред под команда на Мехмед Али-паша, командант на Самостојната коњаничка бригада. Четите не биле во состојба да се спротивстават на бројните турски сили, извршувале диверзии и помали борбени акции во тилот на турската војска и се ставиле во функција на водачи и известувачи на српската војска. Со нивна помош српските сили успешно и незабележано се приближувале до турските позиции, а артилерците по добиените податоци прецизно ги гранатирале турските одбранбени објекти.
Српски
сили
На 31 октомври 1912 година месните македонски чети му предале на војводата Василије Трбиќ, во чиј одред, исто така, имало 60 Македонци, точни податоци за распоредот на турската војска во триаголникот Присад-Прилеп-Плетвар. Тој веднаш за добиените податоци ги известил командата на Првата. армија и српската Врховна команда. Меѓутоа, од други месни извори српската Врховна команда веќе била известена дека турската војска се повлекува кон Битола.
Поради тоа, Врховната команда наредила со дел од Првата. армија српските сили да настапуваат кон Прилеп и кон Битола, а со другите сили да се обезбедат од евентуален напад. Дринската и Моравската дивизија да го заземат Прилеп и да ги отфрлат турските сили кон Битола, Дунавската дивизија да се префрли од Штип во Велес, а оттаму преку Криволак да испрати еден полк, за да ја заземе Демир Капија. Дунавскиот коњанички полк да се испрати во извидување кон Солун. Постапувајќи по дадената наредба, коњаничката дивизија го започнала движењето, при што користејќи ги македонските месни чети како извидувачи и водачи, успеале незабележани да стигнат во близината на Мал Мукос, Присад, планината Виорила и во реонот на селото Степанци. Откако ги согледал и проценил турските позиции, командантот на коњаничката дивизија, кнезот Арсен, побарал помош од Моравската дивизија од првиот повик за совладување на позициите на Присад.
Воени
дејства
На 2 ноември Коњаничката и Моравската дивизија се сретнале на Бабуна, а командантите изработиле план за заеднички дејства. Според тој план, борбите започнале на 3 ноември на фронтот на Бабуна од Плетвар до селото Дреновец. Со цел да се избегне преминот Присад, командантот на Моравската дивизија ги испратил по заобиколен пат 3. и 16. пешадиски полк на правецот село Степанци- село Присад. Вечерта, 3. пешадиски полк стигнал до котата 1201, каде што формирал позиции за одбрана. Десно од нив на истата височина стигнал 16. Полк, па и тој зазел позиции за одбрана.
Првиот пешадиски полк ги зазел позициите на Мал Мукос, а резервата пристигнала во реонот на анот на Авди-паша. На овие позиции се развила жестока борба, во која учествувале и артилериите на двете страни. По првиот ден на борбите, иако имало загуби на двете страни, позициите не биле променети. Вториот ден турските сили извршиле противнапад на правецот кон селото Крстец. Српските сили се повлекле кон котата 1475. По ангажирањето на резервата, српските сили успеале да го одбијат турскиот напад, а потоа и да го пробијат фронтот на Присад и Плетвар.
Пробивањето на фронтот кај Присад и Плетвар ја принудиле командата на 5. корпус на 5 ноември да го започне отстапувањето кон Битола. Со таквата наредба не се согласувала командата на Вардарската армија, па на 15. дивизија
и било наредено да ги брани јужните делови на Пештерица, а во Прилеп се концентрирале 43. полк, 5. стрелачки полк и една батерија.
Со оглед на тоа дека српските сили го продолжиле пробивот и дека македонските месни чети им нанесувале големи загуби на турските сили во тил, Зеки-паша одлучил 5. корпус да се повлече јужно од Прилеп и да ги заземе позициите меѓу манастирот Трескавец (во реонот на Златоврв) и Марковиот Град поради прифаќањето на останатите единици од Присад и Плетвар. Во нападот на Прилеп на српските сили им се приклучила и Дринската дивизија од првиот повик, која извршила опфат на турските сили откај Борула и присадските позиции. По силните артилериски дејства и пешадиските напади на српските сили, турската војска се повлекла од Присадскиот правец кон Прилеп. На плетварскиот правец немало борбени дејства, бидејќи турските сили претходниот ден се повлекле кон селото Лениште. Поради тоа, Коњаничката дивизија го продолжила движењето кон Прилеп. Турските сили се повлекле источно од Прилеп, а во 13.30 часот, на 5 ноември, српските сили влегле во Прилеп. Српската војска била пречекана како ослободителна.
Српската комора на четвртиот пешадиски полк во хаос почнала да бега кон Прилеп, а со тоа се создала паника и кај преостанатите српски војници на позициите кај Бакарно Гумно. Српскиот генерал Павле Јуришиќ-Штурм, истиот оној што како полковник, се разбира, го зазел Зебрњак со јуриш, сега, за да се ублажат загубите, и покрај паниката кај неговите единици, и под оган на турската артилерија, наредува по секоја цена да се заземат борбени позиции на отворено поле и да се покрива развивањето на Моравската дивизија.
Сепак, и покрај развивањето на единиците во висина на борбените позиции на турската армија, српската војска е запрена со силен пешадиски оган откај реката Беравица, од каде што требало да се тргне во јуриш. Во подготовката на јуришот учествувала целокупната артилерија на Дринската, Моравската и на Коњичката дивизија. Користејќи го дејствувањето на артилеријата, прв во напад тргнува шестиот пешадиски полк, но биле буквално засипани од турски пешадиски и артилериски оган. Јуришот започнува околу 15 часот, со настојување што побрзо да се влезе во одбранбениот распоред на турската војска.
Првиот ред српски војници паѓа покосен од турскиот оган, но вториот продолжува да се движи, а потоа третиот и така натаму. Гледајќи ја таквата фанатична упорност на српската војска, според српски извори, се разбира, турската војска не ја дочекува борбата гради в гради, туку почнува да се повлекува уште по првата фаза на јуришот. Повлекувањето било по патот кон Битола. Еден дел од турските сили, поточно самостојната коњичка бригада, се повлекла преку Чепигово.
Штом виделе дека комплетната турска заштита отстапува кон Битола, српските полкови, кои биле најблиску до фронтовската линија, почнуваат гонење, но иако речиси цело време трчале, не успеале навреме да стигнат во реонот на мостот на Црна Река, преку кој турските сили се повлекувале кон Битола.
Кога се спуштила ноќта престанале пукотниците на целиот фронт. Српската артилерија не успеала да се премести на следните позиции за да може да го бие преминот преку мостот на Црна Река, каде што турските сили се натрупале чекајќи премин преку реката. Благодарение на ноќта успеале да се префрлат на другиот брег и да продолжат со отстапување кон Битола.
Со тоа била завршена битката кај Алинце и Бакарно Гумно, во која српската војска имала 142 загинати, 1.255 ранети и 151 исчезнат војник. Битката кај Алинци всушност е само продолжение на борбите на Бабуна.
Ослободување
на Кичево
Турската војска по поразите во Кумановската битка и кај Качаник се повлекувала во паника кон Битола и кон Тетово. Командантот на 7. корпус на Вардарската армија откако му било речено да се откаже од одбраната на Скопје, на 25 октомври го започнал повлекувањето кон Тетово и кон Кичево. Меѓутоа, по наредбата на турската Врховна команда да се организира одбрана на Солун, командантот на западната војска издал заповед и 7. корпус да се повлекува преку Тетово и Гостивар за одбрана на Битола. На 26 октомври, кога турската војска ја натоварила артилеријата на вагоните на железничката станица во Скопје, ненадејно месните чети отвориле оган од пушките, кај турската војска настанала паника, па војската и офицерите со коњски запреги избегале кон Тетово. Покрај натоварената артилерија оставиле уште 30 артилериски орудија од пет хаубички батерии. Мехмед-паша, командант на одредот во Приштина, го известил командантот на Западната војска дека од неговиот одред останале само уште околу 350 војници, другите војници дезертирале. Повлекувањето кон Тетово траело до 29 октомври 1912 година.
Командантот на 7. Корпус, Фета-паша, одлучил да го брани Кичево, па силите ги распоредил на позициите на линијата Осојска Река-северните делови на Кичево-Корија. На тој начин го затворале правецот од Гостивар и доминирале во однос на противникот. Така поставената одбрана на 7. корпус во Кичево имала за цел на Вардарската армија да
и се обезбеди време, за да се подготви за одбрана на Битола. Командантот на 7. корпус за одбраната на Кичево располагал со 15 пешадиски баталјони, 18 топови и 18 митралези. Од Битола добил засилување во пешадија, коњаница и артилерија.
Главните сили ги распоредил на левото крило, а како доминантна точка се истакнувала Јаворската височина на Цер (кота 1450). Одбраната била организирана скалесто, односно во повеќе позиции.
На 4 ноември 1912 година започнале борбите за Кичево. Нападот го започнал првиот. Коњанички полк, околу 11 часот, а во првите редови на овој полк напаѓала една чета на македонските доброволци. Непосредно зад нив се движел 3. пешадиски полк. Позициите на турските единици биле на височините и било мошне тешко да се стигне до нив. Нападот се вршел од правецот на селото Длапкин Дол. На тие северни позиции на Кичево биле распоредени турската артилерија и митралеската чета. Српската коњаница брзо се повлекла кон селото Раштани, а македонските доброволци биле фатени во вкрстен митралески оган. За неполн час македонската чета претрпела загуби од 30 мртви и 11 ранети.
Околу 12.00 часот пристигнале и другите српски сили, кои веднаш тргнале во напад од правецот северно од Раштани со три баталјони во првиот ешалон, од правецот на селото Сеанско и од реонот на селото Црвица. Во тие моменти, врз српските сили во тил извршиле напад албанските башибозучки формации од селото Зајас. Користејќи го овој напад, турските сили нападнале од правецот на селото Кнежино. На тие позиции се воделе жестоки борби до пристигнувањето на главнината на Моравската дивизија. По нејзиното пристигнување првиот. пешадиски полк навлегол во селото Зајас, а другите сили во реонот на Падалиште.
Ослободување
на Тетово и
Гостивар
Во Тетово требало да се собере дезорганизираната турска војска и да ја организира одбраната на градот. Меѓутоа, командантот на Западната војска наредил 7. корпус преку Гостивар и преку Кичево да се повлече во Прилеп. Седмиот корпус успеал да се собере дури на 29 октомври и некако да ја среди состојбата. Мехмед-паша, кој бил роден од Тетово, настојувал да го брани градот, меѓутоа командантот на Западната војска повторно наредил 7. корпус да се повлече кон Прилеп.
Српската војска, во согласност со планот да излезе преку Албанија на Јадранското Море, побрзала кон Тетово, па во градот влегла триесетина минути по заминувањето на турската војска.
Со навлегувањето на Моравската дивизија од вториот повик во Тетово биле пресечени врските со Качаник и Призрен и било спречено повлекувањето на турските сили од Метохија преку овој правец. Брзото продирање на Моравската дивизија се објаснува и со тоа што била засилена со таканаречениот. Прекуброен полк, кој главно бил составен од Македонци, кои имале силни мотиви да се борат против турската војска. На 31 октомври Моравската дивизија се разместила за одмор околу Тетово, а коњаничкиот полк добил задача да врши извидување на правецот кон Гостивар. Моравската дивизија се разместила во селата Јегуновце, Горна и Долна Лешница, Ратае, Палчиште, Речица, Радиовце, Камењане, Теново и други. Тука било извршено пополнување и речиси во секој полк влегла по една чета доброволци од месното население.
На 1 ноември Моравската дивизија од вториот повик добила задача да настапува преку Гостивар и да го заземе Кичево. Коњаницата да ја испрати во извидување кон Битола, а со пешадијата преку Брод да воспостави врски со Првата. Армија, која настапувала од Велес кон Прилеп. Во согласност со таа наредба, Моравската дивизија го започнала движењето кон Гостивар во три колони. Десната колона се движела по селскиот пат во подножјето на планината Рудок во правецот: село Палчиште, Пирок, Сенокос, Врапчиште, Долна Бањица со задача да ја обезбедува дивизијата од правецот на Маврови Анови.
Средната колона, главнината на дивизијата, се движела преку Полошкото Поле, долго 25, а широко околу 7 км, по патот Тетово-Гостивар. Средната колона била засилена со Прекубројниот полк, кој бил користен како претходница. Левата колона се движела по источната страна на Полог, во правецот преку селата Брвеница-Радиовце-Тумчевиште-Турчане. Пред овие сили биле испратени првиот. Коњанички полк на чело со една чета македонски доброволци, засилен со една коњаничка батерија и едно митралеско одделение со задача во зоната десно Ново Село- село Горјане-Долно Јеловце- село Тајмиште и лево, Сува Гора-Белезик врши извидување и да го спречи евентуалниот напад. Особено да внимава на премините кај Враце, кај селото Вруток и кон Маврови Анови.
Дивизијата го започнала маршот во 9.00 часот. Непосредно по тргнувањето од Врховната команда стигнала наредба Прекубројниот полк да се врати во Скопје во состав на Моравската бригада од првиот повик. Во составот на Моравската дивизија од вториот повик ја продолжиле борбата бројни македонски доброволечки чети. Со оглед на тоа дека во Гостивар немало турски сили српските сили го продолжиле движењето кон Кичево.
МИСИЈА НА НАЈДОБРИТЕ КОЊАНИЦИ
Пред битката за Битола, одлучувачката битка за тотален пораз на турската војска во овој дел на Македонија, бугарските и грчките сили водат мртва трка, всушност жесток натпревар за тоа кој прв ќе влезе во најголемиот македонски град Солун. Истовремено, паралелно со борбите и потиснувањето на турската војска кон Битола, а „за да се расветли состојбата на правецот кон Солун“, врховната команда на српската војска испраќа еден полк кон Демир Капија, со задача да изврши извидувачки акции што подалеку кон Солун.
За да се реализира оваа акција како што треба, значи за да се утврди „состојбата со Солун“, односно да се види одблиску какви акции преземаат Бугарите и Грците во тој правец, српската војска ги избира најспособните коњаници, формира две специјални коњички ескадрони со околу 360 коњаници, со едно митралеско одделение, и изутрината на втори ноември, под команда на мајорот Никола Цоловиќ, тргнуваат од Куманово кон Штип во самостојна акција кон Солун. Движејќи се внимателно и претпазливо, полкот дури на трети ноември кај Демиркаписката клисура наидува на еден пешадиски баталјон од дојранскиот полк на солунската редифска дивизија, значи на околу 500 турски војници.
Српскиот коњички полк го обиколил селото Корешница и со постапно префрлување на помали групи војници незабележано го зазеле висот над селото, кота 413, доминантна точка на десниот брег на Вардар. Веднаш по заземањето на врвот, српските војници отвориле оган кон турскиот логор, па војниците, изненадени од нападот, во паника отстапуваат низ клисурата.
Следниот ден српскиот коњички полк продолжил да се движи кон Солун, но кај Удово биле пречекани од турски артилериски и пешадиски оган, кој, по неколкучасовна борба, бил задушен, турските војници повторно биле потиснати, а 19 од нив биле заробени заедно со командантот на баталјонот.
По сослушувањето на заробените, откако се информирале за состојбата со турските сили во тој дел од фронтот, српскиот командант на полкот одлучува да скршне кон Дојран, кој, како врска меѓу македонскиот и тракискиот фронт, претставува крупна оперативна позиција. По долината на Вардар кон Солун, поради извидување, командантот упатува неколку офицерски патроли, а тој, лично, со главнината, свртува кон Дојран, со цел да го пресече повлекувањето на турските сили од Струмица кон Дојран, односно да ја заземе дојранската железничка станица, и на тој начин да ја прекине железничката врска Солун - Цариград, а потоа низ Кукушко поле да тргне кон Солун.
По преноќувањето во Удово, следниот ден, утрото околу 9 часот, српскиот коњичкиот полк без отпор ја зазема крстосницата кај Раброво, каде што разоружуваат околу 300 турски лесно ранети војници. Продолжувајќи понатаму без борби коњицата избива на Дојран, каде што се предава цел еден турски баталјон пешадија, а потоа, околу 16 часот, влегуваат во гратчето, откако уште еден турски баталјон успева со воз да се извлече кон Солун.
Во текот на ноќта српскиот полк на неколку места ја руши и онеспособува пругата. По разоружувањето на преостанатите турски војници, затекнати како граничари, српскиот коњички полк испраќа три запрежни коли пушки за осмиот српски пешадиски полк, кој веќе се стационирал кај Удово, а околу двесте запленети пушки им поделува на македонските србомански доброволци.
Во меѓувреме, откако на петти ноември Грците почнале да го притискаат Солун од сите страни, а нивните бродови да вршат бомбардирање на солунското пристаниште, солунскиот валија Назим на командантот на Западната војска, чиј штаб бил во Солун, му доставува писмено барање потпишано од 17 претставници на локалната управа и членови на општината. Со писмото се барало турската војска да се повлече од Солун без борба, односно да го прифати барањето на населението за предавање на градот без борба. Според договорот, што командантот на Западната војска го склучил со грчкиот престолонаследник Константин, османлиската војска требало да се смести надвор од градот, оружјето да се складира во магацини и по завршување на војната да се испрати во Турција, а офицерите и службениците во меѓувреме да имаат слобода на движење.
Се разбира, Грците, како и секогаш, веднаш го прекршиле договорот. Во Атина како заробеници биле испратени 25.000 османлиски војници и офицери, а за враќање на оружјето никогаш не станало збор. Според турски извори, турската војска задолжена за одбрана на Солунскиот вилает, со влегувањето на Грците во градот фактички целосно се распаднала: околу 25.000 војници биле заробени, а остатокот од 40-илјадната турска војска или загинале или заминале по своите села.
СРБИТЕ ИМ ГО ОСТАВААТ СОЛУН НА ГРЦИТЕ И БРЗААТ ДА ЈА ЗАЗЕМАТ БИТОЛА
Во меѓувреме, додека српскиот коњички полк, задолжен да ја извиди состојбата со Солун, го расчистува Дојран од последните турски сили, во гратчето од правец на Струмица стигнува еден ескадрон бугарска коњица, зад кој доаѓа рилската дивизија, која заедно со српскиот 14-ти пешадиски полк се движи по таканаречената линија на разграничување Штип - Радовиш - Струмица. Следниот ден, на седми ноември, но и еден ден потоа, на осми ноември, српскиот коњички полк по дожд и снег продолжува со извидувачката акција кон Солун.
Кај селото Аги Хаџалари доаѓа до, како што бележат српските воени хроничари што ја следеле српската војска за време на Првата балканска војна, „радосна средба со сојузничката грчка војска, која била во движење кон Солун“. Грчката тесалиска армија, по победите кај Селфиџе и заземањето на Бер, со сета сила продирала кон Солун, кој, како важен економски и трговски центар, со големо стратегиско значење, бил во центарот на вниманието на Грција. Главниот грчки пробив кон Солун бил изведен преку Негуш и Воден. Тесалиската војска следните неколку дена ги запоседнала сите премини на Вардар. Истовремено поморските сили истоварени на Касандра започнале силен продор кон Солун.
Главниот македонски град, срцето на Македонија, бил опколен од сите страни, вклучувајќи ја тука и бугарската седма дивизија и српскиот коњички полк на Дунавската дивизија. Согледувајќи дека е опколената отсекаде, солунската турска војска прифаќа капитулација, а истиот ден, на деветти ноември предвечер, стигнува наредба коњичкиот полк на српската дунавска дивизија итно да се врати во состав на дивизијата, која се приближува кон битолското боиште.
Значи, Србите не сакаат да им се мешаат на Грците во заземањето на Солун, туку брзаат да влезат во Битола, каде што имаат информации дека Грците може да го прекршат договор за разграничување и да влезат во просторот договорен како српска зона на дејствување. Сепак, командантот на коњичкиот полк, со десет офицери и 30 коњаника, останува уште еден ден и на десетти ноември, околу девет часот, симболично влегува во Солун а потоа, истото попладне, се враќа во полкот што е стациониран кај селото Ќорзине.
Откако се враќа во единицата, мајорот Цоловиќ испраќа кратко писмо на француски јазик до грчкиот престолонаследник Константин:
„По големата битка кај Куманово, а според наредбата на командантот на Дунавската дивизија, каде што формациски припаѓам, имав задача да извршам извидување од Штип преку Демир Капија и по долината на Вардар до Солун. Дознавајќи од моите патроли дека храбрата, сојузничка грчка армија го има во опсада градот Солун, јас пријдов со мојот полк да помогнам во победата на грчката војска, ако ситуацијата бара таков ангажман. Пред неколку дена, северно од селото Хаџилар ја сретнав вашата коњичка бригада и му понудив на командантот да помогнам ако има потреба, известувајќи каде ќе преноќам со полкот. Случајот сакаше непријателот да капитулира без борба.
Известен за тоа од командата на Вашата втора дивизија, дојдов во штабот за да се јавам на Вашето Височество, но немав чест да Ве најдам. Известувајќи за сето ова, имам чест да го известам В. В. дека заробив голем број турски војници во Дојран и Гевгелија. Исто така, сакам да Ве известам дека, користејќи го ослободувањето на градот, денес го посетив Солун со моите офицери и војници, а утре заминувам кон Демир Капија во состав на мојата дивизија, која се наоѓа кај Прилеп и Битола. Напуштајќи го Солун, имам чест да му честитам на Неговото Величество и на грчката војска за нивното влегување во овој град“.
Додека српскиот мајор Цоловиќ јавал кон Битола, или можеби уште не бил ниту до Гевгелија, во Солун со својата чета заедно со бугарската војска влегол Јане Сандански. Дали знаел дека Солун веќе бил продаден на Грците, не се знае, но дека влегол со радост и среќен како ослободител, може да се види од фотографијата направена токму на десетти ноември 1912 година.
Битка кај
Битола
Околу 110.000 Срби биле поттиснати на север и на запад од Битола наспроти 80 или 90.000 турски војници. По три дена борби, во кои загинале 12.000 Срби и 17.000 Турци, турските сили капитулирале на 18 ноември. Речиси 45.000 мажи биле заробени од страна на Србите; други 30.000 избегале во планините на македонско-албанската граница. Со ова му било ставено крај на турското владеење во Европа.
Битката кај Битола во текот на Првата балканска војна се водела од 16 до 19 ноември 1912 година. По Кумановската битка, турската Вардарска армија, повлекувајќи се кон Битола организирала заштитни боеви кај Присад и Алинци, со цел да добие време за собирање, средување и повторно комплетирање на своите единици, како и за привлекување на други трупи во својот состав. Планот на Зеки-паша бил да ја задржи првата. српска армија додека не се расчисти состојбата на Тракиското боиште. Борбениот распоред за одбрана го поставил од десниот брег на Црна Река и на реката Шемница преку Киромарица-Кочиште и Бел Камен. На таа линија биле утврдени турските позиции, а некои села биле организирани како отпорни точки. Зеки-паша дошол до погрешен заклучок дека српската војска ќе ги избегнува ридскиот и планинскиот терен и дека ќе напаѓа само долж патните правци Прилеп-Битола и Кичево-Битола.
Врз основа на таа процена го поставил следниот распоред: петтиот корпус (13. и 15. дивизија) на позициите од сливот на реката Шемница до село Кукуречани да го затвори правецот Кичево - Битола; шестиот корпус (16. и 17. дивизија) бил во резерва на просторот село Оризари, село Поешево. Предните одреди биле поставени кај село Древник, Мраморци и кај манастирот Св. Петар, а страничните одреди кај село Логоварди и кај Бел Камен. Во тоа време, два полка биле на марш од Охрид кон Битола. За Битолската битка Турците ангажирале вкупно околу 35.000 луѓе. На правецот кон Лерин била ангажирана 18. дивизија од 6. корпус.
Српската прва армија по битката кај Алинци се задржала на заземените позиции и тука ги чекала Дунавската прва и Тимочката дивизија од вториот повик. За тоа време, штабот го анализирал распоредот на турските сили, со оглед на тоа дека точните податоци ги добиле од македонските месни чети. Штабот утврдил дека главниот удар треба да се изврши на Киромарица, со што ќе се урне целата турска одбрана. На 13 ноември го започнале движењето, а на 15 ноември 1912 година го зазеле следниот распоред: Моравската дивизија од првиот повик била на падините на Дрвеник, Дринската дивизија од првиот повик во рамницата од двете страни на патот Прилеп-Битола; Дунавската прва на левиот брег на Црна Река, а Коњаничката дивизија лево од неа. Тимочката втора пристигнала на 16 ноември, била разместена зад Дринската и ја образувала армиската резерва. Моравската втора од 3. армија што
и била потчинета на првата, тргнала од Кичево и се стационирала во реонот на Чагор. Српската војска ангажирала вкупно 68.000 луѓе.
Командантот на турскиот 5. корпус по повлекувањето од Прилеп ги распоредил единиците на позициите кај селото Алинци. Идејата на командантот на турската Западна војска била 5. корпус од позициите кај Алинци да изврши противнапад и повторно да го освои Прилеп. Позициите кај Алинци доминирале во однос на Прилепското поле што овозможувало добар преглед и успешни дејства. Во близината пред турските позиции тече Штавичка река (Беровица), што кај селото Чепигово се влива во Црна Река.
Со оглед на тоа дека не постоеле можности за противнапад на Прилеп, командантот на Вардарската армија наредил 5. корпус да ги брани позициите кај Алинци и да го спречи пробивот на српската војска и македонските доброволци кон Битола. Штавичка Река и Црна Река биле надојдени, па поради тоа и од силните дождови земјата станала каллива, а се зголемиле и мочуриштата, што го отежнувало движењето на војските. Во случај на повлекување, турската војска можела да помине само преку мостовите кај селата Тополчани, Трн и Новаци.
На позициите кај Алинци можело да се напаѓа од три правци: преку селата Галичани и Веселчани, кон Чепигово. Овој правец овозможувал опфат на турското лево крило. Вториот правец започнувал од Прилеп преку Кобел, водел кон Алинци и Тополчани и излегувал до центарот на турските позиции. Третиот правец минувал преку западните падини на Селечката Планина преку селата Лагово, Рувци и Канатларци, излегувал на десното крило на турските позиции. Турските сили на средниот, т.е. главниот правец, ги распоредиле главните сили, односно 15. дивизија (три полка и 17 топови) во бројна состојба од околу 6.000 луѓе. Источните позиции ги бранела 13. дивизија (три полка, 10 топови, т.е. 6.300 луѓе), а западните позиции кај селото Галичани ги бранела Самостојната коњаничка бригада (600 луѓе). Резервата на 5. корпус во состав од 5. стрелечки полк (2.349 војници), 26. коњанички полк (433 војници) и две полски батерии биле разместени во реонот на селото Тополчани. Покрај наведениве сили, во составот на 5. корпус била вклучена жандармеријата со 655 луѓе и заднинските единици со 1.332 војника. Бројната состојба на 5. корпус за одбраната на позициите кај селото Алинци изнесувала вкупно 18.172 војници од кои 1.033 коњаници и 27 топови.
Бојoт кај
Алинци
Според директивата на српската Врховна команда од 31 октомври, Дринската и Моравската дивизија од првиот повик по навлегувањето во Прилеп требало да чекаат нова наредба. Поради тоа, Дринската и Моравската дивизија на 5/6 ноември се распоредиле во реонот на Пештерица, а коњаничката дивизија самоиницијативно влегла во Прилеп. На 6 октомври месното население ја известило командата на Коњаничката дивизија дека во реонот на Галичани се забележани турски претстражни делови. Командата на првата. армија му наредила на 4. коњанички полк да го извиди правецот кон Алинци.
Таа наредба не била извршена. Командата повторно и наредувала на Дринската дивизија да формира еден одред и заедно со Коњаничката дивизија да изврши извидување на правецот кон Битола. Командантите на Дринската и на Моравската дивизија наместо да постапат по наредбата, тие ги довеле дивизиите од реонот на Пештерица до близината на Прилеп и овде долго се договарале која дивизија прва да влезе и да ја започне свеченоста на влегувањето во Прилеп. На 6 ноември во 8.30 часот започнало дефилето, а околу 10.00 часот една турска артилериска батерија од 13. Низамска дивизија отворила оган врз еден ескадрон од Коњаничката дивизија, кој штотуку излегол од Прилеп за да го извиди правецот кон Битола.
Српската војска веднаш излегла од Прилеп и ги распоредила единиците: Моравската дивизија лево од патот во реонот на селото Којнари а Дринската десно, во реонот на село Волково и село Лагово. Од тие позиции српската војска го започнала настапувањето кон Штавичка река, која се протегала паралелно со позициите кај Алинци. На линијата Кадино Село-Галичани-Беровци-Рувци, српските сили биле изложени на силен артилериски оган и претрпеле големи загуби. Во тоа време српската артилерија успеала да запоседне соодветни позиции и да ја неутрализира турската артилерија.
Користејќи го огнот на артилеријата, нападот го започнала и пешадијата настапувајќи кон Омет и Кобел. Турската артилерија започнала да се повлекува што влијаело негативно кај пешадијата. Околу 15.00 часот, 6. пешадиски полк во чиј состав имало и Македонци, извршил јуриш и се пробил во првите одбранбени редови на турските позиции. Потоа јуриш извршиле и другите пешадиски единици а турските сили почнале да се повлекуваат преку Црна Река кон Битола. Околу 16.30 часот се повлекле и силите од позициите кај Цуцулин и Алинци и со тоа борбите кај Алинци, биле завршени.
Во некои извори оваа борба се нарекува бојот кај Бакарно Гумно или бојот кај Алинци. Во борбите кај Алинци српските загуби изнесувале 1.378 луѓе, а само 6. полк загубил 28 офицери и 1.000 војници. Турските загуби изнесувале 500 луѓе. Големата загуба кај српската војска е последица на недисциплината, слабото извидување, погрешното известување, непотребната парада во Прилеп и поради други слабости во српското командување.
Нов
пораз на
турската
војска
По речиси
четиридневни
тешки борби,
на 19 ноември 1912
година,
српските
пешадиски
сили влегле
во Битола, а
Коњаничката
дивизија
влегла во
Лерин.-На тој
начин била
завршена
Битолската
битка, во која
покрај
српската
војска, голем
придонес за
победата
дале и
македонските
чети, месната
милиција и
особено
народот.
На 14 ноември
по
пристигнувањето
на
Моравската
од вториот
повик кај
селото Жван,
командантот
на
дивизијата
добил
извештај
дека на
правецот на
Војувалиштенската
Река се
наоѓаат
извесни
турски
единици. За
осигурување
на десната
страна бил
упатен
Вториот.
прекуброен
полк (во чиј
состав
главно биле
Македонци) со
ридската
батерија
како десна
колона по
Војувалиштенската
Река, а со
главнината
го продолжил
движењето
согласно
наредбата на
Штабот на
армијата.
Десната
колона
наишла на
турска
колона кај
село
Војувалиште,
каде што се
задржала, а
дивизиската
претходница
преноќила
кај село
Мургашево.
Во текот на
ноќта
командантот
на армијата
наредил
главниот дел
на
дивизијата
во текот на 15
ноември да ги
запоседне
позициите
село Црноец-село
Лисолај кон
Бел Камен, а
десната
колона да го
пресече
патот помеѓу
Битола и
Охрид. По
забележувањето
на движењето
на турските
трупи од
Охрид кон
Битола,
командантот
на
дивизијата
ја засилил
десната
колона со
еден
пешадиски
полк. Таа ги
совладала
ослабените
турски
единици кај
манастирот
Св. Петар и
тука
преноќила.
Левата
колона го
продолжила
движењето и
во текот на
денот избила
кај село
Мраморица.
Нејзиниот 2.
пешадиски
полк ги
протерал
турските
сили и преку
Самарница ја
преминал
река Шемница
и до
квечерината
пристигнал
кај село
Облаково.
Тука се
задржал,
подготвувајќи
се во текот на
ноќта на 15-16
ноември да го
нападне Бел
Камен.
Командантот
на
дивизијата
се согласил
со таквата
одлука и му
испратил
засилување
од еден
баталјон.
Борби
од сите
страни
Кога го известиле за српските движења по Војувалиштенска Река и кон Бел Камен, Зеки-паша донел погрешна процена, па на 15 ноември му наредил на Џавид-паша со 6. корпус веднаш да појде зад Бел Камен и со единиците што пристигнувале од Ресен да го разбие десното крило на првата. армија. Пред вечерта, корпусот стигнал кај сртот Превалец и Џавид-паша и наредил на 16. дивизија да го запоседне Бел Камен. Но, поради ноќните услови и планинскиот терен, било решено наредбата да се изврши следното утро.
На 16 ноември 1912 година започнала Битолската битка, односно еден ден порано во однос на планот. Изутрината на 16 ноември, десната колона на Моравската дивизија од вториот повик ги нападнала турските позиции кај селото Гопеш и ги зазела. Истата колона вечерта го освоила преминот кај Ѓавато и ја пресекла отстапницата на турските единици за Ресен и Охрид. Левата колона во утринските часови ги нападнала позициите на Бел Камен и во борбата гради в гради и со студено оружје успеала да го заземе. На достигнатите позиции Моравската дивизија се утврдила и барала помош за да може да ги продолжи настапувањата. На другиот дел на фронтот, единиците ги вршеле последните подготовки за утрешниот напад. Зеки-паша извршил прегрупирање на своите сили, така што 13. низамска дивизија ноќта меѓу 16-17 ноември била префрлена во состав на 6. Корпус, за да ги засили напаѓачката можности, но со тоа ја ослабнал одбранбената линија.
Вториот ден, т.е. на 17 ноември 1912 година, битката започнала со општ напад на првата. српска армија. Десната колона на Моравската втора од линијата Ѓавато-Гопеш нападнала во правецот кон Превалец. Меѓутоа, поради противудар на турските сили, српската војска морала да се врати на почетните позиции. Левата колона на Бел Камен водела тешка борба гради во гради. Џавид-паша се обидувал по секоја цена да го освои ова стратегиско место. Моравската дивизија од првиот повик и Дринската од првиот повик нападале преку падините на Древеник, секоја во два борбени ешалони. Приближувајќи се кон река Шемница тие биле изложени на митралески оган. Артилеријата на двете војски, поради брзината на движењето и земјишните услови, не била употребувана. Надојдената Шемница и турскиот митралески оган го оневозможувале натамошниот пробив на српската војска. Тогаш ненадејно отвориле оган две српски батерии од Моравската дивизија од вториот повик, што се наоѓале кај Бел Камен. Тие ја неутрализирале и турската артилерија, што се наоѓала кај село Габалавци и село Секирани. Веднаш потоа, единиците на првиот ешалон ја прегазиле Шемница. По преминувањето на Шемница, започнала блиска борба, при што српската војска до вечерта избила на линијата село Габалавци-Секирани-село Драгожани. Турците отстапувале на планинскиот терен на позициите Киромарица-Кочиште. Во текот на ноќта двете дивизии ги префрлиле своите ешалони преку Шемница и се подготвувале за продолжување на нападот.
Дунавската дивизија од првиот повик напаѓала во две колони. Десната преку Црна Река и Шемница извршила напад на село Трн. Минувајќи преку мочуришното земјиште, околу 10 часот го зазела село Трн. Со тоа бил пробиен фронтот на 5. турски корпус. Меѓутоа, предноста не била искористена за продолжување на нападот, па Турците успеале да ја организираат одбраната кај село Карамани. Левата (главната) колона не успеала да изврши напад врз турската десна страна. Поради уривањето на мостот на Црна Река, таа останала кај село Новаци. Коњаничката дивизија упатила еден полк кон село Брод за да ги заземе премините преку Црна Река, а главнината била кај село Биљаник. Тимочката дивизија од вториот повик била во армиската резерва. Турската 13. дивизија до вечерта стигнала во село Доленци. Меѓутоа, Џавид-паша, командантот на 6. корпус, бил принуден да ја врати 13. дивизија во Битола поради активноста на македонските месни чети што почнале да ги напаѓаат турските сили. Со тоа ја ослабнал фронтовската линија, која на српската војска и овозможило прегрупирање и полесно пробивање на фронтот.
Едностран
прекин на
огинот
Третиот ден (18 ноември) на битката на Бел Камен во раното утро еден српски полк ги нападнал турските позиции и бил одбиен со бројни жртви. Веднаш потоа, Турците започнале општ напад врз Моравската дивизија од вториот повик. Во најтешка положба била десната колона, што била нападната од Превалец и од Ресен. Тежиштето на нападот Турците го насочиле на левата колона на Моравската дивизија од вториот повик на Бел Камен. Тука повторно дошло до блиска борба, што била отежната поради густата магла. На останатиот дел на фронтот истото утро продолжиле борбите. Дринската дивизија ги нападнала Киромарица и Кочиште. Користејќи ја маглата, 6. српски полк успеал незабележано да дојде до Киромарица, каде што околу пладне, кога маглата се дигнала, бил дочекан со силен оган, но полкот извршил јуриш и до 13 часот ја зазел Киромарица. Потоа, 17. полк го освоил Кочиште, додека останатите полкови воделе борба на правецот село Кукуречани-село Крклино. Фронтот на Вардарската армија бил пробиен во должина од над 5 километри, меѓутоа се спуштила магла, па единиците се запреле на достигнатата линија и почнале да се утврдуваат.
Десната колона на Дунавската од првиот повик, потпомогната од артилеријата, успеала да го заземе село Карамани и тука се утврдила. Левата колона ја преминала Црна Река кај село Новаци. Коњаничката дивизија тргнала од село Биљаник кон Брод. Тимочката дивизија од вториот повик во текот на денот дејствувала со артилериски оган. По паѓањето на Киромарица и Кочиште и по неуспехот на Џавид-паша на Бел Камен, Зеки-паша околу 15 часот наредил прекин на огнот и извлекување на единиците. Петтиот и дел од 7. корпус се повлекувале кон Лерин, а 6. и вториот дел од 7. корпус кон Ресен и кон Корча. Со оглед на тоа дека комуникацијата за Ресен била пресечена кај Ѓавато со десната колона на Моравската дивизија од вториот повик, турските сили се пробиле со силен напад и продолжиле кон Корча. На 19 ноември 1912 година српските пешадиски сили влегле во Битола, а Коњаничката дивизија влегла во Лерин. Моравската дивизија го продолжила движењето и навлегла во Охрид.
Српска војска во Битола
Во реонот на Битола во војната против турската војска земале учество месните чети, три вода на ВМРО и српски чети. Нивното содејство особено било впечатливо во борбата за селата Гопеш и Ѓавато. Месните чети дале силен придонес во борбите за селата Прибилци и Смилево, а особено во заземањето на Битола. По влегувањето на српската војска во Битола, месните чети биле распуштени, а потоа била воспоставена српска власт.
Окупацијата
на Солун
Грците не биле многу потресени околу нивната неможност да се борат во Битола. Пет дена пред почнувањето на борбите, принцот Константин церемонијално влегол во Солун, покиснат на студениот, зимски дожд. Непосредно по почнувањето на српската офанзива на Куманово, престанале да работат телеграфските врски од и кон Солун. Дури откако почнале во градот да пристигнуваат огромен број албански и турски бегалци, народот почнал да го сфаќа обемот на воената катастрофа со која се соочила Османлиската Империја. Речиси 20.000 бегалци биле сместени по локалните џамии во страшно нехигиенски услови. По нив дошле и војниците кои се повлекувале - некои од нив бегале од Србите, дел бегале од Грците кои се движеле источно од планината Олимп, а дел биле поттиснати од бугарската дивизија Рила што брзала надолу по реката Струма.
Грчките и бугарските сили очајно настојувале први да стигнат до Солун, којшто бил најголемата награда од османлиското наследство и немало никакви претходни договори за неговиот статус. Во тој случај, поседувањето ќе биде закон. Принцот Константин и единиците под негова команда ја претeкале дивизијата Рила за неколку часа. Кога влеглe во Солун, грчкото население го преплавило градот со сино - бели бои. Заедно со него бил Теоктистос, патријархот од Атина, коj му се придружил на метрополитот од Солун Генадиос во прославата на специјалната миса во црквата Свети Минас.
Злогласните критјани
Јане
влегува во
Солун
Сандански формирал одред од 300 души и заедно со војводите Стоју Хаџиев, Димитар Арнаудов, Ѓорги Казепов, Крсто Чапрашиков, Иван Чонтев и четата на Александар Бујнов кој останал на лекување во Неврокоп, на мазги и на коњи тргнале за Солун како претходница на бугарската 7. дивизија. Одредот од 300 Македонци предводен од Сандански заедно со бугарската коњаничка група на мајорот Цонев, на 28 октомври 1912 година влегол во Солун. Истовремено, влегле и грчки трупи предводени од престолонаследникот Константин, а потоа влегла главнината на бугарската војска. Со главнината на бугарската армија, покрај командата на 7. Рилска дивизија пристигнале и кнезовите Борис и Кирил. Во нивното обезбедување, покрај бугарската војска, учествувале четите на Тодор Александров, на Михаил Думбалаков, на Георги Мончев, на Дончо Златков и четници на Јане Сандански. Во Солун особено бил свечено пречекан Сандански, кој имал изграден авторитет уште во Младотурската револуција како борец за слобода и за рамноправност прокламирани во неговиот манифест. Поради тоа, народот го пречекал со аплаузи и со повици Да живее Сандански!, а од грчкото население со Зито Сандански!.
ред - одред од 300 Македонци предводен од Сандански, заедно со бугарската коњаничка група на мајорот Цонев, на 28 октомври 1912 година влегол во Солун и таму имал свечен и шумен пречек од населението - македонско и грчко.
Според военостратегиските планови на Бугарија и на Турција, на 18 октомври во 1912 година на територијата на Источна Македонија, по долините на Струма и на Места биле дислоцирани бугарската 7. дивизија, наречена Ри
На една прослава организирана од генералот Георги Тодоров, началник на Штабот на 7. Рилска дивизија, се држеле здравици за ослободувањето на Македонија и за нејзиното приклучување кон татковината Бугарија. На таквите здравици станал и Сандански и наздравил со зборовите: Пијам за слободна и автономна Македонија, за која се бореа и дадоа скапи жртви обединетите балкански народи. Како полеани со студен туш, бугарските офицери со пцости и со закани му се нафрлиле на Сандански, а некои му се заканиле дека за таквите зборови ќе го исечат со своите сабји. Сандански навидум спокоен, си заминал со сознанието дека протерувањето на турските сили за Македонија не значело ослободување, дека македонскиот народ е измамен, дека следи распарчување и нова окупација на Македонија.
Силите на Јане Сандански во бројна состојба од 2.000 души биле организирани во еден одлска, со правец на движење од Горна Џумаја кон бугарско-турската граница и понатаму кон Егејското Море, а на спротивната страна турската Струмска армиска група на Али Надир-паша, стационирана по долините на Места и на Струма, составена од 14. Низамска и од 8. Серска редифска дивизија, со задача да го спречи пробивањето на бугарската армија. Силите на Јане Сандански во бројна состојба од 2.000 души биле организирани во еден одред. Потоа одредот бил преформиран во чети и во седум оперативни групи.
Покрај овие, под раководството на Сандански се ставиле бројни формации на селската милиција и самоиницијативно формирани месни (селски и градски) чети. Во реонот меѓу Мелник и Свети Врач (денес Сандански) на војводата Александар Бујнов, му се приклучиле уште 400 мелничани и 300 души од Свети Врач и од селата Плоски и Поленице и околу 70 души од селата Хрсово и Капатово. Главниот оперативен штаб на силите на Серската организација го сочинувале Јане Сандански, како главен раководител, и војводите Тодор Паница, Александар Бујнов и Георги Скрижовски. Овие сили во организацијата и извршувањето на борбените дејства биле целосно самостојни.
Состојбата во Солун била мошне критична. По приближувањето на сојузничките војски кон Солун, турската команда била принудена да ја повлече војската од градот. Поради тоа, таа преку странските конзули барала можност за спогодба со сојузниците или барем да им се овозможи под поволни услови да го напуштат Солун и да го предадат градот. Странските конзули, меѓу кои главна улога имале рускиот и францускиот, одлучиле Солун да
и се предаде на грчката војска. Предавањето го извршил командантот на турскиот гарнизон во Солун - Хасан Таксим-паша, со потпишување на два протокола: основен и дополнителен. Основниот протокол содржел 10 члена и бил потпишан на 26 октомври 1912 година од Хасан Таксим-паша и од делегатот на грчкиот престолонаследник Д. И. Метаксас.
Според овој протокол, турските војници имале обврска да го предадат оружјето на грчката армија и да го сместат во артилериската касарна; предавањето на градот е во сила до склучувањето на мирот меѓу завојуваните страни итн. Во Дополнителниот протокол, кој бил потпишан на истиот ден и од истите лица, биле вклучени уште шест члена во кои, меѓу другото, се наведува дека на 27 октомври 1912 година, попладне, два грчки баталјона ќе влезат во градот Солун и ќе се сместат во пешадиската касарна, и дека во присуство на два грчки претставника ќе се изврши разоружување на турскиот гарнизон и сместување на 3.000 разновидни парчиња оружје.
Во тоа време, српските сили се наоѓале во Дојран. Градот Кукуш уште на 23 октомври 1912 година го ослободиле четите на Тодор Александров и воспоставиле власт од претставници на месното население. Покрај тоа, Александров формирал месна милиција на чело со Гоце Междуречки. Четите на Александров го ослободиле и селото Ајватово, кое е мошне близу до Солун, но во градот Солун не влегле бидејќи ја чекале седмата Рилска дивизија. За состојбата и силите што се приближувале кон Солун, Александров ја известил командата на 7. Рилска дивизија. По добивањето на известувањата за движењето на сојузничките и на турските сили, командата на 7. Рилска дивизија го забрзала движењето кон Солун. На 27 октомври во 1912 година, штабот на дивизијата пристигнал во Кукуш.
Веднаш преку курирот на Александров стигнала информацијата за предавањето на Солун. Истиот ден во село Ајватово пристигнале 3. бригада на 7. Рилска дивизија, повеќе чети од одредот на Јане Сандански, четите на Тодор Александров и на Думбалаков, а со штабот на 7. Рилска дивизија пристигнале кнезот Борис и кнезот Кирил (синовите на царот Фердинанд В. С.). Покрај овие, во селото Ајватово се наоѓале генералите Георги Тодоров и Рачо Петров. По дознавањето за плановите на Таксим-паша, во попладневните часови на 28 октомври во 1912 година во Солун пристигнале четите на Јане Сандански, на Тодор Александров, на Думбалаков и еден ескадрон на бугарската коњаница. Покрај наведениве македонски војводи на 28 октомври во 1912 година со бугарските кнезови во Солун пристигнале и Македонците Андреј Љапчев од Ресен, Симеон Радев од Ресен, Никола Наумов од Штип и други. Сите тие во Солун се задржале колку и бугарската војска, освен Јане Сандански, кој по инцидентот со бугарските офицери веднаш заминал во Пиринската област.
По навлегувањето во Солун, бугарската војска го започнала воспоставувањето на бугарската власт. На тој начин се создало двовластие, односно кондоминиум. Постоела можност за вооружен судир меѓу бугарските и грчките сили. На 5 ноември во 1912 година дошло до нормализирање на односите на грчката влада со странските конзули во Солун, а рускиот конзул го посетил и грчкиот крал.
На тој начин, фактички било предодредено Солун да
и припадне на Грција. Додека се воделе преговорите, грчкиот губернатор Рективан преку својата влада барал повлекување на бугарската војска од Солун, а со помош на критската жандармерија постепено, дел по дел, ја воспоставувал грчката власт. Потоа веднаш организирал воени и жандармериски патроли, на позначајните места воспоставувал вооружени стражи, а преку градоначалникот Аргиропулос одржувал постојани врски со странските конзули. На тој начин бил информиран за ставот на конзулите, односно на големите сили, па веднаш воведувал полициски час и строга цензура со цел да ги спречи несаканите настани.
Грчката окупациска власт во Македонија ги носи сите обележја на еден строго централизиран воено-полициски режим, кој можел да се одржи само со помош на вооружена сила. Поради тоа, во Солун во почетокот на ноември пристигнале уште околу 600 критски жандари, па вкупната вооружена поддршка на грчката администрација изнесувала околу 1.000 души. Воспоставувањето на грчката власт во Солун, покрај другите, значително го помогнале и патријаршиски определените Македонци, Власи и други кои се ставиле во функција на грчката власт. За околиски началник бил поставен Тего Сапунџиев, познат како шпион на турската, а потоа и на грчката власт. Нешто подоцна тој бил сменет, како и други службеници на чии места биле поставени Грци од јужните краеви.
Според бугарските извори, грчката војска влегла во Солун 24 часа пред бугарската, затоа што 7. Рилска дивизија што
и била потчинета на српската Врховна команда, плански била спречувана, а од друга страна, грчката војска била помогната прва да влезе во Солун. Всушност, за состојбата на Балканот и за решавањето на спорните прашања по извлекувањето на турската војска, решавачка улога имала Русија. Под влијание на рускиот конзул во Скопје, конзулите на големите сили решиле по Кумановската битка на турската војска да не
и се дозволи повлекување во Скопје, туку преку Катланово кон Битола, а Скопје да
и се предаде на српската војска. Во Солун, дури по посетата на рускиот конзул кај грчкиот крал, било решено Таксим-паша да
и го предаде Солун на грчката војска.
Предавањето
на Солун
На барање од српските конзули, предавањето го извршил командантот на турскиот гарнизон во Солун - Хасан Таксим-паша, со потпишувањето на два протокола: основен и дополнителен. Големите сили, преку своите дипломатски претставници, фактички им го предаваат градот на управување на Грците
Уште пред Балканските војни, во Атина биле формирани организации што непосредно ќе бидат ангажирани по македонското прашање: Македоникос силогос, Елинизмос, Етники Етерија, и Скопефтики Етерија и други. Покрај Грци, во овие организации учествувале и Македонци, особено оние што биле под влијание на Цариградската патријаршија. Овие таканаречени македонски организации, веднаш по Илинденското востание испраќале андартски чети во Македонија, а пред Балканската војна таа активност била засилена со цел да се подготви теренот за војна.
Во почетокот на војната адвокатот Чичеликис од македонското население во Кожанско ја формирал таканаречената Света чета, што по пристигнувањето на грчката војска ја придружувала истата до освојувањето на Солун. Андартски чети составени од Македонци и од Власи биле формирани во селата Конско, Царушино и неколку чети биле формирани во Воденско-леринскиот реон. До протерувањето на турските сили, меѓу македонските, грчките и другите христијански чети постоело содејство, но потоа андартските чети и грчката војска ги протерале противничките чети и воспоставиле грчка власт. Македонските чети под команда на грчката армија учествувале во освојувањето на Лерин, на Костур, на Воден и особено на Солун.
ВМРО
во Првата
балканска
војна
Настаните
во Серскиот
револуционерен
округ
Во отсуство на единствено македонско политичко и воено раководство одредени македонски војводи се обиделе да ги надминат меѓусебните недоразбирања и барале да прекинат непријателствата меѓу македонските фракции, четите да содејствуваат. Првиот обид за помирување и заеднички содејства на четите на ВМРО, на Сандански и на врховистичките чети го направил Христо Чернопеев кој упатил повик до Јане Сандански и до Тане Николов.
Сите раководители на ВМРО заминале во илегала, со задачи да го подготват населението и локалните војводи на дадениот повик да ги започнат дејствата. Мелничкиот округ бил поделен на околии, на реони и на села, а така се формирале и единиците, односно вооружените формации. Центар на округот бил Мелник, а главен раководител Јане Сандански. Негов помошник бил Ѓорѓи Казепов, кој воедно бил и околиски војвода.
Од Мелник биле раководени и координирани дејствата во целиот Серски револуционерен округ. Покрај македонското, поради авторитетот на Сандански, во неговите формации самоиницијативно се пријавувало и влашко, еврејско, дури и грчко население. Овие чети за партизански дејства ја вршеле разузнавачката и известувачката служба.
Тодор Александров се обидел преку Христо Чернопеев и Казепов да контактира со Јане Сандански, со цел да ги распушти серските другари и да ги стави под команда на штабот на ВМРО. Сандански во почетокот одбивал секаква соработка со штабот на Александров. По тоа прашање закажал средба со своите војводи. Средбата се одржала на Пирин и било констатирано дека штабот на Александров се обидува да ја стави Серската организација под своја команда. Распуштањето на другарите за Сандански било апсолутно неприфатливо.
Меѓутоа, со оглед на неизбежноста на војната и во името на Македонија се согласил на спогодување со четите на Александров. До почетокот на војната, Сандански успеал да мобилизира околу 2.000 луѓе. Сандански помирувањето не го прифатил, но непријателството го замрзнал поради војната.
Настаните
во Вардарска
Македонија
Во реоните на Штип и на Кочани четите ги предводеле војводите Ефрем Чучков, Симеон Ѓорѓиев, Оровчанов и други. Во Солунскиот реон најголема чета имал војводата Ичко Димитров. Се појавиле и други партизански водови и чети на ВМРО, на кои им се приклучувале месните селски чети
Учество
на ВМРО во
ослободувањето
на
Македонија
Прилепско
Прилепските чети, на пример, на 20 октомври го ослободиле селото Тополчани, а на 23 октомври 1912 година влегле во Прилеп како ослободители. Во прилепскиот реон се борела четата на Крсто Гермов, која била наречена Прилепски летечки одред. Во неа, главно, влегувало месно население и содејствувало со четата на ВМРО на војводата Милан Ѓурлуков. Во Прилепско, на повикот за војна, населението масовно се пријавувало и се формирала месна милиција од повеќе чети. Војводите Мирче и Аргир мобилизирале околу 1.000 милиционери и на 15 октомври 1912 година разбиле еден турски коњанички одред на просторот меѓу Прилеп и Плетвар.
Костур,
Лерин, Воден
На планината Плачковица уште пред објавувањето на војната се појавиле повеќе доброволни селски чети. Пристигнале и неколку
водови на ВМРО. Овде се нашле и војводите Георги Поп Христов, Марко Иванов, Павел Христов, Васил Чакаларов, Иван Попов и Христо Силјанов. Оттука се префрлувале кон Тиквеш, кон Гевгелија и за Костурско. Насекаде на четите им се приклучувало месното население, а се воделе и активни борбени дејства. За кратко време биле ослободени повеќе села, а на 20 октомври бил ослободен градот Воден, каде што била воспоставена власт од месното население.
Белас (Пела)
Војводите кои уживале силен авторитет уште од Илинденското востание, па за кратко време била ослободена голема територија на просторот Костур-Лерин-Воден. Во ноември 1912 година, турската војска презела противофанзива кон ослободената територија. Меѓутоа, многубројната селска милиција и партизанските чети на ВМРО во содејство со сојузничките сили (српската и грчката војска) успеале да ја одбијат турската офанзива. Македонските борци беа изложени на големи понижувања, навреди, па и отворени закани од страна на сојузничките команданти. Сепак, по завршувањето на Првата балканска војна на 12 декември 1912 година, четите на ВМРО се повлекле кон Бугарија, четите на месната милиција биле распуштени, а српските и грчките власти паралелно воспоставувале своја власт и воделе преговори за поделба на Македонија.
Кумановско
Активноста на месната селска милиција особено била значајна во реонот на Куманово, каде што речиси секое село имало своја чета. Во овој реон, селската милиција имала неколку илјади души. Во времето на движењето на турската војска, милициските чети од зад грб ги напаѓале турските позиции. На 10 и 11 октомври 1912 година, кај село Орашец селската милиција ги нападнала позициите на турската тешка артилерија и запленила повеќе орудија. Потоа пристигнала четата на ВМРО со војводата Крсто Лазаров, па во содејство ги нападнале турските сили и на тој начин дале голем придонес во брзиот пробив на српската војска. Во Скопскиот округ дејствувале четите на ВМРО со кои раководел Тодор Александров. Во скопските села била активна селската милиција, која содејствувала со четите на ВМРО.
Струмичко
Во котлината на реката Струмешница се организирало месното македонско население. Се формирала селска милиција од околу 700 души, кои на 19 октомври 1912 година успеале да ги ослободат селата Иловица и Сушица. Потоа пристигнале четите на Лефтеров и на Иван Смоларски, па со заеднички сили на 20 декември разбиле еден турски одред.
На Селечка Планина кај Студенчица прилепската месна милиција, дејствувајќи во тилот на турската војска, успеала да заплени големи количества храна и воен материјал. На планината Бабуна прилепските чети овозможиле српската војска да ги пробие турските позиции на Присад, поради што војводата Ѓурлуков добил лично благодарност од српскиот престолонаследник кнезот Александар. Потоа србите сите чети, без разлика, ги нарекувале бугарски, а војводата Ѓурлуков го прогласиле за штетен за српската политика, па го затвориле.
Мелничко
и
Светиврачко
На почетокот Јане Сандански е против тоа да се учествува во балканските војни, но големото разочарување што го доживеал од Младотурците и бесната пропаганда што ја покренуваат новопечените балкански сојузници против Турција, придонеле тој да го смени својот став.
Целиот Серски револуционерен округ на нозе и под оружје.
Во одлукана на Сандански се предвидувало заминување во нелегалност, соработка со сите соседни воени сили што се борат против османлиската војска, но македонските единици да бидат самостојни и од соседните земји да бидат третирани како рамноправен сојузник во сојузничката војна. Јане Сандански го започнал организирањето на македонските вооружени сили во Серскиот округ.
Борбените дејства Сандански ги започнал на 5 октомври 1912 година, односно 13 дена пред соседните земји да и објават војна на Турција. Еден дел од овие сили се борел источно од Пирин кон Неврокоп (Годе Делчев) и Драма, а другите се бореле во областа на Мелник и Свети Врач (Сандански), односно го ослободиле Мелник и ги продолжиле дејствата кон околните места.
Силите на Сандански биле под команда на бугарската 7 Рилска дивизија и дејствувале на нејзиното десно крило. За движењето на покрупните турски сили била известувана командата на 3. бригада на 7. Рилска дивизија. Бугарските офицери известувале дека секој ден добиваат по 5.000 леба дневно и друга храна од Јане Сандански и дека тој организирал болница за бугарските ранети војници.
Вооружените борби силите на Сандански ги започнале со извршувањето диверзии во тилот на турската војска и со напади на помали формации. Под непосредна команда на Сандански на 14 октомври во 1912 година бил ослободен Мелник и била воспоставена локална граѓанска власт. При повлекувањето, турските сили извршиле злосторство врз 26 Македонци и врз Гркот Манолис Кордопулос, кој бил близок пријател на Сандански. Покрај ослободувањето на Мелник, силите на Сандански за краток период го разбиле турскиот гарнизон во село Црвиште, и Сандански завладеал со целата струмска долина од Мелник до Рупелската Клисура.
Долината
на реката
Струма
По долината на реката Струма борба развиле и четите на Христо Чернопеев, со бројна состојба од 70 души. Кон оваа чета пристапиле и
водови на Георги Занков, Стефан Чавдаров и Михаил Чаков, со вкупно 35 четници. Потоа им се придружила и четата на Таско Стоилков, со што се создало јадро од 150 четници. Со оваа чета командувал Христо Чернопеев, а бројната состојба постојано се зголемувала од селската милиција. Првата воена акција на четата се водела за ослободување на Банско. Потоа, на 27 октомври 1912 година, четата на Чернопеев заедно со четите на војводите Пејо Јаворов и Јонко Вапцаров ја ослободиле и Кавала.
Ослободување
на Охрид
Во Охридскиот реон дејствувала четата на окружниот војвода и член на ЦК на ВМРО, Петар Чаулев. Покрај неговата чета во Западна Македонија, односно во Дебарца, во Кичевско, во Малесија и во Демир Хисар, се бореле четите на војводите Дејан Димитров и Стефан Атанасов. Тие, исто така, содејствувале со бројните месни чети на селската милиција. Во содејство, овие сили до 10 октомври ги ослободиле речиси сите наведени места, а на 15 октомври 1912 година, четата на Атанасов во заседа заробила 250 турски војници.
На 14 октомври кај Сливово, месните чети заробиле 300 турски војници, а на 23 октомври Чаулев воспоставил врски со српската војска, од кои дознал за таканаречената спорна зона (види Српско - бугарска спогодба) во Македонија.
Разочарувањето било огромно, бидејќи договорот за поделба на Македонија било тајна меѓу српската и бугарската влада. На 4 и на 5 ноември, предводени од Чаулев, четите на ВOМРО, четите на селската милиција и бројни доброволци од месното население извршиле напад врз Прибилци и Брежани и заробиле 600 турски војници. Следниот ден воделе нови борби со војската на Џавит-паша, која била присилена да се повлече. Кај местото Бухово на патот Ресен-Охрид биле заробени 300 војници. На 10 ноември 1912 година, Чаулев влегол во Охрид. Била воспоставена месна самоуправа. Но, по три дена навлегла српската војска и воспоставила српска власт.
Српско-бугарска
спогодба (спорна
зона)
Основата на Балканскиот сојуз ја чинела српско - бугарската спогодба, а во преговорите што започнале кон крајот на септември 1911 година многу активно учествувале руските пратеници во Белград и во Софија, Николас Хартвиг и Александар Нелидов. На 13 март 1912 година е потпишан Договорот за пријателство и сојуз меѓу Србија и Бугарија, придружен со таен додаток и со воена конвенција што е потпишана на 2 јуни истата година како интегрални делови на Договорот. Покрај тоа истиот ден се потпишани и две спогодби на главните генералштабови.
Јавниот дел на Договорот имал дефанзивен карактер:
Двете земји си гарантирале една на друга државна независност и неповредливост на територијата, а во случај на напад на една или на повеќе држави, заедно да се помагаат со сите сили; ако некоја од големите сили се обиде да анектира, окупира или со воена сила да заземе кој било дел од балканската територија под османска власт и доколку тоа би било спротивно на нивните заеднички интереси, двете страни се обврзувале да си помагаат една на друга; мирот можел да се склучи заеднички, според претходниот договор; било предвидено договорот да трае до крајот на 1920 година.
Со тајниот додаток на Договорот се предвидувала војна против Османлиската Империја, со тоа што претходно би се известила Русија. Целата територија што би ја зазеле од Османлиската Империја би имала карактер на заедничка своина, односно кондоминиум, а таа територија дефинитивно би се разрешила три месеци по склучувањето на мирот врз следните основи: Србија и го признава на Бугарија правото на областите источно од Родопите и реката Струма. Бугарија на Србија и ги признавала областите северно од Шар Планина.
По тие области не постоеле спорни прашања, па се нарекувале неспорни области. Територијата меѓу Шар Планина, Баба Планина, Охридското Езеро, Скопско и Кумановско, била означена како спорна (види картата) и за неа е речено дека може да се организира во автономна област или да се подели меѓу сојузниците. Според српско-бугарската спогодба од 13 март во 1912 година за таканаречената спорна зона на прво место се предвидувала автономија а потоа нејзина поделба. Фразата за автономија на Македонија била внесена на барање на Иван Гешов, бугарскиот премиер и во договорот влегла како прва можност.
Воена
конвенција
кон српско-бугарската
спогодба
Со Воената конвенција од 2 јуни 1912 кон Српско-бугарската спогодба година, било предвидено во случај на офанзивна војна против Турција, Србија и Бугарија, да удрат на противникот со 150, односно 200.000 војници, од кои најмалку 100.000 ќе упатат на Вардарското боиште.
Македонската територија надвор од неспорните територии ја нарекле спорна и ја поделиле по долги и жестоки преговори. Во членот 2 од Тајниот додаток од едниот до другиот крај на спорната територија, односно од Големиот Врв кај Крива Паланка до манастирот Губавец (Св. Еразмо) на Охридското Езеро прецизно била повлечена границата. Србија се обврзала да не бара ништо преку означената граница, а Бугарија да ја признае таа граница ако рускиот цар, кој ќе биде замолен со арбитража да го реши ова прашање, се изјасни во корист на оваа линија.
Меѓутоа, во членот 4 на Договорот е утврдено: секој спор што би се изродил по повод толкувањето или извршувањето на која и да било одредба од договорот, Тајниот додаток или од Воената конвенција, да и се поднесе барање на Русија за конечно решение на спорот, штом едната страна (Србија или Бугарија) ќе изјави оти смета дека е невозможно да се постигне спогодба со непосредни преговори.
Тоа значи дека Русија имала неограничени можности во поглед на решавањето на македонското прашање.
Ослободување
на Крушево
Настаните во Крушево во Балканските војни даваат најдобра слика за состојбата во цела Македонија. Без оглед на верската и национална припадност, народот, поучен од илинденските настани што се уште му биле во свежи сеќавања, избрал војводи од својата средина, Ванчо Делев-Џонето и Ванчо Белувчето. По формирањето на месните чети пристигнал и
вод на ВМРО со војводата Методи Стојчев. Месните чети во содејство со српската војска учествувале во битките на Обедник, во Облаково, во Снегово и во Битола.
На 24 октомври селската милиција го зазела Крушево и веднаш организирала месна народна власт по принципот на Крушевската република, во која имало припадници на сите народности што живееле во Крушево. Месната власт обезбедувала храна и друга помош за српската војска. Месната власт во Крушево била составена од постари и познати луѓе, меѓу кои биле Тодор Спасев, Велко Ќурчијата и други претставници избрани од народот. Оваа власт траела 20 дена.
Во меѓувреме пристигнал капетанот Велко со една чета српска војска. Така, во исто време во градот се нашле месни македонски чети и чети на српската војска. Со оглед на тоа дека српската војска била посилна, била воспоставена српска државна власт. На четата на Ванчо Џонето и било наредено да го предаде оружјето и ако сакаат можела да остане во Крушево, а ако не, со редовни документи нејзините борци можеле да заминат за Бугарија. Четата на Ванчо Џонето го предала оружјето, но четите на Ванчо Белувчето и на Ставре Димитровски одбиле да го предадат и пак заминале во планините.
Српската власт организирала потера по овие чети, во кои учествувале и српски чети, кои по Илинденското востание дејствувале во Порече. По неколку дена Белувчето бил убиен, а неговата глава отсечена ја носеле по Крушево за да го заплашат народот. По тие настани се состанала Крушевската револуционерна организација и, меѓу другото, констатирала: “... Ние што можевме сторивме, дури и над нашите можности, прогласивме и република. Но, кога од едно ропство одиме во друго, тогаш ќе мораме да почекаме да заврши војната и веруваме дека мирот ќе донесе нешто ново”. На тој начин престанала да функционира крушевската револуционерна организација.
Соработка
со
бугарската
царска
армија
Јане Сандански веднаш по дознавањето за српско - бугарската спогодба на своите соборци им изјавил дека не е можна спогодба меѓу Србите и Бугарите доколку не се работи за поделба на Македонија. Поради тоа, а следејќи ја и мислата на Гоце Делчев дека за Македонија е подобро да остане под турска власт отколку да ја распарчуваат соседите, Сандански бил против Балканските војни доколку тие не се водат за создавање на една балканска федерација. Таквиот став Сандански го искажал со зборовите: Тие што ќе дојдат да
ни ослободат, всушност ќе не поробат.
Покрај Јане Сандански, односно Серското крило на ВМРО, против Балканските војни биле и македонските социјалисти, Учителската организација и други. Тие ослободувањето на Македонија го гледале во можноста за создавање обласна самоуправа во Македонија во демократизирана Турција и во можноста за создавање независна македонска држава во слободна демократска заедница на балканските народи. Таквата идеја кај наведениве македонски сили била застапувана уште од периодот на Младотурската револуција.
Меѓутоа, непосредно пред Балканските војни, овие сили под влијание на соседните пропаганди во Македонија биле потиснати. Со оглед на тоа што во српско-бугарската спогодба, Бугарија се откажала од прелиминарниот Санстефански договор и поради тоа што на Македонија двете потписнички
и ветувале автономија, сите македонски сили ( ВМOРО и МВК ), па и Јане Сандански одлучиле да учествуваат во Балканската војна под бугарска Врховна команда. Сандански ги вклучил своите чети под команда на бугарската 7 Рилска дивизија.
Серската група не можејќи да остане во средината, решила да ја помогне бугарската царска армија. Според некои извори, Сандански се определил, во крајна линија, за соработка со Бугарија поради претпоставката дека Бугарија имала најголеми изгледи да ја заземе цела Македонија, со надеж на тој начин да ја зачува нејзината целост и единство, не откажувајќи се притоа од принципот Македонија на Македонците и од остварувањето на истиот. Меѓутоа, неговата определба за Бугарија и самите бугарски офицери ја сметале како сојузничка.
Согледувајќи ја новонастанатата состојба, Серската револуционерна група: Јане Сандански, Александар Бујнов, Тодор Паница, Таската Серски и други, во почетокот на јуни во 1912 година одржале советување во Солун. На советувањето, било решено да земат активно учество во војната и да заминат за Источна Македонија и да ги започнат подготовките. До септември во 1912 година веќе биле извршени организациските и логистичките подготовки. Во почетокот на септември, во Мелник било одржано второ советување, на кое се расправало за воените прашања.
'' Од сите страни во ист момент слушнав дека нашите војници двa дена не добиле леб. Веднаш спроведов истрага. Од мене ја криеле вистината дека Хадемкој Рамнодушниот ги испланирал залихите на тој начин за да ни наштети. А нашите јадни војници се до последниот момент не се жалеле. Какви храбри луѓе.
Луѓе од исклучителен ков. Ова приказна за ускратувањето на леб за војниците се почесто се потврдува. Од сите страни, од сите корпуси, сите го напаѓаат Хадемкој Рамнодушниот.
Ова е лудило. Командантот побудалел, воените заповедници полуделе, сите сме полуделе. Некои луѓе три дена не пробале леб. Железницата е близу, главниот град е веднаш зад нас...
Дали некогаш во животот сте се наоѓале меѓу 21 000 луѓе кои четири дена не јаделе леб? Е, јас сега сум во таква состојба...''
— Изет Фуад Паша, 15-16 декември 1912
Кажуваат дека некои војници кај штабот викале: Бегајте! Што ќе барате тука? Готово е. Секој на своја страна! Така некои војници побегнаа од фронтот. Настана непотребна паника. Војниците, кои ги ширеа тие гласини, беа унионистите. Јас мислам дека тоа е вистина.
Имаше луѓе од различни националности во нашата војска. Беа наши државјани. Меѓутоа тие беа турски предавници. Многу од нив со години се бореа против нас. Ова ни е лекција. Нашата власт мора илјадници пати го доживеала тоа така што не би смееле да примаме во војската никој освен муслиманите.
Меѓутоа тие ( унионистите ) кажуваат: Таков е уставот. Тоа не може така. И тие се наши граѓани. Тие се со нас и во добро и во лошо. И тоа беше вистина, меѓутоа состојбата беше ваква.
Секогаш Турчинот беше тој што го плаќаше крвавиот данок. Секогаш тој плаќаше со својот живот. Турската нација изумираше... Некој кажуваат дека паниката ја предизикале унионистите, кој наводно викале Бегајте!
Нашата војска во Румелија ја победија Србите. Војската се повлече длабоко во Албанија. Кажуваат дека албанските баталјони побегнале од фронтот. Србите ги навлекле Албанците да го направат тоа. Тоа беше вистина. Грците ја изведоа опсадата на Јанина. Таму Вехир Паша и неговиот брат Есад Паша даваа жесток отпор. Нивниот главен командант, Али Фуад, покажа големо јунаштво и беше ранет. И албанските војници дезертираа од Јанина. Турските војници беа гладни и болни.
Храбрите војници долго ја бранеа Јанина, меѓутоа на крајот и таа падна. Хасан Риза Паша покажа големо јунаштво во Скадар. Благодарение на него, опсадата на овој град траеше мошне долго. Хасан Риза беше извонреден војник.
На крајот албанскиот Есад Паша, кој уште одамна го принуди Абдул Хамид на абдикација, нареди Хасан Риза да се погуби. Неговата смрт беше голема загуба за Турците. Есад беше прав никаквец. Подоцна, по стекнувањето на независноста, Албанците го убија, меѓутоа што со тоа добија? Скадар падна.
Командантот на Солун, албанецот Ташин Паша безусловно го предаде Солун без борба. А кaжуваат дека за тоа зел пари од Грците. Синџирот на случувањата покажува дека сите несреќи ги предизвикале Албанците.
Одличен начин за да се покаже што значи поставувањето на надворешен елемент на важни места. Овој кабинет навистина беше глуп.
— Риза Нур, Сеќавања
Hиза терористички акти извршени во текот на 1911 и 1912 година од дејци на новата организација ВМРО, која произлегла од расцепот на Македонската револуционерна организација.
Во периодот што непосредно претходел на Балканските војни, во Македонија ВМРО ја продолжила вооружената борба, но со нова тактика. На Ќустендилскиот конгрес се дало акцент на тероризмот и од тука произлегле т.н. Магарешки атентати. Со атентатите се сакало да се предизвика турскиот фанатизам и со очекуваната реакција од нив се сакало да се вознемири и пробуди европското јавно мислење против Турците. Убиствата извршени од страна на Турците биле еден од поводите за почеток на Првата балканска војна.
Грчката армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе ги фати
Во писмата на грчките војници испратени од фронтот може да се види со каков ужас се соочувало македонското население во селата и градовите под грчка окупација. Крвавата колекција од околу стотина писма преку воената пошта на грчката армија требало да бидат доставени до адресите напишани на пликот, но поштата била заробена од бугарската армија во Разлог на 14 јули 1913 година и писмата стигнале во јавноста. Станува збор за страотна колекција на автентични сведоштва, кои, како што тврди проф. д-р Љубомир Милетич, таа 1913 година биле донесени во Државниот архив во Софија. Во писмата грчките војници на своите роднини и пријатели им се фалат дека секаде каде што поминале не оставиле ниту еден жив славофон што им паднал в рака, дека ги силувале сите славомакедонки кои биле фатени од нив, дека ги запалиле сите села на славофоните и слично.
Јанко Георгиев, 85 годишниот поп од Гуменџе/Gumenisa, окото му е повредено од мачењата кои ги претрпел од страна на Грците.
Пред сто години
По заминувањето на османлиската војска од Македонија, Србите, Грците и Бугарите настојуваат да ги задржат подрачјата под своја власт. Ваквата поделба на освоените територии во Македонија меѓу Србија и Бугарија било решено со Тајниот додаток на Договорот за пријателство и сојуз, но прашањето меѓу Бугарија и Грција останало отворено, а очекувањата на македонскиот народ биле сосема изневерени. Имено, Македонија не само што не била ослободена туку била распарчена и поделена од таканаречените братски народи. По Лондонскиот мировен договор од 30 мај 1913, Србија завладеала со западниот и централниот дел на Македонија, Грција ја добила јужна Македонија, а Бугарија си го припоила источниот дел на Македонија.
Еден месец по Лондонскиот мировен договор, со кој е завршена Првата Балканска Војна, почнува Втората Балканска Војна, која за околу педесеттина дена, колку што траела, однела голем број жртви, најголем број цивили Македонци, кои биле изложени на вкрстен оган меѓу армиите на балканските завојувачи. Сепак, според документите зачувани до денес, најголемите ѕверства во двата ужасни летни месеци на Втората Балканска Војна ги направиле грчките војници кои вршеле ужасен, крвав геноцид низ Егејска Македонија.
Колиме по заповед на кралот!
Од писмата на грчките војници испратени од фронтот може да се види со каков ужас се соочувало македонското население во селата и градовите под грчка окупација. Крвавата колекција од околу стотина писма преку воената пошта на грчката армија требало да бидат доставени до адресите напишани на пликот, но поштата била заробена од бугарската армија во Разлог на 14 јули 1913 година и писмата стигнале во јавноста. Станува збор за страотна колекција на автентични сведоштва, кои, како што тврди проф. д-р Љубомир Милетич, која веднаш, таа 1913 година, била донесена во Државниот архив во Софија.
Во писмата грчките војници на своите роднини и пријатели им се фалат дека секаде каде што поминале не оставиле ниту еден жив славофон што им паднал в рака, дека ги силувале сите славомакедонки кои биле фатени од нив, дека ги запалиле сите села на славофоните и слично. И сите тие ужаси што ги правеле, како што вели проф. Милетич во својата книга за теророт на грчката војска во Егејска Македонија, објавена само неколку месеци по завршувањето на Втората Балканска Војна, а во која се објавени и 53 потресни фотографии од ужасите направени врз Македонците, војниците ги правеле, како што признаваат во писмата, по заповед на команадата и на грчкиот крал. Еве неколклу извадоци од грчките воени сведоштва за масакрот што го направиле андартите на фронтот во јужниот дел на Македонија за време на Втората Балканска Војна:
По заповед на кралот ги палиме сите славофонски села; ги силувавме сите млади момички што ги фативме - пишува еден од војниицте на кралот. Друг пишува: Со радост ги палиме словофонските села; ако нема мажи, ги убиваме жените и децата. Во писмото на трет војник пишува дека селата во кои нема Грци ги гориме до темел за да не може одново да никне таа гнасна славофонска раса. Еден од војниците пишува дека ги наоѓале селаните скриени по разни места: Секојдневно наоѓаме мнозина од нив и ги убиваме. Во писмото број седум пишува: Таква е наредбата - да ги палиме селата, да ги убиваме младите. Едно од писмата сето тоа што се прави на теренот го споредува со касапница: Ова што го правиме со славофоните е касапница; нема нивно село или град кој не е изгорен.
Слично на него еден од војниците ги известува своите пријатели во некое село близу Атина: Ги убиваме сите славофони кои ќе ни паднат в раце, што значи дека нема заробеници, нема сведоци. Еден друг војник сепак покажува некакво мало сочувство, пишувајќи дека палењето на селата и убивањето на недолжниот народ е нечовечко дело затоа што сите што ги заробуваме ги поминуваме под нож. Според писмата цитирани во француското издание на овие ужасни писма може да се констатира дека масакрот се вршел масовно и во секоја прилика. Така еден од војниците со своето писмо вели дека ,,од 1200 заробеници, кои ги заробивме кај Нигрита, не останаа повеќе од 41 во затворот,, а друг ладниокрвано ќе напише дека ,,во селото Броди фативме пет славофони со една мома од Сер; ги затворивме во една визба. Девојката ја убивме без мачење, а мажите многу ги мачевме, живи им ги извадивме очите“.
Следното писмо цитирано и во францускиот превод потврдува дека ,,каде што ќе најдеме еден или двајца славофони, веднаш ги убиваме како врапчиња“. Еден негов соборец, можеби верник, во своето писмо ќе констатира дека ,,ова што се случува сега не се правело никогаш по Христа; елинската армија ги пали сите славофонски села и ги убива сите што ќе ги сретне. Од писмото на друг војник може да се види дека во Егејска Македонија грката војска правела невидени масакри, дозволувајќи војниците да се однесуваат како да се во кланица: ,,Ми дадоа 16 заробеници за да ги доведам во дивизијата, а јас доведов само двајца; другите ги изеде мракот - ги убив попат“.
Распнувани по дрвја низ шумите
Според проф д-р Милетич, кој само неколку месеци по масакрите направени за време на Втората Балканска Војна во Егејска Македонија, самиот успеал да собере голем број сведоштва, документи и фотографии, но и да разговара со дел од преживеаните што успеале да побегнат во Бугарија, грчката војска направила невиден масакр, всушност геноцид над цивилното македонското население од Сер до Солун, преку Кукуш, Дојран и Струмица. Со првичните податоци собрани набрзо по масакрот се потврува огромниот број мажи, жени и деца кои се водат како исчезнати. За војниците, според Милетич, не треба ни да се зборува; тие не само што се убивани, туку и најѕверски се мачени, распнувани на дрвјата по шумите, врзувани со телеграфски жици, поливани со газија и живи палени. Многу такви случаи се регистрирани во околината на Струмица, но и во други делови на Македонија каде што дејствувала или макар само поминала грчката војска. Меѓу извршените грчки ѕверства, како што вели проф. д-р Милетич во својата книга со докумени и фотографии од војната, објавена во Софија во септември 1913 година, како најкаратеристични по варварството, по палењето живи луѓе се одвојуваат селата Аканџали и Попово, градовите Сер, Кукуш, Гевгелија, но и во селата Герман, Крчово, Спатово, Крушово, Ѓуреџик, Горно Броди и други. Истовремено, користејќи ја воената состојба специјални групи грчки злосторници вршеле масовни убиства и во рагионите кои не биле зафатени со воените дејства.
Сведоштвата објавени во книгата на проф. д-р Љубомир Милетич потврдуваат дека на 20 јуни грчката војска стигнала пред Гевгелија, се укопала на околните ридови и почнала да дејствува со артилерија. Гледајќи како населението се повлекува преку мостот на Вардар, дејството на артилеријата се свртело во таа насока, па во тој навиден масакар на цивили загинале голем број гевгеличани. Кога преживеаните се искачиле на Стојаковската височинка, се свртеле да видат што се слуува зад нив, и тогаш виделе дека горат селота Сехово, Шлопенци, Мачуково, Смол и Бајалци. Во градот Гевгелија веќе била започната страшна тортура врз оние што не успеале да побегнат.
Грчките андарти и војниците ограбувале и убивале по улиците и дворовите. Бежанците Јоаким Дучев и Гоне Чавдаров од село Богданци сведочеле дека андартите убивале без да прават разлика во возраст и пол. Според нив, од Богданци успеале да побегнат 80 семејства, но 370 останале во селото, па тие не знаат што се случило со нив. Многумина и од оние што успеале да заминат од Богданци, умреле за време на бегството од Струмица до Пехчево. Така, Гоне Чавдаров попат ги изгубил своите двајца браќа, сестра си и својата бремена сопругата со малата ќеркичка. Подоцна дознал дека жена му останала во селото Дурбаки, дојранско, и дека таму се породила.
Според д-р Милетич во Бугарија имало стигнато голем број деца од Гевгелија, кои не знаеле да кажат каде им се родителите. Во сведоштвото запишано во септември 1913, значи само еден месец по завршувањето на Втората Балканска Војна, во Самоков биле дојдени две дечиња, Томе и Слобода Заринови, братче и сестриче од Гевгелија, кои успеале да побегнат заедно со некои луѓе од градот со кајче преку Вардар. За родителите велат дека останале во Гевгелија, но д-р Милетич смета дека нивните родители најверојатно се загинати во метежот што настанал по дејството на грчката артилерија врз бегалците. И друго дете од Гевгелија, Аргир, кое во мигот кога се собирале документите за книгита се наоѓало во Радомир, не знаело што се случило со неговите родители.
За неколку дена Гевгелија и гевгеличани, според Милетич, ужасно настрадале не само од дејството на грчката артилерија туку од здружувањето на грчките војнички банди со месните Турци и Цигани. Деветнаесетгодишното момче Мито Иванов од Смоквица, гевгелиско, само десеттина дена по завршување на војната сведочело дека селото Мрзенци на 20 јуни било запелено со газија од Грците и Циганите, мажите биле исклани, а жените силувани. Сите девојки биле однесени некаде надвор од селото и ниту една од нив не се вратила дома. Следните денови, на 24, 25 и 26 јуни целата гевгелиска чаршија била ограбена и опустошена од грчките андарти, а ограбени се и куќите на сите побогати гевгеличани.
Според сведоштвото на Мито Илиев од селото Аканџали, дојранско, кој есента 1913 бил со група бежанци сместен во градот Самоков, грчката војска влегла во селото на 23 јуни во пет часот попладне, веднаш собрале 60 селани, ги однеле во блиската корија и ги убиле. Истата ноќ цело село ечело од писоците на жините и девојките што грчките војници ги силувале до смрт: Со свои очи видов како ја обесчестија снаата на Стојан Поповалијата, ќерките на Стојан и Пелтек Илиеви, дванаесетгодишната ќеркичка на Коста Турбашиски. Момите и жените беа врзувани по три, беа тепани и фрлани под нозете на коњите. Следниот ден ги запалија селата Аканџали, Дурбали и Николич - сведочи Илиев.
Масакр во Малешевијата
Според сведоштвата на неколкумина бежанци од Пехчево, во градот, при влегувањето на грчките војски, населението излегло да ги прчека, но по ден-два војската почнала со ѕверствата, убиства, грабежи и силувања. Силувани биле Магда Гичева 50 години, баба Генка Цекова 80 години, Султана Секулова 60 години и сите други жени што биле во градот, а биле над десетгодишнавозраст. Во селото Панчарево биле заклани Дамјан Ризов 18 години, Иван Стојков 55 години, Стојан Петков 35, Ангел Марков 25, Стојан Илиев 25 и други. Во Разловци биле силувани снаите на Георги Златков, Стојанка и Васа, а му биле одземени и 30.000 оки жито, 2000 оки сено. Во Умлена биле убиени Ангел Батев и син му, а биле силувани 13-годишната ќерка на Коце Султан, потоа Марија Накова, Роса Гогева, Ивана Гогева и Галина Христова.
Грчката војска во селото Владимирово се здружила со турското население, ги одвоиле мажите од жените, а потоа однеле 14 девојки заедно со Параска Чолова. Струмичанката Марија Георгиева Ичева, која успеала да побегне од градот на 29 август 1913 година, раскажала за грчките злодела направени во Струмица и околните села, кои биле запалени до темел од андартите и нивните турски придружици. По повелкувањето на Грците, во градот и селата се вратиле само Македонците. Останататите жители на градот Грци, Турци и Евреи заминале од Струмица. Сега слушам, раскажала Ичева, дека некои гркомани почнале да се враќаат. Од Турците ниту еден не беше вратен пред да тргнам на 29 август за Бугарија. Имаше Турци кои од почетокот кога навалегоа Грците заедно со нив грабеа, палеа и убиваа. Кога Грците се повлекуваа, сосила ги тераа сите Турци да заминат од Струмица. Мнозина од нив велеа: јас ниту сум грабел, ниту сум убивал, но не смеам да останам зашто Грците се закануваат, бараат да заминеме со нив. Една учителка ми раскажуваше, сведочи Ичева, дека ноќта на 10 август ја однеле во касарната и таму била силувана од командантот, а потоа 24 часа се ределе војниците. Сега е болна.
Според сведоштвата што ги собрал проф. д-р Милетич може да се види какви ѕверства правеле Грците, но на крајот од книгата тој најавува слични документи и за ѕверствата на српските и црногорските војски, потврдени со сведоштва на бежанците од тиквешко, велешко, штипско, кочанско, кратовско, паланечко, радовишко и од други делови на Македоанија каде што дејствувала српско-црногорската војска. Се разбира, кон овие ѕверства треба да се додадат и ѕверствата што врз македонското насление ги правела бугарската војска, па ќе се заокружи крвавата слика за страдањето на македонскиот народ во Балканските војни, поделен со договорот во Букурешт токму меѓу оние што ѕверски го газеа, уништуваа и убива за да го “ослободат“.
Окупацијата
на
Македонија
Лондонски
договор
На 30 мај 1913 година, Отоманската империја го потпишала мировниот договор во Лондон, според кој се откажала од териториите западно од линијата Енез-Мидија во корист на балканските сојузници, со тоа што било одлучено да се создаде албанска држава, чии граници требало да се утврдат дополнително. Загубите во загинати, ранети и заробени изнесувале: Отоманска Империја 153.000, Царство Бугариjа 73.000, Кралство Србија 30.000, Кралство Грција 28.671 и Кралство Црна Гора 10.000 луѓе.
Материјалните загуби на Царството Бугариjа изнесувале една милијарда и 300 милиони франци, на Кралството Србија 590 милиони, на Кралството Грција 467 милиони и на Кралството Црна Гора околу 100.000франци. Загубите на Македонија, човечки и материјални, не се наведуваат, ниту во еден извор, иако војната се водела и во Македонија, а од глад и болест умирале најмногу деца и стари. Македонија загубила сé што имала: територијата распарчена, народ и имотот национализирани, историјата погребана, и затоа Сандански рекол дека за Македонија ќе било подобро да остане под турско ропство, оти тие што ќе ја ослободат, ќе ја распарчат и повторно ќе ја поробат.
Окупациски
режими во
Македонија
по Првата
балканска
војна
Сојузниците во Првата балканска војна како што ги ослободувале македонските територии, така веднаш почнале да работат и на воспоставување своја власт врз нив. Македонското население се до првата половина на 1913 година не знаело на која држава и припаѓа и каде се границите.
Српската
окупациска
власт
Српската влада започнала да ги остварува политичките цели веднаш по победите во првите битки. По Кумановската битка, на освоената територија бил воспоставен режим на специјална управа. На 12 октомври 1912 година, штабот на првата. армија се обратил до Врховната команда со молба што е можно побрзо во Куманово да се испрати еден полициски комесар со потребен број службеници за одржување на редот во градот и во околијата.
Покрај тоа, се барало, на овој комесар да му се испрати на служба еден жандармериски одред од 25 души и 10 коњаници со командир на одредот. Во истата молба се барало и, во случај српските сили да го заземат Скопје, исто така, да се испрати еден полициски комесар со потребен број службеници и поголема полициска жандармерија, кои на барање на овој штаб ќе се упатат веднаш во Скопје. Следниот ден, странските конзули предводени од рускиот конзул Хартвиг го спречиле повлекувањето на турските сили во Скопје, по што тие се повлекле кон Битола, а градот Скопје и бил предаден на српската војска. Веднаш по преземањето на градот, била воспоставена српска воена привремена администрација.
Административно
уредување
Српската државно-административна власт во Македонија била под Управата на цивилниот комесар на кралската влада при Врховната команда на српската војска, односно инспекторот на нејзиното Полициско одделение Милорад Вуичиќ, кој му бил директно потчинет на началникот на Штабот на Врховната команда, војводата Радомир Путник и индиректно на Владата, односно на ресорните министри. Првите акти на таа управа биле наредби, а власта била воспоставена со Привремената уредба за уредување на власта во новоосвоените земји. Оваа уредба била донесена на 14 декември 1912 година, а во сила останала до воведувањето на новата Уредба за воспоставување на власта на ослободените територии од 18 август 1913 година, што била формално укината со Кралскиот указ од 20 ноември 1913 година, со што било извршено присоединување на Вардарска Македонија кон Кралството Србија. Со тоа се сметало дека Македонија ја добила својата национална управа.
Наведениве акти имале воено-полициски карактер, каков што всушност бил и српскиот режим во Македонија. За одржување на редот биле формирани жандармериски и полициски единици. Според инструкциите, секој окружен началник требало да има еден жандармериски одред од 20 души, а околиските началници одреди од по 30 души. Во почетокот, жандармеријата имала околу 1.000 души, од кои 600 биле од старите краеви на Србија, а 400 од лојалните граѓани од новоосвоените земји.
Полициските сили биле задолжени да одржуваат постојана врска со воените команданти по местата. При недостиг на полициски и на жандармериски сили, окружните и околиските началници имале право да се обратат за помош до воените команданти. Во исто време била извршена и паричната реформа, со што наместо турските биле воведени српски пари. Една турска лира се проценувала на 22,60 златни динари, една четвртина сребрена меџидија на 1 динар, 1 грош на 20 пари и 1 металик на 5 пари. По донесувањето на уредбите и соодветните наредби, била организирана власта. Кандидатите за најодговорните места биле доведувани од Србија, а потоа биле избирани поранешните учители, свештеници и други агенти на српската пропаганда и оние од српските чети кои во Македонија дејствувале до Балканските војни.
Првата привремена административно-територијална структура на новоосвоените територии била изработена на 15 октомври 1912 година. Проектот го подготвиле претседателот на владата Никола Пашиќ, полицискиот комесар Милорад Вуичиќ и други министри. Со овој документ бил согласен и генералот Радомир Путник, односно Врховната команда. Документот не ги опфаќал само освоените, туку и оние територии што биле во план да се освојат. Се предвидувало создавање осум окрузи со 28 околии.
Од овие, три округа со 11 околии се во Косово, еден округ со четири околии во Албанија и четири округа со 13 околии во Македонија. Овој проект во Македонија ги опфаќал: Кумановскиот округ со Кумановската, Прешевската, Кратовската и Кривопаланечката околија; Скопскиот округ со Скопската, Качаничката и со Велешката околија; Тетовскиот округ со Бродската, Гостиварската, Горнополошката (со центар во Кичево), и Долнополошката (Тетово) околија; Дебарскиот округ со Дебарската и со Радомирската околија. Од наведениве две околии (Качаничката и Радомирската) не припаѓаат во етничките граници на Македонија, туку на Косово и на Албанија.
Оваа територијална поделба била соодветна со достигнатата етапа на воените освојувања. Таа граница речиси се поклопува со границата во тајниот анекс на Српско-бугарската спогодба од 13 март 1912 година. Меѓутоа, со воените освојувања растеле и апетитите на српската Врховна команда, па се проширувале и интересите во Македонија. По победата во Битолската битка и со навлегувањето на српската војска во Западна Македонија и во Средното Повардарје, биле создадени два нови округа Битолскиот и Неготинскиот, што подоцна бил преименуван во Кавадарски.
Во почетокот на 1913 година, административно-територијалната структура на српскиот окупациски систем била организирана во шест округа: Кумановски, Скопски, Дебарски, Тетовски, Битолски и Неготински (Кавадарски) и во 23 околии. Во составот на Битолскиот округ влегувала и Леринската околија, што била ослободена од страна на македонските чети, а потоа преземена од српската војска.
Меѓутоа, на 3 јуни 1913 година со спогодбата за одредување на демаркационата линија меѓу српската и грчката војска, што всушност ја претставува идната српско-грчка граница (и денешната јужна граница на Република Македонија), на Грција
и биле предадени 132 села, од кои во Гевгелиската околија осум села, во Леринската 20, во Битолската седум, во Преспанската 38 и во Охридската околија 59 села. Од Леринската околија останале четири села: Бач, Добровени, Долни и Горни Кремен, кои биле приклучени кон Битолската околија, поради што била укината Леринската околија.
Тиквешко
востание
Тиквешкото востание е прв организиран масовен народен вооружен отпор против српската власт којашто ја окупирала Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна. Востанието започнало на 19 јуни, 1913 година, во Тиквешијата и траело седум дена. Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМОРО.
Причини
за
востанието
Востанието е предизвикано од насилствата вршени од српските окупаторски власти врз населението при напорите за асимилација и посрбување. Српските власти упатуваат јавна закана до населението дека секој оној којшто ќе се спротивстави на новата власт ќе биде погубен.
Процесот на асимилација започнува со протерување и апсење на сите дотогашни учители и свештеници, а како замена се доведени учители и попови од Србија. Во црквите и училиштата е воведен српскиот јазик. Теророт на власта се засилува, а со тоа и револтот на населението од ден во ден расте сè повеќе, не само кај првенците, туку и кај обичните жители. На востанието му претходат неколку настани коишто особено го зголемуваат револтот. Имено, едно момче, по има Александар Видов, е убиено само поради тоа што изјавува дека не се чувствува како Србин. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Била убиена и цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца.
Тек
на
востанието
Со поддршка на ВМОРО е свикано собрание со делегати од речиси сите места во Тиквешијата. На собранието едногласно е решено да се крене востание и е создаден востанички штаб, составен од видни војводи од тој крај коишто учествувале и во Илинденското востание, меѓу коишто биле: Дончо Лазаров, Михаил Шкартов, Коце Сеизов, Диме Пинџуров, Тодор Камчев и други. Бројот на востаниците изнесува околу 1.000, од коишто 200 луѓе се обични граѓани коишто земаат пушка в рака, а останатите се комити од четите на ВМОРО.
Востанието започнало на 19 јуни, 1913 година, и покрај Неготино и Кавадарци, ослободени се и педесетина села во областа Тиквеш. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само 7 дена.
Задушување
на
востанието
После седум дена Србите испраќаат голема војска предводена од Василие Трбиќ, како и од Јован Бабунски и Јован Долгачот. На помош на српската војска иде и башибозук на Јаја Ага со 250 вооружени души. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Во востанието загинале околу 1000 тиквешани од коишто на 500-ти
Материјалните загуби на Царството Бугариjа изнесувале една милијарда и 300 милиони франци, на Кралството Србија 590 милиони, на Кралството Грција 467 милионна имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени. 150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор и во реонот околу Криволак - колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата.
Стравотни колежи во Тиквешијата по Тиквешкото востание
Над 1.000 жители
од
Тиквешијата
платија со
живот за
време на
Тиквешкото
востание,
дигнато во
предвечерјето
на Втората
балканска
војна. „Тиквеш
остана гол и
пуст, место
славеи и
косови, по
војната се
слушаа само
утање и
гракање на
чавките“, ќе
забележат
хроничарите
што ќе го
посетат оваа
место по
големите
колежи.
Тиквешкото
востание
било дигнато
на 19 јуни 1913
година. Овој
крвав настан
македонските
историчари
до пред
петнаесетина
години не го
истражуваа,
сметајќи
дека
востанието е
организирано
од Софија со
цел да се
направи бунт
во заднината
на
непријателот.
Тие го
определуваа
како „врховистичка
провокација“,
востание
дигнато во
интерес на
бугарската
кауза, а
цената ја
платил
македонскиот
народ со
многу жртви.
Бугарските
историчари,
пак, според
веќе
познатите
нивни
ставови,
востанието
го
прогласуваат
за бугарско и
го
определуваат
како
вооружен
протест на
македонските
Бугари и
нивен
стремеж за
слобода и
обединување
со Бугарија.
Д-р Зоран
Тодоровски
не се
согласува ни
со едната ни
со другата
оцена. Тој
вели дека
востанието
во
Тиквешијата
претставува
прв и
најмасовен
вооружен
протест на
населението
против
новиот
српски
окупатор
веднаш по
Првата
балканска
војна во
Македонија. „Тиквешкото
востание е
самостојно
дело на
тиквешкото
население,
спонтано
организирано
и раководено
од месните
дејци,
револуционери
и војводи на
Организацијата,
а
потпомогнато
од четите на
ВМОРО“,
пишува
Тодоровски
во својата
книга за
востанието
издадена од
Музеј-Галерија
Кавадарци.
Тој притоа ги
цитира
зборовите на
Пане Поп
Коцев, кој во
своите
спомени вели:
„Тоа мало
востание ние
го
направивме
без никаква
помош од кого
и да било“.
Востанието
било
предизвикано
од
репресивните
мерки што ги
спроведувала
новата
окупаторска
власт во
Македонија
по победата
над Турците.
Меѓу другото,
таа
започнала
насилна
асимилација
врз
населението.
Спроведувајќи
ги наредбите
од Белград,
српскиот
командант на
Кавадарци,
потполковникот
Урошевиќ, ги
свикал
градските
првенци и им
се заканил со
зборовите:
„Вие
сте стари
Срби,
Бугарите ве
асимилираа.
Сега, кога ние
сме веќе тука,
ќе си бидете
повторно
Срби... Ако не
ја исполните
наредбата,
веднаш ќе ве
испотепаме
сите“.
Српската
власт своите
намери
почнала и да
ги остварува
со
воведувањето
на српскиот
јазик во
црквите и со
отстранување
на
архијерејскиот
намесник на
градот.
Учителите и
поповите кои
не ја
прифаќале
србизацијата,
власта ги
отпуштала од
работа и ги
апсела. Така,
револтот од
ден во ден
растел се'
повеќе, не
само кај
првенците на
градот, туку и
кај обичните
жители.
„На ваквиот
револт не
останале
индиферентни
ниту
врховистичките
кругови на
ВМОРО, кои
ставајќи се
на страната
на
бугарската
државна
политика
биле мошне
заинтересирани
за промените
во
Тиквешката
област.
Користејќи
ги
насилничките
окупаторски
мерки на
српската
власт, тие се
обидувале да
му внесат
уверение на
населението
преку своите
емисари дека
српската
власт е
привремена и
дека набргу
ќе дојде до
бугарско ’ослободување’ “,
пишува д-р
Тодоровски,
укажувајќи
на тоа дека и
бугарската
држава и
комитите кои
во тоа време
целосно се
ставиле на
страната на
Софија, биле
заинтересирани
да се дигне
востание во
тој крај.
Во
Тиквешкото
востание
учествувале
и
врховистички
и
санданистички
чети и
војводи.
Предводник
на
санданистите
бил Мишо
Шкатров,
мошне
популарен и
сакан од
народот.
Според д-рТодорски,
околу него се
собрале сите
видни
револуционери
и активисти
во
Тиквешијата,
припадници
на разни
политички
движења и
идејни струи
на ВМОРО.
Највлијателна
била групата
на
централистите
предводени
од Пано
Имирлиев. Во
востанието
се вклучиле и
комунистите
предводени
од првиот
социјалдемократ
во Кавадарци,
Ристо Михов.
Групата
чорбаџии кои
биле
најблиски до
„сарафистите“,
ја предводел
Тасе Бошков,
кој подоцна
станал кмет
на Кавадарци.
Тодоровски
нагласува
дека, и покрај
различните
интереси,
несогласувања
и борбата за
престиж меѓу
овие три
главни групи
во минатото,
врз основа на
авторитетот
на Мишко
Шкартов тие
се обединиле.
Единствено
Шкартов имал
спорови со
месниот
војвода
Дончо
Лазаров, кој
инаку бил
приврзеник
на Тодор
Александров.
Бројот на
востаниците
изнесувал
околу 1.000, од кои
200 луѓе биле
обични
граѓани кои
зеле пушка в
рака, а
другите
комити од
четите на
ВМОРО. Првите
денови
востаниците
постигнале
голем успех.
Кавадарци
било
ослободено
седум дена, од
19 до 26 јуни, кога
на
општинската
зграда се
веело
новоизработеното
тиквешкото
револуционерно
знаме. На 20
јуни било
одржано и
свечено
собрание на
кое била
избрана и
градска
управа од 12
видни
кавадарчани.
Револуционерниот
штаб
очекувал да
им притекне
на помош
Четвртата
бугарската
армија која
се наоѓала од
левата
страна на
Вардар.
Меѓутоа,
помошта неда
стигнала.
Бугарската
армија се
повлекла
поради
новосоздадената
ситуација. Се
повлекле и
четите на
ВМОРО кои се
вклучиле во
борбите по
наредбата
што стасала
од
централата.
Така,
востаниците
останале
сами да се
справат со
српската
војска и
башибозукот
и брзо биле
поразени.
Тогаш
започнал
крвавиот
поход по
тиквешките
села. Василие
Трбиќ,
тогашен
командант на
таканаречениот
„Вардарски
одред“
собрал околу
200 просрпски
ориентирани
доброволци
од Велешка и
Прилепска
околија, а под
негова
команда се
ставиле и
четите на
Јован
Бабунски и
Јован
Долгачот.
Истовремено,
по наредба
српскиот
началник на
Кавадаречкиот
округ, Душан
Николиќ,
потурчениот
Албанец Јаја-ага
вооружил 250
Турци
башибозук и
му се ставил
на
располагање
на Трбиќ.
Навлегувајќи
во
тиквешките
села,
башибозуците
на Јаја-ага
извршиле
невидени
ѕверства,
безмилосно
пресметувајќи
се со
недолжното
население.
Немало место
во кое не биле
извршени
мачења и
ликвидации.
Биле
силувани
многу жени,
пљачкосување
и запалени
многу куќи и
дуќани.
„И покрај
гарантирањето
’во име на
крал Петар‘,
српските
власти во
Кавадарци
уапсиле и
врзале на кол
во центарот
на градот
повеќе од 150
граѓани. По 30
часа
заврзани на
жешкото
тиквешко
сонце, и без
вода, тие биле
одвлечени
надвор од
градот, кај
месноста
Полјаната,
заедно со
уште 50 други
кавадарчани,
односно
вкупно околу
200 души, и
стрелани“,
подвлекува д-р
Тодоровски.
Петар Камчев
кој
учествувал
на трибината
што се
одржала во 1993
година го
пренесува
потресното
сеќавање на д-р
Методи Боцев
за
стрелањето
на неговите
вујковци
Диме и Тодор
Гроздановски.
Кога Јаја-ага
дошол во
Кавадарци
татко му на
Методија Ило
Боцев, заедно
со Ристо
Грозданов се
скриле на
таванот на
куќата на
Грозданови.
Кога еден дел
до четата на
Јаја-ага се
доближила до
куќата, тие
преку
отворот на
ќерамидите
истрелале
неколку
куршуми и
притоа убиле
еден, а
неколкумина
четници
раниле.
Веднаш потоа
слегле од
таванот, а да
не бидат
видени со
оружје
пушките ги
скриле,
едната во
бунарот, а
другата во
каците и
побегнале во
куќата на
Чемерци.
„Насетувајќи
дека ќе се
случи нешто
лошо, бабата
ми Султана,
заедно со
другите жени
од куќата
како и децата
решиле
веднаш да
побегнат и да
се засолнат.
Жените се
скриле во
една турска
куќа во
непосредна
близина на
нашата, денес
истата е
сопственост
на Тодор
Мурџев-Тотката.
Машките деца
немале право
да се кријат
во турска
куќа, па затоа
моите
вујковци,
браќата Диме
и Тодор
Грозданови,
се скриле во
куќата на
Ристо
Грозданов“,
пишува
Камчев.
Единствено
во куќата
останала
прабабата на
Камчев.
Веднаш по
истреланите
куршуми
настанала
голема
паника во
редовите на
Јајата, а
четниците го
опколиле
целото маало
за да ги
пронајдат
извршителите
на убиството.
Кога
четниците
предводени
од Јајата
влегле во
куќата на
Грозданови
таму ја нашле
старицата и
започнале
безмилосно
да ја тепаат и
измачуваат
за да каже
каде се
кријат тие
што пукале
врз нив. „Кога
го видел тоа
мојот помлад
вујко Диме, на
возраст од 17
години, како
безмилосно
ја тепаат
неговата
баба, од
голема жал
излегол од
скривалиштето
и им кажал на
четниците
дека
комитите
побегнале, но
дека видел
каде го
скриле
оружјето, со
што мислел
дека ќе ја
спаси баба си.
Тој ги однел
кон бунарот
каде што била
едната пушка
и кај
оставата
каде што била
скриена
другата, без
да знае дека
таму се скрил
неговиот
постар брат
Тодор, на
возраст од 19
години“,
раскажува
Петар Камчев
за
трагичниот
крај на
своите
вујковци.
Четниците на
Јаја-ага
започнале
физичко да ги
измачуваат
за да кажат
каде се
скриени
комитите кои
пукале. Не им
кажале ништо,
бидејќи и не
знаеле. Потоа
ги однеле со
уште 23
кавадарчани
во месноста
Опитно Поле
на север од
градот, каде
што сите ги
стрелале.
„Кога
вечерта дедо
ми Ило се
враќал дома,
на патот го
пречекал
еден негов
комшија и му
ја соопштил
страшната
вест дека
неговите
двајца
синови Диме и
Тодор на
најѕверски
начин се
стрелани од
страна на
четниците на
Јајата.
Скршен од
болка и од
тага, дедо ми
Ило
Грозданов,
инаку многу
здрав човек,
само за
неколку дена
од преголема
болка и од
мака си
извадил 18
здрави заба.
За да биде
несреќата
поголема,
неговиот
најстар син
Пане, кого за
време на
блокадата на
Јајата во
Кавадарци
само среќата
го спасила од
сигурна смрт,
едната
година по
овие настани
во времето на
Првата
светска
војна бил
регрутиран
во редовите
на српската
војска.
Мојата баба
Султана се
упатила во
неговата
касарна со
молба и со
поголема
сума на
златни лири
кои ги дала со
цел барем
едниот
нејзин син да
се спаси.
Меѓутоа,
наместо
ослободување,
по извесно
време добиле
известување
дека нивниот
син Павле
загинал на
мистериозен
начин. И до
ден денес
неговиот
гроб не се
знае“,
раскажува
Петар Камчев.
Јаја – ага
и српските
четници
убија над 1.000
невини луѓе
Д-р Зоран
Тодоровски
во книгата „Тиквешкото
востание во 1913
година“ ќе
наведе
повеќе
извори кои
приближно ја
потврдуваат
оваа бројка
на жртвите. Во
книгата
Кирил
Прличев за
српскиот
терор во
Македонија,
објавена во 1917
година и
заснована на
податоци на
Извештајот
на
Карнегиевата
комисија за
балканските
војни,
наведува
дека во
Кавадаречка
општина
вкупно биле
убиени 195 души,
а силувани 15
жени. Само во
Кавадарци
биле убиени 25,
а во селата
Ваташа 37,
Бохула 45,
Сирково 26
души итн. Во
Неготинска
општина биле
убиени 331, а 488
куќи биле
изгорени.
Само во
Неготино
биле убиени 117
души, а во
селата
Прждево 37,
Бистренци 39,
Бесвица 28,
Куријата 20
итн.
Поголема е
бројката што
ја
соопштуваат
некои
сведоци и
учесници во
Тиквешкото
востание.
Блажо Видов
тврди дека
вкупно во
Тиквешијата
биле убиени
повеќе од 1.200
души, од кои
во Кавадарци
363, во Неготино 263
и во Ваташа 89.
Во Кавадарци
биле
изгорени над
60 куќи, а во
Неготино
една третина
од вкупниот
број куќи во
градот.
Најмногу
настрадале
селата Мрзен
Ораовец,
Фариш, Глишиќ,
Ваташа,
Марена,
Куријата,
Паликура,
Рибарци,
Манастирец и
Шивец каде
што имало и
најмногу
изгорени
куќи. Според
Васил Сеизов,
вкупно во
Тиквешијата
биле
изгорени
повеќе од
илјада куќи,
околу 500 души,
мажи, жени,
деца и старци
биле убиени,
заклани и
живи
изгорени,
околу 750 куќи
во Неготино
биле
опожарени, а
вкупно во
Неготинска
општина биле
убиени околу
500 души, од кои
само во
градот
Неготино 280
души.
Бугарската
воено-административна
власт во
Македонија
Бугарските воени сили до примирјето на 4 декември 1912 година, ја зазеле и се утврдиле на територијата на Македонија источно од линијата: Царев Врв - Гевгелија-Нигрита-Орфански Залив-Егејско Море. Во оваа област била воспоставена воено-политичка власт на чело со губернатор. Оваа територија окупирана од бугарската војска официјално била наречена Македонска област, што административно била уредена според системот на управата на бугарската држава. Меѓутоа, фактички во оваа област била воспоставена воено-полициска власт и била наречена Македонско воено губернаторство на чело со губернаторот генералот Михаил В'лков и главниот секретар Михаил Зелков.
Воспоставувањето на бугарската воено-административна власт во Македонија започнало веднаш по освојувањето на населените места и реони. На 10 октомври 1912 година, началникот на 7. Рилска дивизија, генерал-мајорот Георги Тодоров, издал специјална наредба со која се утврдувале значењето и улогата на новосоздадените административни органи во новоосвоените области. За таа должност уште истиот месец се испраќале луѓе од старите краеви на Бугарија.
Административно
уредување
Со наредба од 2 декември, а која стапила на сила на 7 декември 1912 година било формирано Македонско воено губернаторство. Тоа веднаш било организирано во четири окрузи: Серскиот, Драмскиот, Штипскиот и Солунскиот, кој од 12 декември 1912 година бил преименуван во Кукушки. Окрузите биле поделени на околии, чии граници се поклопувале со турските кази. Драмскиот округ ги вклучувал Драмската, Кавалската, Правишката, Саршабанската и Рупчоската околија. Серскиот округ ги вклучувал Серската, Зилјаховската, Нигритската, Демирхисарската, Петричката, Мелничката, Горноџумајската, (Благоевградската), Разлошката и Неврокопската (Гоцеделчевската) околија. Солунскиот (Кукушкиот) округ се состоел од Солунската, Лагадинската, Кукушката, Дојранската и Гевгелиската околија, и Штипскиот округ ги вклучувал Штипската, Кочанската, Пехчевската, Радовишката и Струмичката околија.
За окружни управници биле доведувани луѓе од Бугарија или биле поставувани лица кои од порано ја спроведувале бугарската пропаганда. Во почетокот на 1913 година генералот В'лков формирал комисија во состав: д-р Богдан Филов и проф. Атанас Иширков, што ќе ги посети македонските градови и села за да се запознае со културните и со историските знаменитости. Потоа, голем дел од овие мошне значајни експонати од македонската историја се пренесени во Бугарија.
Со оглед на бројните спорни прашања, во февруари 1913 година била формирана мешана бугарско-грчка, а нешто подоцна и бугарско-српска комисија за да се решат особено територијалните прашања. Тие комисии не успеале да се договорат поради стремежите на сите три војски да заземат поголеми делови од Македонија. Во Солун на 24 февруари во 1913 година бил одржан таен состанок меѓу Грција и Србија, на кој била постигната спогодба за поделба на Македонија и за заедничко настапување против Бугарија.
Тоа претставувало крај на нивното лојално однесување кон Бугарија. По тој состанок започнале непријателствата кон Бугарија. Од своја страна, бугарската Врховна команда го започнала предислоцирањето на бугарската војска од Тракија во Македонија. Прво било префрлено Македонско-одринското ополчение од тракиското на македонското боиште со цел да се бори против српската и против грчката војска, против поделбата на Македонија и за нејзино целосно присоединување кон Бугарија, надевајќи се дека од неа ќе ја добие ветената автономија на Македонија.
Грчката
окупациска
власт
Грчката воено-административна власт во Македонија била воспоставувана на истите принципи како бугарската и српската. Правото на силата бил единствениот фактор што одлучувал чија власт ќе се воспостави во кој дел од Македонија. Потчинувајќи ја својата воена стратегија целосно на политичките цели, грчката Врховна команда им наредила на своите вооружени сили што побрзо да влезат во Солун и таму да воспостават своја власт, со оглед на тоа дека Јужна Македонија веќе била окупирана од грчката војска уште во почетокот на војната, односно до првите денови на ноември 1912 година. Грчката воено-административна власт му била потчинета на Главниот штаб на грчката војска, кој се стационирал во Солун. На чело на штабот бил престолонаследникот Константин, кој ја вршел и функцијата врховен управник на окупираната област.
Локалната власт ја претставувале командантите на гарнизонските и на помалите единици стационирани во градовите и во селата. Во Солун постоела фиктивна окружна управа на чело со П. Артиропулос. Таквото уредување на грчката окупаторска власт се задржало до крајот на октомври, а на 31 октомври 1912 година, грчкиот крал Ѓорѓи на предлог на претседателот на владата Елефтериос Венизелос го поставил министерот за правда Константин Рактиван за врховен раководител и управник-гувернер во Македонија, која била заземена од грчката војска.
Истовремено, со специјалниот брод Аркадија, од Пиреја кон Солун била упатена новоформираната грчка управа засилена со десетина конзулски службеници и со 168 критски жандарми на чело со потполковникот А. Момфератон. Солунското пристаниште било ставено под француско знаме и затворено за грчките бродови. Со турските и со другите бродови во солунското пристаниште командувал францускиот конзул. Поради тоа, Рактиван со бродот Аркадија, како и со други бројни бродови, меѓу кои и бродот на кралицата, бил присилен да се укотви во малото пристаниште Елефтерхорион.
Рактиван се обидел на разни начини и по обиколни патишта да влезе во Солун, но откако бил оневозможен, претседателот на владата Венизелос го известил во Солун да влезе со моторен брод под француско знаме. Под француска заштита, на 30 октомври 1912 година Рактиван пристигнал во Солун. Веднаш, со помош на англискиот конзул било овозможено влегувањето на грчките бродови во Солун, односно воспоставување на административниот а | | |